Ау каков успех постигнаа девојките!!!
Секоја чест ... секој кој некогаш се бавел со спорт знае дека за една сезона е речиси невозможно да се постигне ваков успех.
Радоста кај Индира и Суслина на интервјуто после мечот кажува се. Јас искрено мислам дека Инди и кога ја освои ЛШ со Кометал не покажа толку емоции колку што покажа вечерва.
Јасно е оваа екипа има и мани. Николиќ реално не е за во Вардар и не ги заслужува минутите кои ги добива, Дембеле е класа за Зебиќ и мора да игра многу повеќе, немаме прав десен бек па се покрива со Хмирова која од многубројните ротации, те десно, те лево, на последните неколку меча игра далеку послабо, Јока е варијабилна со формата во последно време, Фернандез е слаба во напад. Исто така Инди понекогаш прави наивни грешки ... итн, итн.
Но сепак девојките играат со срце и предводени од Лекиќ која е мотор на оваа екипа и која кога не оди буквално сама ги влече конците успеаја да се пласираат на final-four турнирот и да постигнат извонреден успех.
Па уште ако играме со Будуќност имаме реални шанси и за финале.
Јас лично сум презадоволен од тоа што Вардар успеа да го постигне сезонава и дури (недај боже) да доживее дебакл во Будимпешта (не дека нема да се нервирам и урлам*) ќе останам на истиот став.
*не е до мене, таков ни е менталитетот 