Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Абе стварно уште мислите дека лезбејките ќе се лижат пред цела екипа?!
 
Похетеро женска од Јока нема да најдеш ако идеме на тој муабет :) блиски се тие одамна, не мора да значи ако се бфф дека се пар :)
да не има и она дете? :D ко еден шо пишал дека нема шанси Саидова да е таква зашто имала дете...
јас ради таа блискост фрлив на нив сомнеж :)
 
колку за инфо скоро 27 иам, муабетот е дека нема да пропеам од каде излегол муабетот, сакате верувајте сакјате не јас нема да се убедувам...
иначе вториот пар според моја проценка е Јока и Лекиќ :X3: некако делуваат ептен блиски :) а за третиот стварно мене не ми иде на ум кој би биле :icon_mrgr:
Тешки муабети, ете како се станува геј во Македонија, многу блиски биле :icon_mrgr:
 
Добра е Ѓокиќ, мало, пргаво за разлика од стапот Бегоња, време и е и на таа да си се пензионира.
 
Добра е Ѓокиќ, мало, пргаво за разлика од стапот Бегоња, време и е и на таа да си се пензионира.

Веќе ја замислувам Бегоња како се одбива од Драгана Цвијич како од балон :pos: Ке има тешка задача Бего.:)
 
ЖРК Металург-ЖРК Вардар СЦБТ 25-31 (11-15)

Релативно лесна победа.Цело време бранеше Саидова која имаше сигурно преку 12-13 интервенции.
На трибини одмараа Лејно и Зебиќ.
Во прво полувреме Леќик го предводеше тимот за во второ да настапи на сцена верувале или не ШТЕРИОВА :D
Роденден и е, а сигурен сум дека на трибини беше и маестро Магдинчев па за инат се разигра.Добри 5-6 проектили од нејзина страна и исто толку асистенции.Нека гледа Магдинчев кој зима во репрезентација :facepalm:
Кај Металург најефикасна беше мислам Бајрамовска со нејзините полжав спори удари од 9 метри.
А тука некаде е и Ливриниќ само што она ги шутираше сите пенали.
Кои крила ги земал за репрезентација од Металург неможам да поверувам :facepalm:
Па уште и оваа романкава да сме ја земале Иаломитенау, сиротата една топка не фати во прво полувреме.

Трибината скоро исполнета можам да кажам дека повеќето беа за Вардар.
На трибини горе главен Жарко(демонот) само нешто се дереше и со судиите се расраваше.Неможам да поверувам дека и на жени го практикуваат ова :facepalm:
 


Цвијиќ: „Вардар е фаворит против Будуќност“

„Искрено не очекував дека 2 кола пред крајот ќе обезбедиме пласман на фајнал фор турнирот, со оглед дека игравме во групата на смртта.Исто така се очекуваше дека Вардар ќе биде прв во својата група, бидејќи покрај Ѓер е најдобрата екипа оваа сезона во Лигата на шампионките.Она што може на нас да ни биде предност е тоа што добро се познаваме, игравме веќе со нив оваа сезона во регионалната лига, така да и овој дуел ќе биде многу интересен. Вардар е фаворит во тоа нема дилема. Имаат многу добри ракометарки кои освоиле многу трофеи , голема ротација, но на тој еден и единствен натпревар се е можно. На вакви натпревари сите го даваат својот максимум, за вакви натпревари се живее, но едноставно мораме да бидеме максимално внимателни бидејќи една топка може да го одлучи победникот. Наша предност во однос на Вардар е играта во одбрана и мислам дека во тој сегмнет од играта сме најдобри во Европа. Секако дека не сме без шанса, веруваме во нашиот квалитет и ќе направиме се да одиграме на највисоко ниво на најважниот натпревар. Немаме што да изгубиме во Будимпешта, можеме само да добиеме“ - изјави пикерот на Будуќност Драга Цвијиќ
 
е у пм на работа морав да бидам иначе за 5 мин со кола ќе бев а баш сакав да идам :@ @jyvation фала за репортов :)
 
Eте колку разбирам ракомет. Му викам на цимерот оваа Фернандез со 1,83-1,84 каков одраз треба да има и каков шут со таа градба, а се на пикер оди, коа ќе видам на ЕП 2008 била избрана за најдобар пикер. :D Заеби тоа, каква жена еј :D
 
Будуќност водичка ни пуштаат, ни префрлаат притисок, фаворити, ѕвезди ова она, деца :D
Ова ти се стандард „селски“ фори пред големи утакмици, поизлижани од гуми после пајкански со точак :) сеа очекувам Инди да се јави со нешто да ублажи а на терен Кликовац да и го каже вицов на оваа :)
 
Многу е тиња што во сред недела се играат утакмициве и се во бош период. Бар во 6-7 да се играат. А гледам и следната у регионална лига што играат ја одложиле за средина на април а требаше сега во сабота да играат. Штета, баш ми се гледаше некоја утакмица
 
ЖРК Металург – ЖРК Вардар СЦБТ 25:31 (11:15)

ЖРК Металург: Иаломитеану, Антиќ, Мечевска 4, Гроздановска 4, Ѓорѓиевска 2, Бајрамоска 8, Белеска, Јовановска 1, Младеновска, Стојковска, Николовска, Ливриниќ 3, Саздовска 1, Величковска, Ристевска, Митрова 2.

ЖРК Вардар СЦБТ: Саидова, Суслина, Костјукова 1, Радичевиќ 2, Џокиќ 2, Пино 1, Штериова 6, Николиќ, Дембеле 3, Фернандез 3, Кликовац 2, Црвенкоска 3, Хмирова 3, Лекиќ 4, Лојпур 1, Дмитровиќ.

Седмерци: ЖРК Вардар СЦБТ 2/2 ; ЖРК Металург 4/6

Исклучувања: ЖРК Вардар СЦБТ 8 минути ; ЖРК Металург 6 минути

и пак штериова нека не ја вика во репрезентација селекторот .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom