Far Cry 2

  • Креатор на темата Креатор на темата dr.neo
  • Време на започнување Време на започнување
Може бе.

Need for speed Most Wanted и Need for speed Pro street што имаат заедничко?

Коли и модинг,ништо од приказната,ништо од ликовите,ништо од стазите.

Far Cry и Far Cry 2 се исти што сте во улога на платен убиец,FPS се и двете,и има опасна графика како и кецот.
Веќе ако се фаќаме за ситници,има логика :)

Ама NFS претставува серијал за ИГРИ СО КОЛИ, и првите 2 продолженија се ептен слични, со плус некоја количка, графика нешо... А тука, врска си нема. Види Crysis што убаво (колку-толку) е опраено, од далеку се знае дека е друг дел на CRYSIS.

NFS и по графика, и по колите, начинот на возење, тјунирање.... се е слично со некој од претходните делови.

Наредната Far Cry 3 може ќе биде првенство во хокеј, што ги знаеш :):):)
 
Може бе.

Need for speed Most Wanted и Need for speed Pro street што имаат заедничко?

Коли и модинг,ништо од приказната,ништо од ликовите,ништо од стазите.

За Про стреет беше највено дека е ќе има менување!!! Изгубија многу токму пак се враќааt!!!
Need for Speed Undercover

А за Far Cry 2 морам да кажам дека оганот е нешто невидено до сега, многу реален, а интересно е тоа што можеш да ја запалиш тревата, буквално можеш да направиш пожар дали ќе врлиш бомба, молотов или слично се пали трева, дрва, куќи..... и се шири многуууууууу брзо :)
 
Oганот толку го форсираа у играва, а врска си нема. Искрено, не лични тоа нешто многу на оган, во Crysis оганот е феноменален, а не тука.

A, да... со Shotgun неможеш да распарчиш пластична столица :)
 
Ја играв сега едно пола саат. Први импресии...

+ За графиката и енџинот... доста добри, ке може и да се твикува (барем така викат на нет). Доста добро е оптимизирана играта во тој сегмент.
+ За светот. Доста голем, возењето низ пустини и шуми мене не ми претставува проблем. Има доста интересно работи да се видат.
+ За физиката. Дрвја се рушат, летат работи на сите страни...
+ За имерсивноста. Доста ме вовлече играта, иако само пола саат ја имам играно, чувствувам дека ке ја играм доста време.

- За механиката на играта. Пукањето е катастрофа, треба да се посераш од пукање да убиеш некој непријател. Добро е имплементиран оган-ефектот, може доста работи да се запалат.
- Бидејки има заштита. Мислам дека користе SecuROM и може само 5 активации на 3 различни компјутери (потврдете го ова).

Подетален ревју можеби во иднина.
 
Приметувам дека најголем број од луѓето играат на пиратски копии. Ај ќе бидам наивен за кратко и ќе прашам : некој да не знае кога стига оригиналот кај нас и дали има друго место да се купи освен Југотон?
 
Знае некој зашто играва се вика Farcry 2?

Ни е продолжение, ни има нешто слично барем со Farcry 2. Незнам зашто не ја крстиле Need For Speed

Што велиш за Need for Speed: The Quest for a Cure? :smir:

Ја спуштив пред 3 дена, само 20% oд првиот АКТ имам извадено..
Импресии:

Околината е одлична.
Амбиентот речи е реален.
Вегетацијата исто.
Непријателите не се нај нај. Мотивот со колите е тапа, мислам на она кога ти идат типци во џип, на 10 метра од тебе до даске го јачаат моторот.
Физика супер е. Само се чудам зошто некои предмети влагаат као во Infinitive loop, после некоја експлозија...
Интересни мисии. Лесни.
Поентата со маларијата, ем ја отежнува играта, ем не им е добро смислена. Секогаш кога ќе умреш за апче (лол) те враќа во Pala, првиот град, без разлика што си умрел среде пустина.
Day-Night играње, немам коментар. Претежно играм на утро. Прекрасно изгрева сонцето.
Палењето цели савани е одлично смислено. :vozbud:

Заразна е. Ќе ми треба долго време доек ја претерам. :]
 
Знае некој која е минималната потребна конфигурација за играва ?
и дајте торент/линк бе, не бидете себични :nesum:
 
Имаш конфигурација на 2 страна од темава.

Пред да поставувате прашања/барања,пролистајте ја темата.
Сите вакви офтопици ќе бидат бришени
 
Играва е лудници. Можело некои работи подобро ама начинот на кој е направена дозволува самиот играч да си создава ептен филмска акција. :vozbud::vozbud:
 
ненормално добра е. додека не ја свртев само X глеав пред мене
 
момци ако може серискиот код за играва, пошо неможам да ја пуШтам ми бара ulock code
 
Само што ја данлоудирав и исталирав..спрема првите проценки.. или не ме бива во пукањето или ...ама ајде не е важно..најважно од се ја имам потребната конфигурација..па да видиме која забава ја нуди..
 
Пред 2 дена ја почнав, сега сум 50%. Играва ко игра не е лоша, ама тоа што треба ептен да се возиш ме убива, завршуваш мисија тука, па на другиот крај треба да патуваш, среќа има автобуски станици, ама и тие некогаш не помагаат. Не знам кој им е филмот, ама секогаш кога ке добиваш задача од локација А (пример), локацијата Б (истотака пример) е на другиот крај на мапата. Се уморив од возење и од пешачење за џабе. Иначе снајперот рулз, и за блокадите и за сите.

P.S. Овие другариве од првиот акт, мора да умрат или како е работава? Дека кога требаше да одберам јас одберив да одам кај барот на Мајк, а не вцрква, ама сепак ги убија сите. Дали некој друг кој е во вториот акт, овие другарите од првиот му се живи, и како? Дека нејќам албанецот да го убијат :)
 
Све умира :)

Биди добар дај ми го сејвот, да продолжам и јас од таму, бев до кај 70-80% и при формат го заборавив сејвот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom