Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дека Ѓокица многу ни се најде од помош. Не знам како да му се заблагодариме. Пустиот 70 години начука, а сеуште зинат за пари. Уште една потврда дека ангажманот негова беше ван секаква логика.
 
Ѓорче си тепа лабаво, ништо од нивното пропаѓање.
Значи сигурно сме патници во втора лига.
i bregalnica e vo igra pokraj voska, gogov veke podolgo vreme go namaluva budgetot i tenok im e sostavot. gore dole ok starten sostav, no slaba klupa. kako i drugite i tie se so pokvaliteten tim, no nisto cudno da ne se odlepat previse. da vidime sto ke bide sega vo direktniot duel. moze samo da filozofirame za toa koj ne e mnogu pokvaliteten na hartija, realnosta e taja sto i takvite zimata mozat da bidat daleku pred vardar.
 
Дека Ѓокица многу ни се најде од помош. Не знам како да му се заблагодариме. Пустиот 70 години начука, а сеуште зинат за пари. Уште една потврда дека ангажманот негова беше ван секаква логика.
Изгледа е лажна информацијата за Ѓоко. Почекајте сигурно ќе има некое соопштение.
 
Изгледа е лажна информацијата за Ѓоко. Почекајте сигурно ќе има некое соопштение.
 
0-0 , добро е извадивме бод ..
Во прво полувреме статива имаше Брегалница , во второ ние имавме две шанси , едната на Омерагиќ со глава каде голманот со рефлекс ја одбрани и вторава шанса на Велковски во 90 минута кога помина покрај статива шутот по земја ..
Да го пофалам баш Велковски десно 22 кој изигра супер по десна страна од кога влезе .

На крај чист офсајд на Брегалница , џабе се бунат ..

Добро е што изгуби и Воска , разлика е се уште мала ...
 
Aj за промена бодче. Жално е, каква никаква лига е ова, па мислам дека од професионалните фудбалски лиги во светот дефинитивно најслаба е нашава. Посебно во последниве неколку години. Темница.
 
Изедначен меч со противник кој е само за нијанса подобар од нас. Значи убаво сум типувал на почеток на сезона, дека едино со Воска и Брегалница би се тркале во борбата за бодови. Сепак и они собраа бајаги бодови досега и денес повеќе на нас ни беше потребна победата.

Денес Веце на клупа, Папули прва постава. Имаше подобра партија од Вецески, ама повторно ништо посебно. На пример, шансата во прво полувреме кога погодија статива ја направија откако Папули отпадна во директен дуел. Како од ѕид се одби од црниот, страшна работа.
Брда не беше ни на клупа.
Цветков почна како младинец. Јас не знам што ги учат во младинските школи. Пас не може да погодат, сите ко патарушки, со проста финта го летнаа на крило неколку пати, отворајќи им чист простор за нафрлување.
Се спасивме бар од очоболот на Омерагиќ. Али пак затоа го имавме Жоглев. Јас знам дека дефанзивците во втора лига се послаби, ама овој има паднато во форма што ни во Осогово не би фатил прва постава. Му нафрлаат чиста топка прво полувреме, земал се наведнува. Еднаш требаше да остави топка до Дурански кој беше сам позади него, ја рокна безвезе со глава. Никаков удел од напаѓачите, 10 дена да играме нема гол да дадеме.
Глишиќ прокоцка една шанса во прв дел. Исто така и он ноншалантен во додавањата, катастрофален процент на точни додавања има.
Николовски имаше една добра топка во празно, за во одбрана невидлив, позиционирање во простор 0.
Дурански стандардно просечен, накај слаб, млитав.

Штета што на крај не влезе ударот со глава на Милосавиќ, по доброто нафрлување на Велковски. И тој мисирот Омерагиќ спие, се знае како треба да реагира напаѓач на таква одбиена топка од голман.
И после тоа следуваше и ударот на Велковски кој заврши до статива.

Да го издвојам и Гача со неговото кловновско боксирање. Лани вака ја закуца топката во раката на наш играч, мислам против Воска или Беса за пенал за противникот. Чиста топка, земал ја боксува ниско. Дури стварно ќе речам може намерно вака лоши киксови прави на утакмициве.

Кловновиве домаќини ако знаат зошто се бунеа за поништениот гол. Чист офсајд, тој слепецот помошник дреме со знаменцето.
 
Само порталон Екипа развива теорија на заговор за поништениот гол. Толку да се има развиено анимозитет кон се што е Вардар тоа е чудо невидено. Во право бил Самсоненко што ги бркаше од пресови. Мислам дека и реката ја мразат. Чиста ситуација, Гача несреќно боксува но за наша среќа во глава на нивниот напаѓач од кого се одбива топката до стрелецот кој е 2 метра во офсајд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom