Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Така е Бајо, со уште плус два странци директ група лига шампиони :pos:
Бајо нека каже каква улога има ова 2риов голман во тимот? Освен што брани еве вака кога ќе се укаже лоша шанса.. :)
ПС - Ради вакви фудбалери,школата ни е таму каде што ни е!
 
Лошо е ако се повреди Гача, иако не знам во која ситуација би се случило тоа. Можеби во оној момент кога ја одбрани со рамо шансата во прво полувреме.
Овој Целески го загреваа интензивно позади гол некои 30 минути, значи не беше изменадна замената.
Ваљда не е дека Грне сакаше да му даде шанса да поигра некоја минута, во ваква опасна утакмица која беше далеку од решена...

До душа, го утнав моментот кога влегол, дали пред или по голот кој го постигнавме.
 
odkako postignavme gol, dupla zamena so veljanovski
 
Делуваше на принудна измена ради повреда тоа на Гача, ама ни јас не забележав што точно се случи и колку е сериозно.

Кикс во прелош момент, со оглед на резултатите на конкурентите, а уште повеќе загрижуваат повредите, поготово ако го изгубивме и Гача за наредните дуели. Денес имавме целосна иницијатива и катастрофална реализација напред. Кире не ми делува како добро решение централно и многу подобри партии би пружил на крило, Јовче е вон форма и заслужува да седне на клупа, ама проблемот е што немаме опции, Парталко едноставно не е доволно добар, не знам само што е со Величковски и дали е сеуште кај нас или отиде негде на позајмица, откако дојде Жоглев не заигра, а денес можеби беше добра можност да му се пружи прилика. Беласица освен една контра, кога Гача одбрани 100% шанса, не изиграа ништо друго, и дадоа гол од ништо, без игра и иницијатива и на голем кикс на Целески. После израмнувањето очекувано за мене паднавме, игравме брканица на терен и во тој хаос можеше лесно и да загубиме на крај. Не знам колку се сериозни повредите на Симе, Десниќ и Жоглев, ама било кој од нив добро би ни дошол, а не знам и со Демир како е ситуација, цела полусезона ја истеравме без него.

Утакмицата со Пелистер ќе биде од огромно значење, слично сценарио лани и вакви глупи киксови на крајот ни ја искомплицираа работата и не чинеа пласман.
 
Денес добар фудбал за второлигашки услови кај нас, додуша секогаш нашиве меѓусебни дуели носеле добри дуели освен ако нема некоја преголем осцилација во квалитет, денеска Беласица дојде да се брани, од кога Гуцев е тренер играме доста подефанзивно, но и тој да не беше тренер секако денес ќе игравме така дека одбраната ние многу подобра и квалитетна отколку нападот.

Со самиот старт вие ја имавте иницијативата на теренот но некако ептен стерилно во нападот, премногу млаки шутеви, доста време треба да ви се наместат игачиве да шутнат, Стефан фати и две-три топки кои беа малце подобри шутеви, потоа Беласица се отвори и одма имаше две шанси, првата кога напаѓачов наш добро изгира се но Гачевски мајсторски одбрани, вториот волеј ударот на Милушев кој беше доста силен но идеше директно во Гачевски (мислам дека и тука се повреди).

Другото полувреме пак иницијативата кај вас но немавте ниту еден посериозен удар, голот го дадовте од таков очаен шут не знам како воопшто влезе, се збуни Стефан тој млак шут го имаше му пројде некако топката меѓунозе, никој не очекуваше ова да влезе, потоа Беласица мораше да нападне, кога и да нападнеше Беласица гледам многу лесно ја преминуваа одбраната на Вардар, прв поконкретен напад и одма гол, потоа пак акција нашиов сам излезе ја однесе топката упм, не видов кој шутна, па кога се избаци вашиот голман лошо изреагираа , имаа два-три после обиди неуспешни контри за на крај дури успеа Радојчиќ да ги извози и да шутне ама ептен млако во продолжението.

Ептен сте тенки во напад, барем со нас, преочајни шутеви, дури имаше две акции во кои играчиве само си ја предаваа топката од шо немаа храброст да шутнат кон гол, па нашиве се враќаа и блокираа, играч на натпреварот кај вас денес Гачевски, постојано и тој Мицковски се трудеше нешто барем од коментаторов на СК што слушав, дека вака не ви ги знам играчиве, имаше еден напред кај вас шутов ист ко мојов последен пат кога играв фудбал, барем јас стативата ја погодував.
 
Делуваше на принудна измена ради повреда тоа на Гача, ама ни јас не забележав што точно се случи и колку е сериозно.

Кикс во прелош момент, со оглед на резултатите на конкурентите, а уште повеќе загрижуваат повредите, поготово ако го изгубивме и Гача за наредните дуели. Денес имавме целосна иницијатива и катастрофална реализација напред. Кире не ми делува како добро решение централно и многу подобри партии би пружил на крило, Јовче е вон форма и заслужува да седне на клупа, ама проблемот е што немаме опции, Парталко едноставно не е доволно добар, не знам само што е со Величковски и дали е сеуште кај нас или отиде негде на позајмица, откако дојде Жоглев не заигра, а денес можеби беше добра можност да му се пружи прилика. Беласица освен една контра, кога Гача одбрани 100% шанса, не изиграа ништо друго, и дадоа гол од ништо, без игра и иницијатива и на голем кикс на Целески. После израмнувањето очекувано за мене паднавме, игравме брканица на терен и во тој хаос можеше лесно и да загубиме на крај. Не знам колку се сериозни повредите на Симе, Десниќ и Жоглев, ама било кој од нив добро би ни дошол, а не знам и со Демир како е ситуација, цела полусезона ја истеравме без него.

Утакмицата со Пелистер ќе биде од огромно значење, слично сценарио лани и вакви глупи киксови на крајот ни ја искомплицираа работата и не чинеа пласман.
Гача имал здравствени проблеми претходните денови и не ни требал да брани денес, ама стегнал заби и издржа еден саат. Така да не се работи за некаква повреда.
Не кошташе многу нас тој меч од Купот евидентно. Се истрошивме и физички, и емоционално, а изгубивме и двајца играчи од навалата поради повреди. Фактички нас ни фалеше денеска скоро цела навала која е заслужна за повеќе од 50 % од головите сезонава и бевме сведени само на Кире Маркоски, за кого е очигледно дека е надвор од посакуваната форма. И таков беше најдобар напред. Јовче и оној Парталко не ми се ни коментираат. Никаков придонес сезонава.
Величковски исто е повреден и не можеле да рачунаат на него, а Демир си има бубачки во главата. Не сум сигурен ни дали се појавува на тренинзи.
Огромна е разликата меѓу првиот тим и резервите. За жал немаме ширина да надминеме ситуација како денешнава. Ова голманчето прв пат го гледам. Тотално изгубен делуваше. Искрено подобро да останеше Илиќ како бекап.
Сепак има најава за подобри денови. Според најавите ќе влезат градски пари до крајот на оваа со ребаланс и исто така ќе се предвидат во буџетот за идната.
odkako postignavme gol, dupla zamena so veljanovski
Грешка си. Влегоа на 0:0.
 
Прегледај го приврзокот 353547

Советниците во Град Скопје изгласаа помош од 250.000 евра за ФК Вардар ..
Друже тоа ти е предлог во ребалансот да се најди како ставка.
А за да му дат пари треба да помини ребалансот , а со оглед дека гласаа 19 советници само , ништо чудно и да го повлечат за да помини ребалансот , а плус мислам дека нема ни време кога се прај буџет 2023 да се гласа ребаланс во 15 ноември 2022.

Како и да е да си вратите клубот под градот е најпаметно , оти и со ова не ви е гаранција дека парите ќе завршат кај шо треба , а 100% и кај некои од ДПМНЕ ќе си легнат проценти ако помини .
А и сметката во е блокирана па ако пуштат на Вардар ќе си лапнат извршители , ако пуштат на вашиот газда (шо не смеат) е кривично дело.
 
Па баш Вардар е као услов да се гласа за ребалансот со негласање автоматски се против Вардар советниците што нема да гласаат.Шах Мат.
 
За да ги добие ФК Вардар овие пари ќе треба доста време, убаво пишал Џони. Инаку, Слободанчо нели најавуваше чистење на долгот? Сега читаме 4 плати им се должело, офф.
 
gradot ke go prezeme klubot i se ke se iscisti preku nok. potrebno e samo da ima volja a mislam deka ovojpat ima.
 
Друже тоа ти е предлог во ребалансот да се најди како ставка.
А за да му дат пари треба да помини ребалансот , а со оглед дека гласаа 19 советници само , ништо чудно и да го повлечат за да помини ребалансот , а плус мислам дека нема ни време кога се прај буџет 2023 да се гласа ребаланс во 15 ноември 2022.

Како и да е да си вратите клубот под градот е најпаметно , оти и со ова не ви е гаранција дека парите ќе завршат кај шо треба , а 100% и кај некои од ДПМНЕ ќе си легнат проценти ако помини .
А и сметката во е блокирана па ако пуштат на Вардар ќе си лапнат извршители , ако пуштат на вашиот газда (шо не смеат) е кривично дело.
19 од 28 советници се за тебе само!? Нормално дека од ДУИ/Алијанса нема да го гласаат предлогот. И не се само од ДПМНЕ, има и советници од другите партии што ја поддржуваат одлуката.
Додека парите ќе им се префрлат на личните сметки на фудбалерите. Исто како што беше спроведено при акцијата за купување карти прошлата година. Секако дека нема на фирмата на Слободан да легнат...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom