Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Па нека го крстат МЗТ Скопје и завршена работа :ROFLMAO:


По мене да направат машки тим со име РК Скопје ( и име на спонзорот или Јане Сандански ) има добра шанса.Ако им се движи успешно во смисла на популарност тогаш би можеле да го направат истото и за женскиот тим.
 
Пишав баш у темата за Вардар Про пред некој ден, ама не очекував вакво нешто. Наслушнав дека Самосенко сака да инвестира и во машкиот ракомет и дека имал две опции/два клуба на располагање и требало да реши што ќе стори.

Јас тие две опции си ги поврзав демек ќе бира дали да инвестира во Вардар Про или втората, дека можеби е тој толку посакуван спонзор на Пелистер. :D Али видиш им текнало нов клуб да прават. Сега сигурно и ЖРК Вардар ќе отстапи од спортското здружение Вардар и ќе се преименува и ќе биде Аеродром или такво нешто. :cenzura:

п.с. Сакате да се пријавиме? Шо, директно у прв тим ќе цепаме сигурно. :icon_lol:
 
А најпаметно овој кловнов да биде исфрлен со неговиот тим од СД Вардар и да му биде одземено правото на користење на името и логото на Вардар! Ваљда спортското друштво има инструменти за такво нешто?! Па после нека изведува циркуси колку му душа сака...
 
Да ги прашам упатените, овој ли беше „тајниот“ бизнисмен кој ќе го носеше Лазаров во РК Вардар? Или може планирал да го носи во друг Вардар? Го поддржувам новиов проект, се надевам дека тимот ќе биде составен од исклучиво наши млади играчи кои за пет-шест години ќе ја спасуваат нашата репрезентација. Мора младите да добиваат повеќе шанса, нешто како МРК Вардар порано и Металург Јуниор сега.
 
Dobro be dali e tocen tipov?? Ili bidi sponzor na praviot i edinstven brend Vardar, ili pravi si sopstveni klubcinja bez da go sodrzat svetoto ime!
 
Ана Ѓокиќ нова ракометарка на дрим тимот ЖРК Вардар СЦБТ (y)
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=18046
ana%20dokic%200.jpg
 
Не ја знам, али со оглед на тоа што е пикер многу паметен потег.
 
Ѓокиќ е брза, искусна, снаодлива...треба само да и асистираш, и погодок :cool:
Ѓокиќ е родена во Аранѓеловац, Србија, но како натурализиран играч настапува за селекцијата на Црна Гора. Во ЖРК Вардар СЦБТ доаѓа по една сезона помината во Русија, во екипата на Ростов. Претходно таа три сезони ги бранеше боите на Будуќност и беше дел од состав на црногорската екипа кој во 2012 ја освои Лигата на шампионите, постигнувајќи го клучниот гол во финалето со Ѓер. Во сезоната 2008/2009, Ѓокиќ настапуваше за Подравка Вегета, а најголем дел од кариерата помина во составот на Ѓер во Унгарија каде играше во периодот од 2002 до 2008 година. Професионалната ракометна кариера Ана Ѓокиќ ја почна во Напредак Крушевац во 1998 година од каде по три сезони се пресели во Унгарија што беше прв чекор во нејзината интернационална кариера.
Во репрезентативниот дел од нејзината биографија запишани се настапите за две репрезентации – прво за заедничката селекција на Србија и Црна Гора,а потоа за Црна Гора. Со репрезентацијата на Србија и Ц.Гора, Ѓокиќ освои сребрен медал на Медитеранските игри во Алмерија во 2005 година. Со црногорската репрезентација настапи на СП 2011 во Бразил (10.место), освои сребро на ОИ 2012 во Лондон и на крај репрезентативната кариера ја круниса со злато на ЕП 2012 во Србија.
 
Проблемот е што веќе е во години, плус е многу ниска за таа позиција...
 
Не знам колку имаше потреба од ова...Фернандез и Лојпур се одлични, и во одбрана и во напад...И колку што знам јас, оваа се пензионираше на крајот од оваа сезона...Ама за пари, си рекла ајде, уште една сезона да истера...Инаку како играч е супер, нема врска тоа што е релативно ситна за таа позиција...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom