Ве читам подолго време и не можам да останам имун на глупостиве кои ги читам. Што се 3000 сезонски за клуб за кој викате навива цела Македонија? Тие 3000 не се продадени на 3000 луѓе, туку максимум 500 души кои купуваат повеќе сезонски. Па тоа ли е клуб на народот? Каков народ, кога пола Скопје ве мрази, исто и пола Македонија. Не си правете со умот бајрам.
Видете го Хајдук, има продадено 120 илјади сезонски, а Сплит е 160 илјади. Е тоа е клуб на народот, кој го сака пола Хрватска и цела Далмација. Скопје има 600к жители вие имате продадено 3000 сезонски и тоа го претставувате за некаков успех? Симнете ги маските и престанете да глумите дека сте некој и нешто. На првиот натпревар оваа сезона дома нема да имате фазла од 2000/3000 публика. Тоа е ДЕБАКЛ за клуб кој се претставува за клуб на народот и си го изедначува клубот со Македонија. Ниту Вардар е Македонија, ниту е клуб на народот.
Прво, никој не кажа дека за Вардар навива цела Македонија, туку дека Вардар е гордост на Македонија, најголема зошто никој ниту во наредните 100 години не може да му се приближи, кога збориме од спортски аспект. И тука барем да не дискутираме.
Клуб на народот, не е бидејќи ЦЕЛ НАРОД го подржува, туку дека во овој момент клубот е управуван токму од народот. Народот обезбеди плата, народот обезбеди изградба на теренот, лекарски прегледи, лиценца, припреми. Се обезбеди народот преку навивачите кои се сега субјект во клубот. НЕМА УПРАВА - ние сме.
Хајдук кој толку го фалиш (И е за фалење, да не се разбереме погрешно, браво за дечките), покрај целиот менталитет и посветеност му требаше неколку години да стигне до ова што е сега, во однос на членските/сезонските.
Манијаци исто така започнаа пред 1-2 години слична спортска приказна, која полека фаќа замав. Види колку беше сето тоа поскромно на почетокот, а каде се сега. Да народот се аомнева, чека прво резултати и најчесто доаѓа кога веќе е јасно дека нешто ќе успее. Но тоа е што е, тоа е менталниот склоп и не може да се промени. И тоа е одлично, кога ќе се земе во предвид, во какви услови егзистира спортот.
Е Вардар започнува таква една приказна.
Ние започнуваме голема долга приказна. Сега сме на почеток и јасно е дека ќе има милион препреки. Ама знаеме дека ова е патот по кој треба да тераме и единствено што е важно, е да не се откажеме. За неколку години верувам дека со чесна и напорна работа, ќе ги добиеме посакуваните резултати.
И не споредувај градови како Сплит и Скопје. Сплит има доминатно домашно население, и поради тоа пред се е цврсто задржана генерациската врска, а со тоа и сите вредности и традиција кои се негуваат.
Скопје е транзит град за жал, како и сите главни. Луѓе доаѓаат по работи, си одат. Доволно е да прошеташ летово и да разбереш дека ЖИВО ПИЛЕ нема останато. Имаш поента, но погрешна ти е појдовната точка. Комшиите ми се менуваат како чорапи и затоа е стварно глупо да споредуваме бројки, кога се е толку релативно по тоа прашање...