Fast Food ресторани во Македонија

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Отварам тема која ќе служи како генерална дискусија за Fast Food рестораните низ Македонија.


Не живеам последниве пет години Скопје ама секогаш кога се враќам, јадам ептен добро. Последни неколку пати прв избор ми беше Foodio. Ептен по мој мерак им е гирото таму. Овде низ форумов читав добри коментари за Киоск и мора да се проба тоа.

Баш вчера вечер забележав дека кај нас отвориле Subzy кое изгледа како Subway ама па со оглед дека нема опција на Build Your Own, барем според менито, може да се заклучи дека принципот е сосем различен.

Јас како голем фан на Subway, ме интересира дали некој има пробано па да каже збор два за Subzy и дали вреди воопшто.


Истотака видов дека отвориле и популарниот во Турција Usta Donerci.
Кога бев во Истанбул ги видов на многу локации и ми делуваат на доста добар фаст фуд ресторан.
Не успеав да пробам. Друштвото со кои бев фураа филм дека традиционалните биле многу подобри па така цело време јадевме по некои локални кебапчилници.


Кои се вашите омилени?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Urban Burger лично најдобар впечаток ми имаат оставено. Одличен вкус, таман големина споредено со цена итн.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Баш вчера вечер забележав дека кај нас отвориле Subzy кое изгледа како Subway ама па со оглед дека нема опција на Build Your Own, барем според менито, може да се заклучи дека принципот е сосем различен.
Вредат, состојките и лепчето се секогаш свежи а и не се случило да згрешат порачка.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ова е многу до личен вкус и тука нема дискусија... Ние сме група на јадачи на работа и често нарачуваме од разни места...
Не сите имаат испорака, ама се снаоѓаме. Мој личен фаворит е сендвчот од Челик и розбиф од Бравос..
Фудио ми беа исто одлични, нарочито питата со фалафел, ама ете се затвори.
7ца го сменија дури и фамозниот мајонез и веќе се повеќе од тапа... Ројал, сеуште ми се вкусни, се правам како свиња кога ги јадам, изгледа имам погрешен пристап ама имаат сериозен проблем со доставата и од тие причини ги откачив. Киоск, за мој вкус премногу суви. До лани нарачувавме често од Гет ама толку перфидно зголемуваат цени што станаа вулгарни (барем во однос на квалитетот на храната)
Subzy, сосема солидни. Вредно внимание има пекарата „Суд“ :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Топ се subzy, мене дури и subway не ми се свиѓало нешто посебно. Можеш да си правиш сам сендвич, ти даваат ливче и заокружуваш состојки. A ova донерот е добар али доста скап. Како мекдоналдс на донерите кај нас :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.541
Ројал никад не ми биле вау а луѓево си ги фураат иако неколку пати до сега луѓе се имаат затруено кај нив
Фудио добри ама малце траеја, Бејкинг со лепчето што се рони не ги можам, за Гет се согласувам дека летнаа со цените и одамна ги избегнувам ама не спаѓаат во фаст фуд категорија така да не им судам, Киоск моментално ми се нај во однос цена/квалитет


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Фудио ми беа исто одлични, нарочито питата со фалафел, ама ете се затвори.
Ја сега гледам ова. Немам отидено година ипол во Ск, и мислев сеуште работат. :(

Кое друго гиро работи во моментов?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ја сега гледам ова. Немам отидено година ипол во Ск, и мислев сеуште работат. :(

Кое друго гиро работи во моментов?
Па јас имам зимано од тоа мислам се вика Гирадико во Сити мол, онака, не се лоши... Друго добро гиро не знам каде има, може ќесподели некој корисна информација :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Па јас имам зимано од тоа мислам се вика Гирадико во Сити мол, онака, не се лоши... Друго добро гиро не знам каде има, може ќесподели некој корисна информација :)
Нц. Имам јадено во гирадико, не ми се свиѓа баш. Знам дека и кај Беко станицата имаше едно Гиро, не ми текнува на името во тоа пролазот. Јадев кордон блу ептен опасен таму во средношколски денови.
 
T

Torchyrus

Гостин
Гиро има во Тренд Аеродром спроти Капитол, Gyros мислам се вика, два пати имам јадено од мерак за гиро...Не вреди и не го препорачувам, башка што е скапо 160 или 180 мислам беше.
Од овие додека бев почесто во СК, Конец ми беше омилено место.
Киоск ми е океј.
ББ не баш.
Ројал ми беа добри, ама некако ти одјадов.
За пица, Mamma Italiana.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Гиро има во Тренд Аеродром спроти Капитол, Gyros мислам се вика, два пати имам јадено од мерак за гиро...Не вреди и не го препорачувам, башка што е скапо 160 или 180 мислам беше.
Од овие додека бев почесто во СК, Конец ми беше омилено место.
Киоск ми е океј.
ББ не баш.
Ројал ми беа добри, ама некако ти одјадов.
За пица, Mamma Italiana.
Сега кога спомна аеродром и гиро, 2014та имаше одма до Капитол (не ми текнува на името на зградата) под Моцарт кладилница една пицерија правеа роло гиро. Цената мислам околу 150 МКД ама го правеа ептен јако. Одма од карши имаше и лесковачка во зградата секогаш свежа. Пу бе, сум заборавил имиња на локали, ама баш супер беше да работиш во Капитол. За храна се немаше проблем никогаш.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Сега кога спомна аеродром и гиро, 2014та имаше одма до Капитол (не ми текнува на името на зградата) под Моцарт кладилница една пицерија правеа роло гиро. Цената мислам околу 150 МКД ама го правеа ептен јако. Одма од карши имаше и лесковачка во зградата секогаш свежа. Пу бе, сум заборавил имиња на локали, ама баш супер беше да работиш во Капитол. За храна се немаше проблем никогаш.
Eј и тие ги владеам ама одамна не сум јадела од таму... Имаше мислам некое лесно име: Дани, Дени...
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Најчесто јадам донер, во Пласет во Чаир или во еден ресторан на Бит Пазар што не му го знам името (до тие продавниците 21јули или како и да се викаа се наоѓа). Во Пласет малце го уништија, не е тоа што беше, додека второво место е топ, не штедат на ништо.

Гирото сегде е 160-180 и не најадува, цена како во Грција, не се нормални.

Јадам лесковачка исто, позади Капитол се наоѓа местово и истото го има кај Мајчин дом.

На другиве места каде што има бургери лупаат сосеви ептен, а ја по сосови не сум. Додека па ако не им ставиш сос на нивните работи тогаш е ептен суво.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Нц. Имам јадено во гирадико, не ми се свиѓа баш. Знам дека и кај Беко станицата имаше едно Гиро, не ми текнува на името во тоа пролазот. Јадев кордон блу ептен опасен таму во средношколски денови.
Гиробеко.
Иначе за тровањата у ројал, сегде имало тровање по фаст фудовиве кај нас. Прифатлив ризик ти е тоа чим јадеш на вакви места :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom