Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Мизерија жива е да им изиграат само нерешено и тоа без Бајрамовска играле која им е алфа и омега во составот. Очекував многу повеќе од тимов, колку и да не следам женски ракомет ипак горе-доле по имињава имаме едни од подобрите играчи во Европа. Не знам, еве веќе година и пол Индира не ме убедува дека е компетентна да го води клубот :confused:
Колку и да не играле Лекиќ и Дмиторвиќ, резултатов е очаен.
 
Ај сеа...Пред два дена се вратија од Словенија каде што играа со Крим и Будуќност, пред тоа си поминаа квалификации за ЛШ без проблеми, ги победија и Крим и Мец во Унгарија, а ги згазија и Металург со 10 разлика пред 1-2 недели...Само слаб ден, гледаш и голманките дека ништо не фатиле...И така на крај у плеј-оф ќе ги згазат, а тоа е битно...
 
Абе не смее да има слаб ден кога имаш играчи за две супер постави да направиш. Да имаат слаб ден против јак клуб да сфатам, ама со три пати послаб состав кој играл без најдобриот играч?
Да не го заборавиме и ланскиот загубен куп меч :D
Сите очекуваат од нас да влеземе во полуфинале од ЛШ, вакви киксови не смее да се прават. На времето Кометал немаше 10 години полувреме загубено, а камоли нешто вакво да си дозволи :icon_mrgr:
 
Кометал од 1991 до 2007-08 имаше само еден загубен меч во домашните натпреварувања. Слаб резултат.
 
Прв пат изгубија едно полувреме ако не се лажам против Кале Кичево (и тоа второто полувреме).
 
Кометал у 1994 изгубија од Вардар у полуфинале од купот, а прва утакмица во првенство што ја изгубија беше 2008/2009 против Кале Кичево со еден разлика (откако Трифун веќе си отиде и клубот почна да се распаѓа).
 
Абе не смее да има слаб ден кога имаш играчи за две супер постави да направиш. Да имаат слаб ден против јак клуб да сфатам, ама со три пати послаб состав кој играл без најдобриот играч?
Да не го заборавиме и ланскиот загубен куп меч :D
Сите очекуваат од нас да влеземе во полуфинале од ЛШ, вакви киксови не смее да се прават. На времето Кометал немаше 10 години полувреме загубено, а камоли нешто вакво да си дозволи :icon_mrgr:

Ако очекуваат сите полуфинале претерале со очекувањата. Минување на првите групи е тоа што може да се очекува реално, за натаму ќе видиме. Имаат јаки играчи да, ама што мислите дека другите немаат? Не дека немаат шанси за полуфинале ама тимот туку што се состави преку ноќ не може да има резултати. Засега направија се што требаше, се пласираа во ЛШ и на пријателските се носеа со екипи од европскиот врв. Полуфинале не е реално очекување туку максимумот кој што може сезонава да се постигне што и да направи Кастратовиќ.

П.С. Можеби грешам, ама мислам дека Металург е далеку појака екипа од оние кои беа во лигата во времето на Кометал. Сепак, ако ништо повеќе овие со години играат во регионална лига и имаат еден ви на интернационално искуство.
 
Грешиш, последно што ми текнува е Еуростандард (вториот тим на ЃП) кој за многу малце не се пласира во ЛШ. Составен беше главно од ракометарките кои играа за репрезентацијава во последниве 5-6 години.
 
Ама тоа беше втор тим на Кометал, да не речам истиот тим беа. Којзнае дали смееа да победат :D
 
Утре со будуќност мора да се победи.Квалитетна екипа се Будуќност плус ја имаат Неагу.
 
Грешиш, последно што ми текнува е Еуростандард (вториот тим на ЃП) кој за многу малце не се пласира во ЛШ. Составен беше главно од ракометарките кои играа за репрезентацијава во последниве 5-6 години.

Едно време се сеќавам водеа и при крајот примија гол и со тој 1 гол не се пласираа понатаму.После играа во ЕХФ купот и стигнаа до четврт финале.Пецевска и Црвенковска сега што се кај нас играа тогаш.
 
Утре со будуќност мора да се победи.Квалитетна екипа се Будуќност плус ја имаат Неагу.

Зашто да мора? Пред 5 дена докажаа дека можат да ја победат Будуќност, и тоа на неутрален терен. Индира рече дека ќе одмара најголем дел од првата постава, а и пред почетокот на сезоната се знаеше дека во Регионалната лига ќе добиваат шанса Пецевска, Црвенкоска, Штериова, Лојпур, Костјукова, Дмитровиќ...Нема потреба да се форсираат другите на 10 дена пред ЛШ.
 
Regionalnata liga e sranje, i nisto ne mora da se forsira u nea. Za sto? Za da se povredi nekoja rakometarka? Ne treba nikakvo forsiranje. Treba Indira da gi odmara pred liga shampioni.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom