Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
@Ilumious што велат вестите вечерва од болница? Какви и се шансите?
критично е уште за жал али во најдобрите раце е моментално. Лоши се нагмечувањата на белите дробови. Да не беше спортистка и со силна градба сега ќе беше веќе испратена.
 
ЈАН ПИТЛИК ГО ЗАСИЛУВА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ЖРК ВАРДАР

Познатиот тренер, и поранешен селектор на Данска, Јан Питлик (49) во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на македонскиот женски првак ЖРК Вардар.

Според договорот за соработка, Питлик ќе помогне во подготовка на екипата за настапот во Лигата на шампионите, со оглед на големото искуство што го има од водењето на репрезентацијата на Данска.

Индира Кастратовиќ останува прв тренер на екипата, а со доаѓањето на Питлик, стручниот штаб на ЖРК Вардар ќе се зголеми за уште еден квалитетен и признат светски стручњак.

http://zrkvardar.com.mk/mk/news/vardar/1308-2015-02-11-19-35-56


Касандра втор дел :pos::pos:
 
Јас мислам дека го ставаат како консултант за да видат што ќе придонесе па ако видат големи промени, тогаш се големи и шансите да стане тренер а индира консултант или пак да си оди... не гледам друга причина, зошто толку би форсирале со Индира? Иако далеку е од лош тренер, но нема доволно искуство, како на пример Питлик...
 
Ке видиме колку ке издржит баткава,знам само дека Данската федерација небеше задоволна од неговата работа и не му го продолжија договорот.
Балкански ракометарки а скандинавски тренер невозможна комбинација.
 
Абе за овие вашите само овај дечко е лекот..
Евгениј Трефилов...:zver:
Ќе заборават и ФБ,Инстаграм селфиа,и триста:kuracc:..
П.С.
Издржи Робертина...:cuc:
 
Абе за овие вашите само овај дечко е лекот..
Евгениј Трефилов...:zver:
Ќе заборават и ФБ,Инстаграм селфиа,и триста:kuracc:..
П.С.
Издржи Робертина...:cuc:

Вака реагира на 25:21 со Хрватска на 5 минути до крај, како ли реагира кога губи :shook:
 
Вака реагира на 25:21 со Хрватска на 5 минути до крај, како ли реагира кога губи :shook:

Знаеше и да удри. А влечењето како партал на клупа и по терен му беше нормална ствар. Барем во 90те тоа беше нормално во женски ракомет.
 
Ова со данскиве советници/тренери веќе станува несериозно. Не дека разбивањето на Крим е мерило колку Индира може да ги однесе барем до Ф4, ама кога за 35-40 дена се носат двајца советници/тренери, а секој од нив пробува да внесе нешто ново и свое во играта и да шефува тогаш почнува циркузот. Само викендов во Русија да не се повтори она што беше во Лајпциг. После џабе ќе биде кој е крив кој не е, кој бил шеф кој советник.
 
Ако се повтори циркусот од Лајпциг не Питлик и десет други консултанти да донесат неправиме ништо. Колсунтант се носи на почеток на сезона а не на средина и не кога фатија каков таков ритам против Крим и сега ако Питлик воврдува новитети нема да видиме Ф4 и додека Нацева е на чело на Вардар за Индира нема зима можи мирно да сипе.
И за крај:
Издржи РОБЕРТИНА со тебе сме ....:cuc::cuc::cuc:
 
одличен потег со носењето наискусен стратег мора да си иде инди доста е со она" ајмо девојке малце ширије у нападу и дај згусните одбрану нам улазе на 6 метра" со тоа и јас може комотно да ја заменам си достигна таа врв у кариера во кометал и доста и беше нема потреба од вакви авантури ама очигледно најдоа добар извор и му се навртеа сите легенди во женскиот ракомет и очекувам смена во најскоро време а најверојатно на крај на сезона мора ред и дисциплина а не да се игра со пари
 
Настрана тоа што збори Индира за време на тајм аут.
Најбитни се подготовките, тренинзите, што се работи таму и како тренерот ќе ја спреми екипата.
Тајм аут е битна работа, што ќе се каже, како да се одигра и слично, ама ако тоа не е претходно добро работено, воиграно се е џабе.
Еве ќе го земам пример Червар.
Сте слушнале ли што тој збори на тајм аут. Јас барем ретко го имам слушнато тој да каже некој акција, најчесто им се дере им кажува дека треба дисциплина, мирно, концентрација поголема, како демек куќа се гради од темел и такви работи воглавно.
Сеа со данецот кој знае како ќе функционират работите. Тој гарант си има други замисли и друг начин на работа, Индира друг.
Подобро ќе беше да не носат консултант, нека ја остаат Индира што знае нека прави.
Убеден сум дека ова и се последните месеци во Вардар, се знаат очекувањата или трофеј или барем пласман во финалето.
Сум да се смени Индира ама од се срце и посакувам да освои ЛШ и да не разубеди поголемиот број на фанови дека има квалитет за такво нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom