Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ричков друже:D
Веројатно мислиш на Лука Стојковски како втор голман. Прв секако ќе е Гача.

Не заборавајте на Давидоски како играч под 20 години. Прошлата сезона ја пропушти цела поради повреда.
Во секој случај добро што се прочистија редовите. Премногу натрупани играчи, а аир скоро никаков од нив не видовме.

Го имав сменето пред да ме цитираш :D
Ми текна откако ја отворив пак темата, ептен се загледав одбојка, па го смешав со одбојкарот што се повреди :D

Да, го заборавивме Давидовски. Лани го планираа за прв состав, ама господ знае во каква форма ќе се врати.
 
И мене едино Иван Мицевски ми боде очи од листава, 19 години има, а од тоа досега малце што сме го гледале, изгледаше ко да има некој потенцијал, физички беше доста добар. Другите беа во глобала прекумрени/непотребни. Според ова, дефинитивно треба да се носи десен бек, штопер, шпиц, покрај шпиц јас би земал и уште некој играч за во нападот за ротација бидејки ќе бидеме доста тенки. Како младинци влегуваат голманот Лука Стојковски кој не верувам дека би добил некоја минутажа, Ричков на лев бек кој се надевам ќе го гледаме почесто следна сезона, делуваше доста добро, во средниот ред Николов, Јусуфи и Давидовски и Парталко во нападот. Ништо чудно да планираат 2-ца од средниот ред во стартниот состав да бидат у-21 играчи покрај Мицевски, најпокриени сме таму, а реално и најспремни за сениорски фудбал делуваа Николов и Нијаз Јусуфи, плус би го имале и Давидоски таму, него искрено многу баш и го немам гледано. Се надевам на квалитетни засилувања на десен бек, штопер и шпиц, се останато би било бонус.
 
Изгледа и Пеев оди во пензија.

Туку, не ми е јасно зошто нашиве не запнат да го донесат Лука Трајкоски од Борец на лева крилна позиција. Млад репрезентативец, одличен за втора лига.
Гледам слободен е и Пепи Ѓорѓиев од Академија Пандев, кој би бил интересен за нас.
Гледам Џемал Ибиши игра во некој второлигаш од Хрватска што едвај се спаси од испаѓање, Дубрава кабли. И него може да се потрудат да го донесат, иако изгледа најдобар стрелец им бил таму.
Обавезно ни треба десен бек, а Шкендија го пуштија Тимовски. Сепак, може во моментов он за нас е голем залак.
Дурански е слободен играч за во средина на терен.
 
ti zaboravas u vtora liga igrame.... se si mislam greska ke ispadne sto prvo gi pustivme igracite a ne se zasilivme predhodno
 
Вардарфанс имаа објава дека Попзлатанов нашиве сакале да го донесат, ама ем они не ми се веродостоен извор, ем не ми е некако јасно како Ѓорче пред евро настапи би го пуштиле, плус за во втора лига не би бил баш ефтин Јовче... Ако успеат стварно да го донесат него, би било екстра, он е топ играч за прва, не па за втора лига...
 
Повеќето играчи не сакаат да потпишат за нас бидејќи Вардар сеуште го бие лош глас за неисплаќање и каснење со плати уште од времето на Самсоненко. А и новиве газди не се ништо поарни во тој поглед, затоа што и они должат неколку плати. Мене уште ми се контрадикторни многу работи во и околу Вардар, Skopje Rossonera од една страна ни кажува за трансфери и кои играчи ќе се донесат ( што не викам дека не е така) ама од друга страна во реалноста Вардар скоро и да не функционира. Хиподром базата под клуч, нема каде да се тренира, целата младинска академија е во хаос итн. Сепак на крај ќе видиме што ќе испадне од сето ова.
 
ti zaboravas u vtora liga igrame.... se si mislam greska ke ispadne sto prvo gi pustivme igracite a ne se zasilivme predhodno
Брат, не е дека збориме за Меси и Роналдо :D
Максимум на овие им е потпис за екипа што ќе се бори за опстанок во лигата, ако имаме пари да понудиме нешто повеќе, би дошле сигурно.
Инаку се сложувам, ослободувањето на толку играчи може да е меч со две острици.
Како што кажаа и погоре, ем има гласини дека финансиски сме крш, а од друга страна бркаме прволигашки играчи...
 
Повеќето играчи не сакаат да потпишат за нас бидејќи Вардар сеуште го бие лош глас за неисплаќање и каснење со плати уште од времето на Самсоненко. А и новиве газди не се ништо поарни во тој поглед, затоа што и они должат неколку плати. Мене уште ми се контрадикторни многу работи во и околу Вардар, Skopje Rossonera од една страна ни кажува за трансфери и кои играчи ќе се донесат ( што не викам дека не е така) ама од друга страна во реалноста Вардар скоро и да не функционира. Хиподром базата под клуч, нема каде да се тренира, целата младинска академија е во хаос итн. Сепак на крај ќе видиме што ќе испадне од сето ова.
Друже, па тоа со трансферите, уопште не значи дека ситуацијата во клубот е како што треба. Тоа во ниеден момент јас не го порекнувам. Чисто за да не се разбереме погрешно :D
ti zaboravas u vtora liga igrame.... se si mislam greska ke ispadne sto prvo gi pustivme igracite a ne se zasilivme predhodno
Се ослободивме од апсолутно непотребни играчи, со исклучок на Петковски за кого веќе имаме и замена, другите беа резерви или воопшто не играа. Костурот на тимот е зачуван.
Изгледа и Пеев оди во пензија.

Туку, не ми е јасно зошто нашиве не запнат да го донесат Лука Трајкоски од Борец на лева крилна позиција. Млад репрезентативец, одличен за втора лига.
Гледам слободен е и Пепи Ѓорѓиев од Академија Пандев, кој би бил интересен за нас.
Гледам Џемал Ибиши игра во некој второлигаш од Хрватска што едвај се спаси од испаѓање, Дубрава кабли. И него може да се потрудат да го донесат, иако изгледа најдобар стрелец им бил таму.
Обавезно ни треба десен бек, а Шкендија го пуштија Тимовски. Сепак, може во моментов он за нас е голем залак.
Дурански е слободен играч за во средина на терен.
Ако е точно ова со Јовче... ете ни топ десен бек. Човекот е измислен за таму... не ми е јасно зашто упорно го форсираат на крило.
 
Тренинг кампот во Хиподром е под клуч извесно време,база на Вардарци ќе биде теренот на Локомотива во К3.Со плати се касни во Вардар моментално ситуацијата бетер и од пред да си иде Самсоненко.Незнам како мисли да тера дечково "финансиер"во клубот, Спасот е само нов стабилен спонзор.
 
У Турција се пак. Да се тренира на Локомотива...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom