Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Многу зицери и катастрофална одбрана.
Незнам кој дали Индира или Расмусен кој беше паметниот да играат дури на моменти со два фластери, прво со еден па со два. Тука загубија. Требаше 6-0 одбрана како што и почнаа. Ни дадоа два гола од 9м и одма паника...ставај фластери...:facepalm: Смешно изгледаше, мн аматерски.
 
Расмусен е нов, а сигурно немал да дојде ако еден тренер како Индира му шерифува, така да паѓаат у вода муабетите дека не требало одма да се прави главен.
 
На цел тим освен на Лекиќ,Суслина и Кликовац да им се замрзант платите до крај на сезона и Јованка под хитно на клупа до крај на сезона оти ова беше трагикомедија зицери,изгубени топки,додавања во прзно, погодиго голманот итн.
Акција за пикер немаме а и нема да имаме кога покерот неможи дасе избори за позиција а камоли да направи блок за бековите и поради тоа Лекиќ е принудена да солира.
Многу пари а музика јок.
 
Леле кој очобол се и Будучност - Динамо :facepalm: 1 милијарда зицери (одбрани на голманите на двете страни)
 
Расмусен е нов, а сигурно немал да дојде ако еден тренер како Индира му шерифува, така да паѓаат у вода муабетите дека не требало одма да се прави главен.

Извини кој е Расмусен и каков клуб напуштил да дојде во Вардар, па да не му шерифува Индира??
 
Треба да се одбере еден тренер сеедно кој и да се подржи вака нема да ја биде. Мене ми стои ко девојките намерно да го бојкотираат Расмусен зашто со Идни си го имаат на другарска база а овој ги тера да си одработат професионално.
 
Извини кој е Расмусен и каков клуб напуштил да дојде во Вардар, па да не му шерифува Индира??

Тренер на Полска веќе едно 4-5 години мислам и особено почитуван во ракометниот свет поради модерната, брза и особено дисциплинирана игра која ја негува. По неговото преземање на Полска конечно екипата го исполнува потенцијалот и после неколку првенства се квалификува за на Светско исфрлувајќи ја Шведска. На Светското земаа 4 место. Точно дека нема некој поголем клупски успех, али како тренер има каде каде поголемо реноме од Индира. Сигурно не ги одбил Баја Маре, за некој кој претходно има тренирано само деца, да му шерифува. Ете гледаме до каде се оди со другарскиот, недисциплиниран пристап, џабе парите се фрлаат.
 
Тренер на Полска веќе едно 4-5 години мислам и особено почитуван во ракометниот свет поради модерната, брза и особено дисциплинирана игра која ја негува. По неговото преземање на Полска конечно екипата го исполнува потенцијалот и после неколку првенства се квалификува за на Светско исфрлувајќи ја Шведска. На Светското земаа 4 место. Точно дека нема некој поголем клупски успех, али како тренер има каде каде поголемо реноме од Индира. Сигурно не ги одбил Баја Маре, за некој кој претходно има тренирано само деца, да му шерифува. Ете гледаме до каде се оди со другарскиот, недисциплиниран пристап, џабе парите се фрлаат.

Прво кај пишува дека е почитуван во ракометниот свет може некој линк нешто да ми дадеш?

Верувај дека и Индира е доста почитувана во ракометниот свет зборуваш свет па ете како играч во светот, за тренер еве прочитај подоле...

Индира минтатата година со тој другарски пристап успеа да направи КЛУБСКИ УСПЕХ со екипа која прв пат учествува во ЛШ и да, освои трето место. 12 нови карактери 12нови стилови да се сплотат во еден, после неколку месеци тренинзи успеа да го прегазат Ларвик во сред Норвешка, да те информирам Ларвик е воиграна екипа бидејќи е составена од претежно норвешки репрезентативки повторувам норвешки репрезентативки кои со години се на врвот. Кога некој ќе успее во неколку месеци тоа да го направи тогаш збори ми за успех.

Ако тоа што Полска стигна до 4то место пред две години со веќе зрели и воиграни играч со мала доза на среќа и одма после една година на европско 11 место не знам каков успех е тоа... за една година паднала формата а? Мене Полска ме потсеќа на репрезентацијата на Македонија кога има генерација што искористиш искористиш после пак си на дно кој сакаш тренер донеси го ако не се создаваат играчи т.е ако коренот е расипан во сферата на ракомет во една држава џабе ти е се друго.

Јас верувам во Индира и верувам во нејзиниот стил.
 
Последно уредено:
Се спрдаваат Будуќност, знаат дека се фаворити. Да видат нешто препрека одма ќе убацат во четврта. Неагу сама ги добива вакви екипи како Динамо.
 
Индира со другарскиот пристап и слободата која им ја дава на ракометарки никад нема да стана квалитетен тренер...
 
Штета што Лајпциг е послаб и од Динамо, а ние не можеме да се споиме против такви екипи на гости, место со овој тим рутински да ги добиваме. Од Ѓер очекував кикс со оглед на многуте повреди кои ги има, а и Ларвик е многу подобар од "моќниот" лани.

@Ракометно дете пријател, не може да се дискутира со ваков став. Значи Расмусен е доста почитуван исто како што и Раул Гонзалез е почитуван. Тренери, играчи кои ги тренирал, фанови. Иако Питлик доби за тренер на Светското, Расмусен беше гледан како победник од страна на фановите ради изненадувањето со Полска. Впрочем, и нема Баја Маре на тие пари да му понуди место ако не бил ценет. Може ќе се покаже како лошо решение, ама сега за сега, пореномиран е од Индира. Линкови да ти барам, не мислам, слободно остани си на твојот став, јас и онака не планиам да ти го менувам.

Не знам Индира колку е почитувана како тренер, но пред да биде тренер на Вардар беше нула во тој поглед. Според мене нема никаков успех остварено со тимов, затоа што трето место беше реално за волку скап, но неуигран тим, кога ќе се земе во предвид и конкуренцијата која постоеше лани. Да беше граден со години, второ минимум ќе беше реалност. Немој да ми кажуваш каков бил Ларвик лани, затоа што ја играв двојка кога игравме со нив според анализи. Ларвик годинава е каде каде подобар тим со Сандра Тофт, Солберг, Војтас, Фрафјорд. Не за џабе направија толку трансфери. Плус кога игравме ние и Легангер им беше повредена, а Рантала не беше ни 30 посто од големината на Легангер. Ларвик имаше само една победа во 6 натпревари во втора фаза и сеа ти ми кажуваш колкав голем успех била победата против Ларвик. Гледам Индира што прави со тоа што веќе долго време не може да воведе дисциплина во тимот. За тоа е крив само тренерот, а не сеа да плукаме по Јока, Тата и компанија, а тренерот да го величиме.

Какви зрели и воиграни играчи имала Полска бе, сериозен ли си? Полска години и години се немаше квалификувано на некое првенство и беше изненадување и самото тоа што ја исфрли Шведска во баражот иако Шведска толку се надеваше на Светското. Со тоа што ги пројде Романија и Франција и стигна до 4то место беше убедливо најголемото изненадување затоа што повеќето од репрезентативките беа млади и потекнуваа од полското првенство кое е никакво. Е сега Европско е потешко од Светско во секој случај затоа што не можеш да си дозволиш лош натпревар. Имаа и некои повреди, а и тешка група со домаќинот Унгарија и Шпанија.
 
Познат ви е од негде дечкото на Агиљар од Ѓер? :pipi:

400.jpg


Најискрено срамота ќе е Ѓер со 2 трудни ракометарки од кои најдобрата голманка во светот и топ 5 плејот во историјата на спортот, Дуда во аут до крај од сезона и Орбан со слична судбина да има подобар пласман од нас на крај.
 
Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар и Ким Расмусен спогодбено го раскина договорот за соработка.

:lolzz:

После се чудите зошто Скандинавци не сакаат да дојдат тука. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom