Не се криви девојките кога немаат утакмици зад себе оваа година, криви се тие цреповите во управа што се откажаа од Регионалната лига.Изгледа си викаат абе што ќе се замараме со ваква лига башка и скапо е да патуваме, а ми носат некои стручњаци кои ќе кркаат плата поголема од Индира.
Епа сигурно неможеш да одржуваш форма со Пелистер и Ѓорче

Еве ги Црногорциве си тераат со два тима и после се чудиме зошто имале успеси на ЕП и Светско.
Требаше барем вториот тим да го пријават
Па уште па оној копукон го ставиле одма да дели совети на тајмаут.Не ги оспорувам неговите квалитети или маани воопшто, но неможе одма да шерифува на клупата.Ако има во глава некакви акции а и знаење неможе да ги практикува одма веднаш на првата утакмица и тоа во ЛШ
Ја испретури цела постава.Еднаш Алтхаус во напад па на клупа, па нареден напад Мечевска.Барби со голем распон на движење и вкрстувања со Леки, па од десен идеше на лев и тука ја губевме топката.
Кликовац на клупа цело време дреме а не бушат по таа лева страна каде што треба да покрива она.Николиќ преголема минутажа итн итн...
Значи како го упропастија тимов со 2-3 нерезонски потези тоа е чудо нешто.Мора да летаат казни или да им се удрат клоците на некои играчи.
Каде е Хмирова??Нели е опоравена веќе од повредата, или побитно е да гледаме како се слика во костимот на маскотата
Сега ќе играме со Крим.Нека ја покријат Бајрамовска ебате гледаат и сами дека по 6-7 гола во просек дава по утакмица.Башка таму е Клики нека ја грабне убаво да ја чува.
Имаат брзи крила, мора исто враќање назад одма за да не примаме ефтини голови.
И најважно дома играме

Нека стават разумни цени нека се наполни салата и да урлаат сите.Све освен победа нареден викенд би било погубно за нас.