Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
во следната фаза да се падниме со Савехоф ,Тирингер и Будуќност би било добро,но мислам дека можи да се носиме и со Митјиланд и Ѓер
 
Еве ви го Гунар Пропок да видите што направи пред 2 години при контра на противничките во кој ќе постигнеа сигурен гол и победа, а овој ја грабна ракометарката и ја спречи во својот обид да постигне гол.
Затоа сега го пратија дома да се се олади и ене го чува внуци :D
 
Индира е величина, но ако мене ме прашате да ви одговорам кој ме потсеќа највеќе на неа, по одреден квалитет и лидерство, ќе речам Јованка Радичевиќ.
Вистински борец, вистински мотиватор и мотор на тимот.
 
Имав прилика денеска да отидам и да ги гледам нашите девојки. Во салата имаше околу 3500 луѓе и сметам дека они заслужуваат да имаат многу повеќе публика. Се надевам дека понатаму како што тече времето и како што ЖРК Вардар ќе победува понатаму, ќе има и се повеќе народ во сала, затоа што според мене ова дефинитивно е тим што ќе се бори за пласман во полуфинале и финале.
за со ларвик имаше само 1000 а беа поквалитетен тим,сепак со играта што ја прикажаја против Ларвик денес посетеноста беше 4000,сега со денешната игра ќе се зголемува,од натпревар во натпревар,и со посилни противници,играме и со Бера Бера на домашен терен
 
Еве ви го Гунар Пропок да видите што направи пред 2 години при контра на противничките во кој ќе постигнеа сигурен гол и победа, а овој ја грабна ракометарката и ја спречи во својот обид да постигне гол.
Затоа сега го пратија дома да се се олади и ене го чува внуци :D
Оваа свиња колку што ја мразев никој друг во ракометот, подло дедиште од него ракомет неможеше да се игра, грубијан, стока.
 
Индира е величина, но ако мене ме прашате да ви одговорам кој ме потсеќа највеќе на неа, по одреден квалитет и лидерство, ќе речам Јованка Радичевиќ.
Вистински борец, вистински мотиватор и мотор на тимот.

Joке таква беше и на ЕП за Црна Гора, таква беше и лани во Ѓер. Било каде да игра, дали за својата земја или за тим таа дава се од себе и ги мотивира сите останати да го направат истото. Плус на сето ова е невидено играчиште. Мислам дека публиката тука се уште не е свесна каква светска класа играч имаме во своите редови. Многу се израдував кога слушнав дека во пакет со Лекиќ ќе преминат во Вардар. Потајно се надевав и на Булатовиќ ама има време, ќе дојде и таа:).
 
плус денес даде еден прекрасен гол од Контра.ЈОКА Е ЛЕГЕНДА
 
Сакам Милена Кнежевиќ да ја донесиме во тим, тогаш ни нема рамен на нас.
 
Инаку за денес...
Сите ракометарки постигнаа барем по еден гол, што кажува доволно за тоа што се случуваше на теренот...Индира можеше да си дозволи секакви ротации, за на крај да играат и Црвенкоска, Лојпур, Кликовац. Ме разочара Николиќ...Освен еден гол, ништо друго не видовме од неа...Порано и во одбрана играше, сега ни тоа...Лејно во прво полувреме растури, во второ и она и Суслина топка не фатија...Лекиќ:cuc: Не треба дополнителни коментари за неа, се е кажано...Радичевиќ:cuc: Играч што злато вреди...И на терен и надвор од него...Костјукова кога влезе и утна при првиот шут, Јованка стана и преку цел терен ја бодреше и и викаше дека не е ништо страшно...А кога игра секогаш, ама баш секогаш го дава максимумот...Се обидуваше и со атракции да ја разбуди публиката...Последниот гол беше...Не знам, очекувам да биде гол на колото:)
И уште нешто...Атмосферата во сала беше ТАЖНА! Да, имаше повеќе луѓе отколку против Ларвик, ама беше мизерно...Се утепаа девојките од обиди за разни атракции, додавања, цепелини, ама џабе беше се...И не ми е јасно зашто барем една помала група на Комити не идат...Се жалите дека треба до 8ми да чекате за утакмица на домашен терен, а на ова не идете...Не разбирам...Пак ќе кажам, не мора сите, доволно е и една помала група што ќе повлекува кога е потребно за цела сала да почне да навива како што треба...ЛШ е, девојките заслужуваат...
 
за со ларвик имаше само 1000 а беа поквалитетен тим,сепак со играта што ја прикажаја против Ларвик денес посетеноста беше 4000,сега со денешната игра ќе се зголемува,од натпревар во натпревар,и со посилни противници,играме и со Бера Бера на домашен терен

4000 на вести лажеа дека ќе има а имаше +- 2000,тоа го потврди и коментаторот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom