Одличен викенд! Ние со лесна победа, а ривалите со неочекувани киксови. Воопшто не ни следев резултат на Воска-Кожув, рачунајќи ги како сигурни три бода за нив. Следните две мораме да ги победиме. Реално ни се погоди распоредов. Ние играме со Беласица и Тетекс, а Воска игра со Арсими во Гости и градско дерби со Охрид. За очекување е да кикснат на една барем и да се одвоиме на 6 бода разлика со нив. Гостивар игра со Охрид во гости и Детонит дома, па и они имаат шанси за кикс. Одлично ќе биде ако пред утакмицата со пелистер влеземе со преку 3 бода предност во однос на конкуренцијата.