Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Каков збир на дрва сме, не е реално. Оној Милосавиќ од Србија што дојде као нејадено детенце. Па такви и подобри ги имаме и во наша школа. Лука Трајковски е за него Меси. Без поквалитетни засилувања нема што да бараме опстанок. Нема квалитет и тоа е реалноста. Овој Тиквеш со играч помалце вака да те доминира, се е јасно.
 
Иста приказна беше и со Силекс.Со играч повеќе не доминираат.Блажевски... што играч е ова спор,неподвижен,подава топка со главата надоле,не дека и другите се добри.
 
Мартин Блажевски на селскине турнири у мал фудбал не игра на клупа седи, не па да игра прва лига… Дечкото им го поклони голот буквално, каква катастрофа од играч, алал да му е…
 
Нека ни е честито втора лига. Воопшто не ни требаше да се враќаме во прва лига да бидеме топовско месо.

Со играч повеќе наместо да земат да гризат во напад и да постигнат гол, овие цело второ полувреме како манекени се однесуваат. Со играч помалку не доминираа цело второ полувреме.

Овие Тиквеш да имаа малку попрецизни играчи, сигурно 5 комада ќе ни дадоа. Среќа па 1-0 што остана.

Секоја чест само на Брдаровски и Лемос што играа како што треба. Тие гарант на зимска пауза ќе си отидат бидејќи гледаат веќе колку е саат. Оној србинот што го донесоа изгубен случај. Оној Педрињо освен што знае да паѓа и да шутира без врска друго не знае. Блажевски изгубен случај. Дурански една акција не знае да изведе како што треба.

Па овие не прва или втора лига, туку за трета лига се.

Мизерија! ДНО!
 
Без Дарко Мицевски средината ни е ужасна , пробувавме само преку десна страна Брдаревски и Лемос и баш преку една таква акција погодивме пречка во второ на 0-0 ..
Штета што и во прво полувреме не влезе тоа на Мишковски со глава покрај статива , ние веќе на трибина речиси ја видовме во гол ...

Со црвен картон ни играа и беа подобри од нас мора да се признае , квалитетот моментално е тој со тие пари толку е , плус како што кажав ни фалеше Мицевски вчера и затоа ништо не изигравме ..

На крај на мечот дојдоа фудбалерите но немаше свирежи туку им дадовме поддршка дека веруваме во нив , знаеме дека пола играчи се тука од лани и играа без пари кога беше најтешко останаа ..
Не е дека не играат со срце туку едноставно толку ни е квалитетот бидете реални , заедно со Гостивар и Воска сме најслаби , и Ѓорче е тука некаде бидејки ги тепавме прошлото коло , следен викенд дома со Гостивар шанса за победа , но претходно во среда не чека куп дуел со Беса ..
 
Толку е квалитетот, треба и понекогаш да се биде реален. Во прво полувреме имавме и среќа што не му даде втор жолт на Николовски, иако имаше можност кога со раце го бутна тој црнецот. Се надевам ќе изборат опстанок сезонава.
 
заедно со Гостивар и Воска сме најслаби , и Ѓорче е тука некаде бидејки ги тепавме прошлото коло , следен викенд дома со Гостивар шанса за победа , но претходно во среда не чека куп дуел со Беса ..
imam i prethodno kazano, voopsto ne se nadevajte na gostivar, samo prasanje na vreme koga ke im trgne, eventualno trener koga ke smenat. imaat daleku povise kvalitet od vas, nekoi od igracite zemaat nad 20.000€ mesecno, samo donesoa 20 novi fudbaleri i nikoj ne e voigran. mnogu bez veze pazareja, se razfrlija kako mrdnati so pari, no koga togas individualniot kvalitet ke pravi razlika.
 
Без Дарко Мицевски средината ни е ужасна , пробувавме само преку десна страна Брдаревски и Лемос и баш преку една таква акција погодивме пречка во второ на 0-0 ..
Штета што и во прво полувреме не влезе тоа на Мишковски со глава покрај статива , ние веќе на трибина речиси ја видовме во гол ...

Со црвен картон ни играа и беа подобри од нас мора да се признае , квалитетот моментално е тој со тие пари толку е , плус како што кажав ни фалеше Мицевски вчера и затоа ништо не изигравме ..

На крај на мечот дојдоа фудбалерите но немаше свирежи туку им дадовме поддршка дека веруваме во нив , знаеме дека пола играчи се тука од лани и играа без пари кога беше најтешко останаа ..
Не е дека не играат со срце туку едноставно толку ни е квалитетот бидете реални , заедно со Гостивар и Воска сме најслаби , и Ѓорче е тука некаде бидејки ги тепавме прошлото коло , следен викенд дома со Гостивар шанса за победа , но претходно во среда не чека куп дуел со Беса ..
Со сета почит спрема тебе и ВардарскиМКД, квалитетот знаеме каков е меѓутоа вчера играа како манекени.

Не може со играч повеќе да се нашиве, а се однесуваат како ние да сме со играч помалку.

Прво полувреме изиграа солидно, меѓутоа второ полувреме како сосема друг тим. Буквално да ми извините на зборот курташак си играа второ полувреме.

Треба некој на овие магариња да им објасни дека ова не е балет туку фудбал! Нека им објасни некој дека фудбалот се игра 90 минути а не само едно полувреме! И нека им објасни некој дека кога се има играч повеќе тогаш се гризе во напад, а не како манекени да се однесуваат!

Ако играме вака против Добри Дол и Гостивар ќе јадеме 5 комада и од едните од другите.

Поздрав и секое добро!
 
Uslovite poznato e deka ne se Sjajni ama vcera beshe macenje da se gleda cela utakmica… spomna nekoj brda I toj 97 broj dres Sto imashe deka izigrale nesto… nisto ne izigraa osven stoperite I koj fudbal e frli ja do 30-40 metra od nivni gol I pak borba dur se osvoi topka stoperive ne zastanaa vozduh da zemat cela utakmica nema koj da zastane na topka da proigra nema da Se zadrzi nisto nisto maalski fudbal poorganiziran e I prasanje vreme beshe koa ke napraat greska I ke padne gol…. Ete neka e I tolku kvalitetot ama nemoze mladi decki Sto imaat moznost da Se istaknat oni Se ponasaat kao 400 utakmici u noze da imaat I na rutina demek idat… ete Se nema kvalitet kaj e trcanjeto kaj e borbata da Se Vidi zelba za pobeda a nie go imame duranski Sto za srekja nekade 40 minuta go spomna komentatorot deka e na teren da ne go mislime… neka si Se zamislat barem sledna sezona neka si fatat rabota nesto neka Se otkazat od fudbal eve im utakmicava im pokaza deka leb ne vadat od fudbal… ej celo poluvreme tikves so igrac poishe te nadigruva sekoj segment u igra Sto poishe da Se komentira… sportski pozdrav
 
Не успеав да видов којзнае колку од утакмицата, со оглед на условите на трибината, ама ајде да споделам впечаток.
Депресија ме јаде кога гледам колку сме слаби, тешко го прифатив поразот.

Да знаев дека Вецевски ќе игра прва постава, немаше ни да тргнам на гостување. Андорецот беше изморен од репрезентативните натпревари и го одмораа. За Мицевски никој не знаеше дека нема да игра, сабајлето се пожалил на повреда. Што ти значи да го изгубиш единствениот играч што знае да води топка...
Само се скокаше средината, рогај од крило или од бек, нафрлај на преслаби напаѓачи.
Дурански изгледа дошол до point of no return. Преслаб е дечкото, мек, непрепознатлив, без волка на терен. Србинот не го ни видов дека играл, али по тоа што слушам ништо не покажал.

Од моментот кога влеговме на трибина, бевме подобар противник во прво полувреме. Една шанса на Мишко, ама мислам дека помошникот крена знаменце и дури и да влезеше ќе го поништеа. Два шута на Педрињо над голот. Општо, добро притискавме.

И потоа копи пејст од сите утакмици. Не чекаа да се измориме и маста ни ја извадија во второто полувреме. Црвениот картон не го ни видов. Кога онака не надиграа со 10 играчи, нема што да бараме во прва лига. И без капитенот ни играа, ради суспензија. А ништо посебно не беа, веројатно да играше Панта ќе извадевме бод.

Ми се допадна како се покажа оној Спахиу во баражот за Тиквеш, не знам колку сериозно го имаат во план. Добро би ни дошол за втора лига.
Мислам дека го избркаа Спахиу, ако некако почнеме да составуваме тим, не е лошо да се собере за ротација.

Имам њух за играчи :D
Не уби Спахиу откако влезе. Па уште и какви баксузи сме, секоја утакмица некој еврогол примаме. Евроголови од Пандевци, Слога, Силекс, Тиквеш...
Од тоа што видов на наша страна, имаа одлична акција во која мозокот му го испија на Велковски од десно и погодија статива, а потоа Мишковско маестрално со клизач спаси сигурен гол на одбиена топка.
Следуваше пречка на Спахиу. Ја следев цела акција. Прво го изработија Глипиќ лево, нафркаат лесна топка за било каков штопер. Али ние го имаме Веце. Спахоу е позади него, овој го гради во прв момент. Успева да го заобиколи и да излезе пред него за 100% шанса. Да ти избега играч кој е глава понизок од тебе, ебате дефанзивецот. Изгубен во фудбалот, трактор бавен.

Замените ни се солзи сами капат прости ми. Со Жоглев и Цветановски може да бркаме израмнување само во втора лига, тоа е реалноста. Сме имале некоја пречка на 0-0, ама не ја видов. После голот само рогавме од крило, ништо не креиравме посериозно.
Ќе го издвојам Блажевски. Дебело се излажав за него дека требало да добива поголема шанса. Дечкото е спремен за во трета лига. Ете гледам Оли Пеев игра за Кадино, Шиле се вратил изгледа на терените во ССК Драчево, овој може да отиде во Петровец да игра. Бавен, тромав, слаб со топка, 0 има за прикажаната игра. Директен виновник за голот.
Не знам што да кажам, џабе правиме тактики тука, тоа е...
Единствен спас е да се распаднат две екипи или некое чудо да се случи на полусезона.
На домашен терен мора да освојуваме по некој бод, ама на гости немаме шанси никаде.
Следнава со Гостивар е шанса да се дојде до 3 бода, додека не се консолидирале они. Нема шанси да завршиме пред нив, не си правете бајрам на умот. Ама додека се вакви килави, ако сме комплетни, можеме до три бода...
 
Вецески и Педрињо буквално ни се како браќата Бабунски во репрезентација. Како да ,,мора'' да играат. Уште не ми е јасно Грне и Бајо што видоа во тој Педрињо.

Замените се баш како што ѓи опиша ,,солзи сами капат прости ми'' :ROFLMAO:.

Блажевски нека оди подобро во Фк.Кадино да игра бидејќи не е за во прва лига дечкото. А на Жоглев мислам дека треба да му се даде поголема минутажа, бидејќи има потенцијал во него според мене.

Ни преостанува да се надеваме на нова година да не изненадат со некоја ,,БОМБА'' за некој си ,,богат инвеститор'' и да извлечеме гз некако. Се си мислам дека баш во декември месец ќе почнат порталите да пишуваат за некој си ,,инвеститор'' како лани за унгарците што уште ѓи чекаме :ROFLMAO:. Се надевам дека стварно овој пат ќе се појави некој да го спаси Вардар бидејќи тешко ни се пишува.
 
Едноставно е нашево, колку пари - толку музика... Можеме три дена да се објаснуваме, но факт е дека сме веројатно најслабиот тим во прва лига, па мое мислење е дека за да се спасиме од испаѓање ќе треба многу коцки да се поклопат сезонава. Капак на се е што ја погодивме сезоната за враќање во прва лига, кога нема ниту еден клуб пред распаѓање :icon_lol:

Реално да збориме, поголемиот дел од играчите квалитативно ни се второлигашки, така што не може и не треба да не чудат онакви киксови како оние на Блажевски, каде што во моментите каде што требаат наједноставни интервенции, тој реагираше како Спасе на летен турнир во Мојанци. Играта премногу ни зависи од 1-2-3 играчи, ете отсуството на Мицевски значеше пет класи послаб Вардар.

Очигледно е дека условите и парите се тие, така што сезонава не чека прилично тешка работа. Доколку не се случат драстични промени кај другиве клубови, потребни ќе ни бидат неколку квалитетни играчи за да можеме да се надеваме барем на бараж, во спротивно ќе биде ѓаволски тешко, посебно кога во април и мај ќе дојдат на-ти-го-дај-ми-го утакмиците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom