Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
И те како беше битен купот за самодоверба,ја имавме утакмицата требаше да ги добиеме,со малку среќа во полуфинале може ќе поминевме.Финале на градски ќе беше врв е таму да изгубевме немаше да ми биде криво.

nemase. ne si pravi film deka so ovaa ekipa ke gi tepavme sloga i skendi ili mestacite od gjorce.
 
Истото сакав да го искоментирам. Ај што не бевме инфериорни, туку можам да кажам буквално и подобар противник на домашен терен од екипа, што е тврд орев за секого во Првата лига. Само се покажа дека неосновано те нападнаа кога го тврдеше ова пред некоја недела. И тоа зборуваме за тим составен само од домашни играчи.
Една птица, пролет не прави :D

Нормално дека ние отидовме помотивирани од нив, прво затоа што лани не поебаа јако, второ затоа што сме во улога на второлигаши и со помал притисок од евентуална елиминација.
Гарантирам дека да годинава бевме прва лига, ќе се мачевме на секој дуел. Не дека лесно ќе не победуваа, ама тешко ќе стигнувавме до победи. Ќе беа некои мачни реми утакмици или минимални порази, со потоп од фаворитите. Ќе бевме на ниво како Работнички.
 
Депресијата која ме фаќа кога ќе видам дека играме во Железара или Маџари :вонзем::popce:

Што е со игралиштево на ФФМ? Не ни даваат да играме таму?
 
Гледам на спортмедиа на фејсбук пеналот за Воска :pos: :facepalm: :facepalm:
Чиста топка избива одбранбениот на Арсими во корнер , овој свири пенал :facepalm:
Ауу ова апла помош на чело со ффм и мафијата на Дуи
 
Не ни одговараат ич денешниве резултати. И Гостивар и Воска дојдоа до гостински победи на тешки терени. Гостивар славеше во Охрид, Воска во Чегране.
Се плашам нашиве да не се усерат утре, уморни после куп натпреварот.
 
Вардар треба да прати до Уефа дека се форсираат одредени екипи со помош на претседател на ФФМ , или сите Македонски екипи да кренат збор против оваа мафија на ФФМ ..
Не е првпат вака да се свират смешни пенали за Воска ..
 
Вардар треба да прати до Уефа дека се форсираат одредени екипи со помош на претседател на ФФМ , или сите Македонски екипи да кренат збор против оваа мафија на ФФМ ..
Не е првпат вака да се свират смешни пенали за Воска ..
Не се толку форсирани годинава. Против Пелистер три гола им поништија, а со Кожуф еден. Ќе имаа плус 4 заслужени бодови.
 
Не се толку форсирани годинава. Против Пелистер три гола им поништија, а со Кожуф еден. Ќе имаа плус 4 заслужени бодови.
Незнам за претходно , ама денес пеналот беше жива смешка ..апла ..
 
Не ни одговараат ич денешниве резултати. И Гостивар и Воска дојдоа до гостински победи на тешки терени. Гостивар славеше во Охрид, Воска во Чегране.
Се плашам нашиве да не се усерат утре, уморни после куп натпреварот.
Победи до со помош на судии Гостивар денес. Смешен црвен за Охрид уште 5та минута и чист пенал недосуден во второ полувреме
 
Каков кикс на голманот,каков циркузант, имавме среќа можеше и 1-2 да биде.Многу шанси промашени од наша страна
 
М И З Е Р И Ј А…

Голманчево Целески боље ич да не влагаше, со празен гол ќе бевме каде каде подобри… Да не ја тепаш Беласица дома… После пак некој друг ќе ни биде крив и ќе чекаме некој да изигра за нас.
 
Ако ни е. Таков е фудбалот. Нека се засрамат сите, голманчено на Беласица го направија Алисон. Тој Целески чиво дете е, човекот 2 гола ќе не чинеше меѓудругото...
 
Тоа што го дебатиравме тука недели наназад вчера доби своја потврда. Некои се потсмеваа на муабетот дека Вардар е барабар со сите прволигашки екипи ваков каков што е моментално, и дека со три квалитетни странци е легитимен кандидат (а не фаворит) за титула. Вчера комплетно надигран третопласираниот тим во 1лига на секој план, играчки, тактички, технички, и физички, уз тоа прописно масакриран од судија кој перфидно судеше некои 95-15 % во корист на домаќинот. Оштетени за 2 пенала (мислам во ист напад беа), досудени бар 30 опасни прекини за Силекс се со цел тој олукот напред да направи од ништо нешто со оглед дека на друг начин не можеа никако да дадат гол. Капак на се, прекината нашата најопасна акција во последниите минути и свирен непостоечки фаул.

Жалосно е што можевме да добиеме многу, не добивме, а изгубивме играчи поради повреда за наредниот период, пред се Жоглев, и остануваме само на Христов,а Кире Маркоски да гура лево (во некои ситуации може и обратно, како што беше вчера по повредата на Жоглев)

Ова со пеналите,не идат некои работи како што некои горе ги замислиле, тука мислам на спомнувањето на Мишковски, Некои играчи самите не сакаат да изведат пенал, не се чувствуваат сигурно во одреден момнет, а некои кои требаше да шутираат беа заменети во текот на натпреварот.

Остануваме на основната цел,многу важна и тешка утакмица во недела против тврдата Беласица која мора да се добие на било кој начин. Ако не победиме влагаме во голем проблем, ако победиме остануваме на вистинскиот пат што се однесува до влезот во 1 лига....
Така е Бајо, со уште плус два странци директ група лига шампиони :pos:
 
Уште тројца играчи и директно титула.
Реков, нека не ве лажат со Силекс перформансите, ние шанси имаме, нема кој да даде гол, а нема голови, нема ни победи.

Без Симе, Жоглев и Демир, не одигравме лошо.
Одново старата болка, сто шанси имаа, сто можности за шут од неколку метри, они додаваат, не знам дали сакаат во гол да влезат со топка или им е страв да шутнат.

Прво полувреме со најмалку 3-4 шанси што беше потешко да се промашат. Кире Маркоски на два пати место да шутира на празен гол, додава, еднаш се фрли со клизач и не ја пикна во гол.
Имаше чист пенал во една ситуација, го скинаа нашиот играч, ама судијата даде предност затоа што топката дојде до Јусуфи или Јаневски, кој се посрамоти со мизерен шут.Срамота е што на полувреме не дадоа бар два гола.
Беласица имаше една чиста шанса, ама Гача одлично одбрани, чист гол спаси.
Второ полувреме падна ритамот, но пак имавме такви шанси во кои се плашеа да шутнат.
Голот не го видов, видов само дека топката едвај се дотркала во гол. Тука во тој момент пропуштив кога сме ги смениле Вецевски на терен и Целески на гол. Јас мислев дека е Лука Стојановски, викам да не го пцујам наше дете е...
Главен виновник за голот, истрча несмасно во ситуација кога само требаше за си ја брани страната, го лобуваа и друг играч ни ја закова на празен гол.
Паднавме тоталка и Беласица имаше две убави шанси за победа. Едната благодарение на Целески кој истрча до пола од наша половина и ја изгуби топката, среќа од 20тина метри овие не погодија празен гол.
На крајот погодивме пречка од нафрлување и во една шанса повторно ја тупевме пред гол и не шутнавме од чиста позиција.

Катастрофален резултат во најлошо време. Жоглев гледам раката му е во лонгета, значи тешко да се врари до полусезона.

Кире Маркоски го допрел дното, катастрофална реализација и покрај голот. Највеќе ме разочарува Јовче, бледа слика од оној играч што газеше со Матејчо пред 3 години.

Мора да се навратам на слободните и корнерите. Што ви е бе???
И да сакам не можам 20 корнери и слободни да ги нафрлам директно во голман. Катастрофални балон нафрлувања, како прв пат да играат фудбал.
Мицевски беше добар денес, ама мора да поработи на овој дел со прекиниве.

Ни следува пауза, прослава, па лесно гостување со Тетекс и дербито кое ако го загубиме може да не врати на трето место на полусезона. Последната со Кожуф секако мора да се тепа.

Да се надеваме дека со прославата ќе се привлече јавноста и ќе следува некое спонзорство, инаку врвка е работава. No money, no fun.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom