Fantasy Premier League 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене Митома, последните сезони премногу е паднат.

Размисли си и за Исак прилично добар шпиц.

Што повеќе го гледам Челси, толку сум поубеден дека Палмер нема да ги има бројките од лани. Ај што игра нешто поназад, ем делува дека Челси ке си рапредели головите сезонава, имаат милион навални играчи, Нето, Санчо, Феликс, Џексон, Нкунку, Палмер, Мадуеке итн.

Ја го имам Палмер, ама 100% ке го сменам за Исак или Воткинс. Кај Воткинс дилемата ми е што сеуште не е во фул фитнес, и Дуран се наметна како добра опција, и ми делува дека Емери ке го вади околу 60-70-та минута, да го држи одморен, зашто играат и ЛШ. Од друга страна, Исак нема со кого да дели минути, и Њукасл не игра ЛШ. Затоа би му дал мала предност на вториот.
 
Го немам Палмер ги потрошив парите на Фоден не ми се менува ќе почне да игра у за брзо.
Инаку и да ги нема головите ко лани Палмер пак ке има асистенции што носат поени.
 
Колово се надминав себеси, волку не памтам да ми се посреќило досега. Од старт комбинацијата на Арсенал Раја-Габриел-Сака многу поени ми има донесено, ја препорачувам. И секако Халанд капитен (први две кола играв без него во тим, после видов не ја бива искористив Wildcard и го ставив, дали ќе се испостави како грешка останува да видиме).

1726444330692.png
1726444287007.png
 
Која мизерија колово, а и општо стартот на сезонава. 40 поени имам од викендот од кои 26 од Халанд капитен, а него го зедов баш пред ова коло :pos:.
 
Направив трансфери за следно коло и заборавив да активирам вајлд карта. Ако ја активирам сега минусот поени за трансфери веќе ќе се сметат или се поништува?
 
Направив трансфери за следно коло и заборавив да активирам вајлд карта. Ако ја активирам сега минусот поени за трансфери веќе ќе се сметат или се поништува?
Минусот ќр ти се смета, а истата ќр ти се брои како искористена за следно коло

се што правиш после deadline на колото се брои за следно коло
 
Направив трансфери за следно коло и заборавив да активирам вајлд карта. Ако ја активирам сега минусот поени за трансфери веќе ќе се сметат или се поништува?

Мислам дека го пробав еднаш ова и минусот си остана.
Не ја троши освен ако не треба поголема интервенција, па да одбегнеш поголем минус
 
Јас искористив Вајлдкард пред 3 кола, сега ке идам минус 20, затоа што пак не сум задоволен со тимот.
 
Вакви кола сакам, кога скоро од цел тим ќе има по некој return

Е сега што Халанд ќе даде 4 гола и сите просечни тимови што го имаат капитен ќе имаат повеќе поени од мене е друг муабет :(

1727017183464.png
 
Добро коло, се зезнав само со ЕСР на клупа, ги преценив некако Њукасл и го потценив ЕСР. Добар потег ми беше Диаз капитен, а среќа имав многу што отидов со комбото Раја-Габриел-Сака-Халанд и оваков натпревар беше единтвено сценарио кај што сите 4 носат поени, грам логика нема така да се игра, ама вроди со плод.

1727042538696.png
1727042560677.png
1727042579699.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom