Играва денес повеќе од Сонцето не утепа, потполно се согласувам со Коњаникот истиот муабет и за време на утакмицава го правевме...За Глишиќ пишав и после утакмицата со Силекс дека не е бек ни за во трета лига, што сакате кажете за Попов, ама дечкото е измислен за сите на таа позиција, без тренинзи да е и само на утакмици да се појавува пак класа ќе биде за Глишиќу. Ако одбраната ни беше најсилниот дел од тимот пред некое време сега е тиња. Гача една ќе брани ќе си помислиш кој знае какво голманште е, после 10 ќе плива, ваков Вардар мора да има подобар голман. Хамбар денес колку толку се трудеше и одигра солидно, Муслиу искина, единствен што вреди во моментов, мора да биде стартер во ЛЕ, од него може да биде одличен стопер во иднина, Грне го јадат веќе годините, ќе истера уште сезона две, ама мора да се размислува за екстра стопер, една класа подобар од моменталниве, Велковски катастрофа, на лев бек па побетер. Мора да се пазари добар голман, стопер и лев бек. Се гледа разликата и во средина без Стефан, никаква игра немавме против еден маалско рекреативен клуб. Ќе видиме како ќе се вклопи овој Вања, многумина знаеле на почеток да не покажат ништо а потоа да се разиграат, а од тоа до сега што го видов за мене не е ни просечен играч, не знам ни со Силекс што ви се допаднало, два шута имаше, еден заврши кај Комити, за другион милиш голманов требаше да излазе понапред за да ја фати, како изгубен ми е дечкото скроз али ајде може ќе се вклопи па барем за во лига да врши работа...За во напад што побрзо да се среди работата со Максимов се надевам ќе може некако да игра затоа што црно ни се пишува..И уште една работа од кога дојде Чеде освен со Победа што одигравме мајсторски и тоа во Ѓорче, на другиве утакмици воопшто не ми се допаѓа како играме...Силекс ни направи еден куп шанси на Градски, малку фалеше да се вратат, утепаниве Скопје гол ни дадоа и бодови ни скинаа што се смеевме во друшто како на нивен корнер пола екипа во одбрана им седи...Веројатно густиот распоред си го прави своето али сепак ова од денес не смее да се повтори ќе видиме како ќе биде понатаму, сезонава изгледа потешка ќе биде од ланската...Дечките од темната страна се попалија што ни скинаа бодови а од Шкендија петарда ќе примат им посакувам среќно испаѓање во втора лига и никад да не се вратат, најсељачки клуб во мак фудбалот.
Ќе имаше и навивање екстра, и ќе се продолжеше колку толку еуфоријата кај Комити да не пуштеа сељачиштата,
не знам на кој основ не го направија истото, можеби имаше и 200-300 Комити, па после тоа дел се снаоѓаше по ридчиња, некој си отиде, некој влезе со обична публика па денот пропадна од навивачки аспект...