Морам да признаам дека (исто како и повеќето од вас), почнав да го следам ЖРК Вардар по одврзувањето на „големото кесе“ и купувањето на овие првокласни играчи. Имав впечаток дека овие ќе се вивнат до врвот многу побрзо и од Кометал. И искрено, ја немав гледано Лекиќ пред да дојде во Вардар. Ама нели, дојде како актуелен најдобар играч на светот во женскиот ракомет. Од тој најдобар играч, откако го следам Вардар - не видов ништо што отскокнува од останатите ракометарки во тимот. Ништо од типот на Меси во Барса, Роналдо во Реал или па Кастратовиќ во Кометал на времето. Не сакам да и го деградирам трудот, ама ми се чини дека никако не може да и „тргне“. Само јас го имам впечатоков, или и кај вас е истиот?