Недостасуваат финеси и реално на секој дуел резултатите можеа да бидат поинакви, но добиваме на искуство и полека се стабилизираме, пред се со јака одбрана и силни контри по крилните бекови.
Но, недостатоците не се толку воочливи од причина што лигата е на доста ниско ниво. Сепак, многу работи ќе зависат и од други фактори, како повредени играчи, формата на директните ривали и слично. Засега Тетовче одлично си ја врши работата, а и во тимот има голема хемија.
Следново коло ќе биде многу значајно, ако ние ги тепаме Пандевци, а Шкендија не победи со Слога, би биле на +4 од Пандевци и +8/9 од Шкенди, што би било голем психолошки притисок за нив, пред првиот овосезонски дуел.