Штета што Лајпциг е послаб и од Динамо, а ние не можеме да се споиме против такви екипи на гости, место со овој тим рутински да ги добиваме. Од Ѓер очекував кикс со оглед на многуте повреди кои ги има, а и Ларвик е многу подобар од "моќниот" лани.
@Ракометно дете пријател, не може да се дискутира со ваков став. Значи Расмусен е доста почитуван исто како што и Раул Гонзалез е почитуван. Тренери, играчи кои ги тренирал, фанови. Иако Питлик доби за тренер на Светското, Расмусен беше гледан како победник од страна на фановите ради изненадувањето со Полска. Впрочем, и нема Баја Маре на тие пари да му понуди место ако не бил ценет. Може ќе се покаже како лошо решение, ама сега за сега, пореномиран е од Индира. Линкови да ти барам, не мислам, слободно остани си на твојот став, јас и онака не планиам да ти го менувам.
Не знам Индира колку е почитувана како тренер, но пред да биде тренер на Вардар беше нула во тој поглед. Според мене нема никаков успех остварено со тимов, затоа што трето место беше реално за волку скап, но неуигран тим, кога ќе се земе во предвид и конкуренцијата која постоеше лани. Да беше граден со години, второ минимум ќе беше реалност. Немој да ми кажуваш каков бил Ларвик лани, затоа што ја играв двојка кога игравме со нив според анализи. Ларвик годинава е каде каде подобар тим со Сандра Тофт, Солберг, Војтас, Фрафјорд. Не за џабе направија толку трансфери. Плус кога игравме ние и Легангер им беше повредена, а Рантала не беше ни 30 посто од големината на Легангер. Ларвик имаше само една победа во 6 натпревари во втора фаза и сеа ти ми кажуваш колкав голем успех била победата против Ларвик. Гледам Индира што прави со тоа што веќе долго време не може да воведе дисциплина во тимот. За тоа е крив само тренерот, а не сеа да плукаме по Јока, Тата и компанија, а тренерот да го величиме.
Какви зрели и воиграни играчи имала Полска бе, сериозен ли си? Полска години и години се немаше квалификувано на некое првенство и беше изненадување и самото тоа што ја исфрли Шведска во баражот иако Шведска толку се надеваше на Светското. Со тоа што ги пројде Романија и Франција и стигна до 4то место беше убедливо најголемото изненадување затоа што повеќето од репрезентативките беа млади и потекнуваа од полското првенство кое е никакво. Е сега Европско е потешко од Светско во секој случај затоа што не можеш да си дозволиш лош натпревар. Имаа и некои повреди, а и тешка група со домаќинот Унгарија и Шпанија.