Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе идат утре комити на Вардар - Будуќност ?

@Коњаникот Сабја ?
Утакмицата Вардар-Будуќност утре се игра во Словенија,пријателски натпревари освен со Будуќност ќе има и со Крим и Хипо.Во четврток е со будуќност во регионалната во СРЦ Кале
 
Не ми се верува да се навива активно на утакмици на ЖРК, веројатно само на некои поважни ќе се оди.
Абе не е утре утакмицата
ЖРК Вардар СЦБТ - РК Будуќност-20.09.2013 16:00-Спортска сала Крим - Гаљевица - Љубљана

ЖРК Вардар СЦБТ - РК Будуќност-26.09.2013 18:00-СРЦ Кале, Скопје
 
Утакмицата Вардар-Будуќност утре се игра во Словенија,пријателски натпревари освен со Будуќност ќе има и со Крим и Хипо.Во четврток е со будуќност во регионалната во СРЦ Кале

Ок. Мислев утре дека во Кале се игра.
 
Абе не е утре утакмицата
ЖРК Вардар СЦБТ - РК Будуќност-20.09.2013 16:00-Спортска сала Крим - Гаљевица - Љубљана

ЖРК Вардар СЦБТ - РК Будуќност-26.09.2013 18:00-СРЦ Кале, Скопје

Општо зборам, не за оваа утакмица :D
 
Металург Скопје - ЖРК Вардар (21 септември, 11.30 ч.)

ЖРК Металург - ЖРК Вардар СЦБТ ( 24 септември, 16.00 ч.)

Да нема забуни,утакмицата на 21 септември ја играат вторите тимови на Металург и Вардар.Во вториот тим на вардар се:Маневска,Саздовски,Виноградова,Крстевска,Стојковска и Лубјанаја.
 
Тепале Вардарки со Будуќност.

ЖРК Вардар СЦБТ — Будуќност 26:25
 
Тепале Вардарки со Будуќност.

ЖРК Вардар СЦБТ — Будуќност 26:25
Натпреварот заврши со победа на Вардар со резултат 25:24.Лекиќ беше најдобра со 6 голови,Пино постигна 5,кај Будуќност Мехмедовиќ 9 .
 
Натпреварот заврши со победа на Вардар со резултат 25:24.Лекиќ беше најдобра со 6 голови,Пино постигна 5,кај Будуќност Мехмедовиќ 9 .


На официјалната страна на Вардар, http://zrkvardar.com/, стои 26-25. Нека си поправат.
 
Утре со почеток од 11:30 часот во Автокоманда ќе се одигра натпревар во рамките на скопско супер женската лига.Нашиот втор тим за противник го има вториот тим на Металург.
РК Металург Скопје-ЖРК Вардар
Влезот за сите љубители е слободен
 
Дербито во Автокоманда без победник
ЖРК Вардар СЦБТ не ја оправда фаворитската улога во првиот натпревар од новата сезона во Скопско Супер лигата. Дербито со Металург во Автокоманда заврши без победник – 23:23 (11:10). Невниманието на вардарки во финишот го казни Робертина Мечевска со погодок од контра во истекот на последните секунди што му донесе бод на ЖРК Металург.

За актуелните шампиони ова беше можеби и најслаб натпревар одигран сезонава. Во составот на ЖРК Вардар СЦБТ ја немаше Ана Ѓокиќ, а од клупата во игра не влегоа Андреа Лекиќ и Марина Дмитровиќ. На спротивната страна, ЖРК Металург играше без својот прв стрелец, Мирјета Барјамовска.
Втората меѓусебна пресметка на новиот и стариот шампион, прва во домашното првенство сезонава, донесе резултатски неизвесен натпревар со многу грешки на двете страни. Вардарки уморни по настапот на турнирот во Љубљана одиграа без својата препознатлива сигурност во одбраната и со многу непрецизни удари во нападот. Во првиот дел не успеаја да ја сопрат Симона Гроздановска која постигна седум од вкупните 11 гола на домашниот тим, а во вториот дел не успеаја да се справат со Робертина Мечевска која погодуваше од тешка позиција и исто така успеа да реализира седум гола сите во вториот дел.
Вардарки имаа резултатската предност во првата и во третата четвртина од мечот но лоша завршница што ги чишеше загубен бод. По првите пет минути игра ЖРК Вардар СЦБТ беше во водство со 1:3. Агресивната игра во одбраната и сигурната Михаела Иаломитеану на голот му донесоа пресврт на Металург кој со погодокот на Зорица Деспотовска во 16.минута изедначи на 6:6. Вардарки грешеа и во нападот и во одбраната, а тоа најдобро знаеше да го казни Симона Гроздановска која постигна седум од вкупните 11 гола на Металург во првото полувреме и беше најзаслужна за позитивниот скор со кој домашниот тим замина на одмор – 11:10.
На стартот од второто полувреме вардарки успеаја да се вратат во игра и да воспостават контрола на резултатот. Марија Лојпур погоди за изедначување, а Алисон Пино за водство на ЖРК Вардар СЦБТ од 11:12. Највисоката предност од четири гола избраничките на Индира Кастартовиќ ја постигнаа во 45.минута кога Хмирова зголеми на 15:19. Но потоа следуваше серија грешки и казна од противникот. На една минута пред крај Гроздановска со својот осми гол намали на 21:22 за неизвесен финиш. Јулија Николиќ беше прецизна од седум метри, но на спротивната страна со гол возврати Зорица Деспотовска. Вардарки имаа гол предност и последен напад, но уште еднаш одиграа невнимателно и Мечевска казни со гол за реми -23:23.
Во состовато на ЖРК Вардар СЦБТ најефикасни беа Јованка Радичевиќ и Марија Лојпур со по пет гола, а четири реализира Татјана Хмирова. Кај Металург само четири ракометарки се запишаа во листата на стрелците. Најефикасни беа Гроздановска со осум и Мечевска со седум погодоци, Деспотовска постигна пет, а Ѓорѓиевска додаде три.
Во натпреварот со многу и играчки и судиски грешки, беа досудени дури 12 семдерци по шест на двете страни, Металург имаше 14 , а ЖРК Вардар СЦБТ 12 загубени топки.

ЖРК МЕТАЛУРГ –ЖРК ВАРДАР СЦБТ 23:23 (11:10)
Сала Автокоманда. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Драган Начевски.
ЖРК Металург: Антиќ, Андрејева, Иоломитеану 10 одб., Мечевска 7, Гроздановска 8(2), Ѓорѓиевска 3, Белеска, Деспотовска 5 (3), Јовановска, Младеновска, Стојковска, Николовскја, Ливриниќ, Саздовска, Величковска, Митрова.
Тренер: Крсто Петрушевски.
ЖРК Вардар СЦБТ: Суслина 5 одб., Лејно 5 одб, 1 сед., Костјукова, Радичевиќ 5, Пино 2, Штериова, Николиќ 3 (2), Дембеле, Фернандез, Зебиќ, Кликовац 1, Црвенкоска 3(3), Хмирова 4, Лекиќ, Лојпур 5, Дмитровиќ.
Тренер: Индира Кастратовиќ.
Седмерци: ЖРК Металург 5/6 , ЖРК Вардар СЦБТ 5/6.
Исклучувања: ЖРК Металург 4 мин., ЖРК Вардар СЦБТ 6 мин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom