Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кога е тоа порано, може да ми дадеш некој пример? Без навреда другар ама согласно неколку мислења што ти прочитав, не верувам дека си бил роден кога Вардар не се мачел со вакви егзотични клубови…
Види мислам дека нема никаква смисла да дискутираме за претходните сезони на Вардар. Вардар го следам долги години(од мал) и никогаш не сум го видел во ваква очајна состојба.

Да гледаме сега што ќе правиме со ситуацијата.

Поздрав и имај убав ден! :)
 
Другар, Вардар бил и во полоша ситуација од оваа, без плати, без прашок, без мал милион други работи, затоа и ти го пишав тоа погоре…

Добро е да се дискутира, затоа што се пишуваат милијарда глупости и потоа ќе се чудиме зошто не играме во Европа, а ние со овој тим мака би имале и за промоција од Втора во Прва лига оваа година (хипотетички).

Беса има поголем буџет од нас, како и цела Прва лига, така што малку несериозно е да очекуваш дека ние туку-така би издоминирале врз некого. Не дека играчиве не сакаат да играат подобро, но реално толкав е и капацитетот на поголемиот дел од нив, така што ваква игра, барем за мене е сосема очекувана.
 
Види мислам дека нема никаква смисла да дискутираме за претходните сезони на Вардар. Вардар го следам долги години(од мал) и никогаш не сум го видел во ваква очајна состојба.

Да гледаме сега што ќе правиме со ситуацијата.

Поздрав и имај убав ден! :)
Ако го следиш од мал и не си го видел олку очаен, изгледа имаш 13 години :D

Вардар бил во поочајна ситуација неколку пати. Почнувајќи од сезоната кога отпаднавме пред 3 години. Во втора полусезона игравме со деца и губевме со резултати како 1-6 од Шкендија.
Сезонава имаме 4 минимални порази, нерешено и победа. Во сите дуели во кои загубивме можевме да земеме бод. Сезонава за прв пат нема некоја распад екипа која сите ја полнат.

Минативе две сезони не се мачевме? Па во две години, дали 2 дербиња добивме. Да не зборувам дека финансиската состојба беше уште поочајна, затоа што денар не земаа играчите, на вересија играа.
Сезоната кога требаше да испаднеме пред влезот на Град Скопје бевме тежок очобол. Први бодови освоивме против Пелистер во 6-то коло. Никого не можевме да победиме, освен неколку наместени натпревари. Очи корневме гледајќи го Нено легендата.
Сезоната пред таа се спасивме дека ги избркаа Ѓорче и Слога од лига, а Милано играше со младински тим, инаку сигурно ќе отоадневме. И двете сезони се играше без пари, освен последната полусезона кога се врати Брацо.
Чисто за потсетување, во купот загубивме од 11 Октомври кој беше второлигаш со 3-1 во една од тие сезони.

Имавме очајна сезона и во периодот пред да влезе Брацо, во втора половина на табелата завршувавме.
Имавме сезони каде што играчи штрајкуваа за плати, губевме 9-0 од Милано.

Натпреварот со Беса не ни очекував дека ќе го тепаме. Како прво не игравме со најсилен состав. Не играа Мицевски, Брда и Лемос, тројца најсилни играчи. А нашите замени не би обезбедиле пласман од втора во прва лига сп сигурност.
Беса има поголем буџет од нас и игра на терен на каков што ние традиционално се мачиме. Лани загубивме уште не дојдени во Врапчиште, преклани ни земаа бод во Маџари. Од таков тип на терени, тепавме со Арсими со 1 шут кон гол, изгубивме од Гостивар, загубивме од Велешта преклани и еднаш едвај тепавме откако се веќе беа распаднати.
Друга работа е што Беса игра втора лига,
има полабав распоред. Најдобрите играчи ни се старци, издишавме за 50 минити во Кавадарци, а веќе викендов не чека дерби на дното со Гостивар. Беса има играчи како Алими, Драгарски, Силјановски на голот кој не откажа лани, не се босотилук.
Дека го поминавме купот, па многу ни значи. Нема далеку да стигнеме секако...
 
Немам 13 години како што кажуваш. Напротив бајаги сум постар ама во ред. Знам за претходните ситуации на Вардар и само кажувам мое лично мислење дека до овој степен не било според мене.

Бидејќи еве вие ,,постарите" знаете повеќе и кажувате дека и порано било вака, во ред така нека биде.

Поздрав и имајте убава вечер!
 
Остај Сајбер купот, со дресот што правиме? Вардар во најголем организациски хаос кога бил се пазело на тие работи. Не е ова од немање, туку од чист немар, незнаење и непрофесионалност. Еве логично, колку играчи не играа денес? Демир, Брда, Андорецот, Мицевски, Нијази. Сите тие имаат бројки свои, па земи еден дрес од било кого што не игра, помала е штетата така отколку вака да ни се смеат сите, и самиот тренер да се држи за глава и да прашува дали сте нормални вие? Кај и да е ќе излеземе по регионални портали и страници за заебанција на социјални мрежи. Големиот Вардар! А пак ќе кажам не е ова од немање затоа што бар дресови има, а и да нема дрес и штампа у комплет не е повеќе од 1000 денари, па самите играчи ќе си купат за да не мора да се брукаат вака. Секоја турнирска екипа без разлика дали у град и село не прави вака. А пак ќе кажам, збориме за ВАРДАР!

Друга работа, ене ја објавата на ЗВАНИЧНИОТ портпарол чувени Мијалче.Дали личи таква објава на званичник на клуб практично? Кои од овие 15 клуба е појјак од НАС, а НИЕ последни на табела. И утре кога ќе не истресе некој као Тиквеш, Комити ќе ги стројат играчите и ќе има милион понижувачки коментари за нив затоа што Мијалкче ги напалил дека сме најјаки и дека нема појјаки од нас понесен од победата у Врапчиште на пенали у 1/32 финале на куп, кај што другите прволигаши добиваа по 8 до 10:0. Па уште Господ го споменува после победа над Беса од Добри Дол. Алал вера Мијалче!
 
Последно уредено:
Се вратил кондицискиов што напушти со Бајо и Грне?
 
Па јас кога кажав пред извесно време дека повеќе штета ќе има од Мијалче, него некаква корист, муабетот беше дека само он се нафатил да помогне!? Еј стварно фала му, многу помогна.
Вардар мора да се ослободи од ликови ко него и другар му Џокица, длабоко заглавени во 90-те години од прошлиот век, ако сака да тера напред. Уште живеат во тој фазон и прогрес со нив нема...
 
Немам 13 години како што кажуваш. Напротив бајаги сум постар ама во ред. Знам за претходните ситуации на Вардар и само кажувам мое лично мислење дека до овој степен не било според мене.

Бидејќи еве вие ,,постарите" знаете повеќе и кажувате дека и порано било вака, во ред така нека биде.

Поздрав и имајте убава вечер!
Другар, не така нека биде, него така е. Убаво ти пиша @Saber Rider, ова е нула во споредба со она што го има проживеано Вардар во последниве две децении. Какви пијавици беа закачени во клубот низ годиниве, слободно може книга од барем 1000 страници да се напише. Голем дел од нас имаат преголеми очекувања, а потоа се разочаруваат, а реалноста е друга. Затоа, според мене, грешка беа и изјавите/пишувањата дека ќе се продадат +30.000 сезонски, некогаш треба да се биде малку пореален за да не дојде до вакви ситуации. На пример, јас од Вардар сезонава го очекувам она што го пишав и претходно и свесен сум дека шансите за опстанок (во овој момент со овој тим) ни се не повеќе од 5%. Дека ќе може да се бориме да играме во Европа преку купот е нешто рамно на научна фантастика, поголеми се шансите да играме на ЕП моментално отколку Вардар да дојде до финале на куп.

Не им замерувам на дечките што го водат клубот затоа што очигледно друг нема заинтересиран, а во иднина освен град Скопје со одредена сума, не гледам друг спонзор кој би се нафатил да дава пари. Но, фаци како Мијалче не треба да се во близина на Вардар, исто како што не треба да бидат и оние менаџерчињана што продаваат играчи преку нивниот спортски портал или како што не треба да бидат и оние од Екипа.мк кои се утепаа од јадење лајна во време на Самсоненко. Околу Бајо, требаше да се излезе и да се каже што е работата, вака се прават и плетат милион теории. Ако работел на штета на клубот тоа треба да се истакне, нема што јас да го кријам него ако си вртел шеми во клубот ради тоа што бил "легенда". Низ историјава токму "легендите" ни ја еб*а мајката...
 
Овој Педрињо до сега ништо не покажува , во Кавадарци бев на стадион и му го следев движењето , губи топка и си трчка како балетан , после тоа имаме чиста контра лево и десно слободни играчи он шутира над гол а немаше потреба .

Вчера со Беса гледам целиот гол го промаши од пенал :facepalm: , а си реков на старт овој чим доаѓа од Бугарски клуб и не играл ни таму тогаш може да е тешка превара играч , епа за 500-600 евра плата ете толку е квалитетот и ние сакаме резултати .

А кривец за голот беше Мартин Блажевски чиста топка изгуби на наша половина и ни дадоа гол , овие двајца не би ги зел ни на обичен турнир а не па во Вардар , се надевам Васовски знае што прави ама па и квалитетот за жал е тој ..
 
Па јас кога кажав пред извесно време дека повеќе штета ќе има од Мијалче, него некаква корист, муабетот беше дека само он се нафатил да помогне!? Еј стварно фала му, многу помогна.
Вардар мора да се ослободи од ликови ко него и другар му Џокица, длабоко заглавени во 90-те години од прошлиот век, ако сака да тера напред. Уште живеат во тој фазон и прогрес со нив нема...
Очекувај за неколку месеци да се ,,закачи" со некој во Вардар на пример Васоски и ќе почне со филозофиите од типот ,,Тетовче со дупло дно" . :)
 
Педрињо е дефинитивно најголемо разочарување иако и во старт имав ниски очекувања за него. Освен што е камен, полошо е што е пресамоуверен. Мисли дека е играчиште. Србинот како изигра со беса? На работа бев со едно око го гледав преносот.
 
Последно уредено:
Овој Педрињо до сега ништо не покажува , во Кавадарци бев на стадион и му го следев движењето , губи топка и си трчка како балетан , после тоа имаме чиста контра лево и десно слободни играчи он шутира над гол а немаше потреба .

Вчера со Беса гледам целиот гол го промаши од пенал :facepalm: , а си реков на старт овој чим доаѓа од Бугарски клуб и не играл ни таму тогаш може да е тешка превара играч , епа за 500-600 евра плата ете толку е квалитетот и ние сакаме резултати .

А кривец за голот беше Мартин Блажевски чиста топка изгуби на наша половина и ни дадоа гол , овие двајца не би ги зел ни на обичен турнир а не па во Вардар , се надевам Васовски знае што прави ама па и квалитетот за жал е тој ..
i za tie pari moze da se donesi pokvaliteten stranec, problemot e sto potrebno e dobro skautiranje i nekogas i odredeni kontakti. imas vo ligata i stranci koi dosle i za ispod 600 evra i direktno bile nositeli na igrata, za nesto povise no sepak skromni plati imase eden kup. grne i bajo na primer bea sposobni da donesat domasni igraci koi tesko deka nekoj drug ke gi soberese vo tie momenti, igraci kako micevski i brda. sepak, tie sposobnosti ili prednost koi gi imaat za domasnite igraci gi nemaat za stranski igraci. kaj strancite se potpiraa na odredeni menageri vo koi verojatno imaat doverba i se zakaci i igraci kako pedrinho. pisuvavme uste od start za igracot, verojatno site bevme svesni deka e drvo, prasanjeto bese kolku tesko drvo. vina vo slucajot gledam kaj grne i bajo bidejki ne bea strplivi. koga i samite videle deka tipot ne e dobar togas podobro ke bese da pocekaa nekolku nedeli so nadez za podobra opcija mesto nego da go zemat. pisav uste togas, strancite mora da ti se pogodat deka samo cetvorica mozes besplatno da gi registriras, taka sto ako vo nekoj se somnevas podobro drzi go mestoto slobodno dodeka ke se pojavi posoliden. drugo ke bese vo zimata koga transfer periodot se zatvara do letoto i mora na vreme nekoj da potpises, ovaka podobro ke bese vo septemvri da potpisea nekoj so 5-6 utakmici kasnenje odkolku da donesat igrac za koj od start se znae deka nema da bide korisen.
 
Искочија првите 11 за со Гостивар , лошо е што повторно ке стартуваме без Мицевски он ни е убедливо најдобар во средина и ке биде на клупата веројатно не е сеуште спремен после ситната повреда, исто и Брдаровски е на клупа незнам од кои причини а он ни е меѓу најдобрите 2-3 играчи во тим, и Андорецот го нема во тимот повторно со Вецевски ке мораме во одбрана ..некако испомешан е тимов денес .

Ако е нешто добро Педрињо е седнат на клупа после лошите 2 утакмици , очекувам тврда утакмица со Гостивар и да реши 1 гол .
 
Некако чуден составов. Врдаровски на клупа, Мицевски исто така на клупа, а Алаведра го нема ни во резерви.

Ќе може некој да објасни што е работата со Алаведра? До сега само на две утакмици се појави. Ќе игра некогаш како што треба или само ќе му даваме пари и нема да игра?
 
Искочија првите 11 за со Гостивар , лошо е што повторно ке стартуваме без Мицевски он ни е убедливо најдобар во средина и ке биде на клупата веројатно не е сеуште спремен после ситната повреда, исто и Брдаровски е на клупа незнам од кои причини а он ни е меѓу најдобрите 2-3 играчи во тим, и Андорецот го нема во тимот повторно со Вецевски ке мораме во одбрана ..некако испомешан е тимов денес .

Ако е нешто добро Педрињо е седнат на клупа после лошите 2 утакмици , очекувам тврда утакмица со Гостивар и да реши 1 гол .
Andorecot se otkazuva od fudbal poradi privatni problemi,tolku od nego!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom