- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 7.207
- Поени од реакции
- 43.351
Колку и да не сакам, сепак се сложувам со козарот, во право е. Не можам ни да се сложам со одлуката на Град Скопје, ниту пак сметам дека е правилна. Можеби ќе звучам наивно, но сепак вака не се работат работите. Доколку сака градот да му помогне на клубот како негов основач, прво треба да го земе под негова контрола, а потоа да дава пари од граѓаните, т.е да влезе во буџетот на градот.
Колку и да сакам да се спаси Вардар и да се средат работите, сепак не можам да прогледам низ прсти за ова и да речам дека е правилна одлуката. Понекогаш треба и да се соочиме со вистината. И прашањето му е на место, на која сметка ќе се уплатат парите? Доколку е на сметката на ФК Вардар, тогаш тие пари клубот нема да ги види, и ќе отидат во празно.
Наместо државата да прати инспекции и да се види работењето на клубот не само во последните години, туку во последните 30, да се видат сите проневери и крадења, па од тие луѓе да се наплати тро-дупло на секој можен начин.
Ова е чисто собирање на политички поени од страна на партијата која демек ги застапува Македонските интереси, па сеа видоа раздвижување во групата која веројатно е единствениот преостанат бастион на Македонците околу кој може да се обединат па ајде ќе чепнеме и ние нешто од тоа.
Во моментов гледам единствено две опции.
Првата е, градот повторно да го земе клубот под своја контрола, и да се одвојуваат средства од градскиот буџет онолку колку што ќе има, притоа, најверојатно ќе треба да се трпат партиски луѓе како што беше минатиот пат, кои ќе бутаат играчи како шнајдерот од Гана и слични, и да се задоволиме со парите што ќе ги обезбедат од градот. Или во превод да не се бара преку леб погача. Со оваа опција, останатите клубови нема да можат да се бунат, бидејќи ниеден друг клуб не е основан од градот.
И втората опција, е да се најде инвеститор/спонзор, од страна, кој ќе го превземе целосно долгот и работењето на клубот, ќе донесе негови луѓе под предпоставка дека ќе знаат да работат, па полека да се врати во прва лига. Оваа опција во моментов е не реална.