Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Коло и резултати како што можевме да посакаме… Следни две кола треба да се лесни 6 бода. За разлика од минатата сезона, сега за сега делува како да сме ја научиле лекцијата со губењето бодови на лесни утакмици…
 
Одличен викенд! Ние со лесна победа, а ривалите со неочекувани киксови. Воопшто не ни следев резултат на Воска-Кожув, рачунајќи ги како сигурни три бода за нив. Следните две мораме да ги победиме. Реално ни се погоди распоредов. Ние играме со Беласица и Тетекс, а Воска игра со Арсими во Гости и градско дерби со Охрид. За очекување е да кикснат на една барем и да се одвоиме на 6 бода разлика со нив. Гостивар игра со Охрид во гости и Детонит дома, па и они имаат шанси за кикс. Одлично ќе биде ако пред утакмицата со пелистер влеземе со преку 3 бода предност во однос на конкуренцијата.
 
Настрана првенствените дуели, во среда со Силекс е одлична прилика за опростување за тоа што го оставија клубот и втора сезона во втора лига. Се надевам дека ќе искочат максимално мотивирани за одмазда за лани и нема да бараат глупи причини ко небитен е купот ние првенство да си гледаме, да пазиме да не се повреди некој.
 
Коло и резултати како што можевме да посакаме… Следни две кола треба да се лесни 6 бода. За разлика од минатата сезона, сега за сега делува како да сме ја научиле лекцијата со губењето бодови на лесни утакмици…
Треба да се има предвид дека тимот е видоизменет и поразноврсен од лани до сега. На гол го имавме пацерот Илиќ кој не кошташе бодови во неколку наврати и таа позиција не влеваше сигурност се до враќањето на Гача, одбраната е горе-доле останата непроменета, во везниот ред место Љамче, Керим, М.Блажевски, ги имаме Панта и Јаневски, а најголема разлика се гледа на крилните позиции/нападот каде од Коцур, битолчанецот Наумоски, Фичо Петров, Грозданоски придонесoт беше премал и во офанзивата генерално сведено на инспирацијата на Шиле, додека Десниќ, Симе, Јовче, Жоглев, Бени сезонава одлично се надополнуваат и имаат важен удел за постигнатите голови, било како асистенти или стрелци...
 
Последно уредено:
Вардар е посилен од лани, ама најголемата промена на подобро е тоа што оваа година имаме фер судење. Не се форсира Воска, тоа минатата сезона беше прав терор што ни го правеа. Сега на овие од ффм им е најбитно Шкупи да биде шампион, а и тв правата за прва лига што ги поседува тв арена истекуваат ова сезона. Знаат дека никоја тв куќа нема да им ги откупи ако Вардар го нема во прва лига и оваа година ќе дозволат да се вратиме каде ние местото. Без разлика што спорт клуб ги има откупено домашните мечеви на Вардар, најгледани на тв се гостинските мечеви на Вардар. Се гледаме утре во Кратово да им вратиме на Силекс за ланската лакрдија во последното коло
 
Доста добро играме денес, имаме иницијатива и напаѓаме за водство...
Каква само шанса утна Симе, на одбиена топка, промаши цел гол од 5 метри при паднат голман...
 
Доста добро играме денес, имаме иницијатива и напаѓаме за водство...
Каква само шанса утна Симе, на одбиена топка, промаши цел гол од 5 метри при паднат голман...

igrame odlicno samo na prekini sme dupki... eden korner ili sloboden ne izvedovme kako treba
 
igrame odlicno samo na prekini sme dupki... eden korner ili sloboden ne izvedovme kako treba
Тоа го зборев и претходно, катастрофални нафрлувања имаме. Или како балон патува топката два дена или на поблиска статива одма ни расчистуваат.
 
Дирекно се иде на пенали или има 2×15?
Директно
Автоматски споено мислење:

Исти кур како лани 3 промашени/одбранети пенали. Кур ќе се пласираме
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom