Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Абе дечко, ваљда не можеш да ме сфатиш. Не реков ја дека Попов изиграл маестрално, ни па дека бил најдобар играч против Динамо. Ама едноставно ништо не можеш да добиеш со тоа што ќе почнеш да му свириш. Знаеш ли која демотивација е кога од 18.000 твои навивачи на стадион, 10.000 ти свират? Не се противничките па да те фати инат и да искинеш после тоа.
И не знам ја како тоа он бил крив за двата гола? Океј, за вториот може. Ама за првиот што е крив Попов? Му прошле неколку пати по негова страна. Па не игра за Барса или за Реал па да очекуеш дека не може никој да мрдне по негова страна. Па и на бековине на Барса и Реал им се шетаат по страна па што остана за еден Попов и Вардар.
И мене ме изнервира у второ полувреме и го опцув, ама можеш да опцуеш секого у тој момент. Ама ќе опцуеш у себе, а не да свириш на свои играчи. Ништо не можеш да добиеш, само можеш да изгубиш и играчот да се изгуби скроз, ко што се изгуби Попов после толку свирења.
Проблемот не е што он имал лош ден, пошто сите грешат тоа е нормално...Проблемот е што глуми лудило, наместо да проба да се оправи!
Втора работа дечкото играше ПЛ, колку сака нека е лош или добар играч, и безразлика дали јас го сакам или не да играш у првите 4 лиги па и у најслабиот тим, сепак треба да имаш некој квалитет. Попов го има тој квалитет очигледно, али нема карактер и спортски дух во него. Затоа и беше исвиркуван!
И Роналдо да игра у Вардар и така да се понаша и него ќе му свирам ако дал 150 гола против Шкендија и Пелистер.
 
Горан Попов не беше исвиркан од Комити, дури на крај и беше поздравен и се скандираше малце неговото име, а тоа ако бил исвиркан од некој сељак од којзнае каде кој прв и последен пат иде на Вардар, не се бори и не е валидно.
 
Попов против Шкендија ги изигра сите мечеви феноменално , али останативе што го свиреа одат еднаш годишно и затоа појма немаат!
Кои сите против Шкендија? Сите 2 на Градски пролетва? Затоа што есеноска си дозволи факинг Баже Тодоровски да направи мајмун од него и беше најголем кривец за испаѓањето од куп. „Феноменалноста“ на неговите настапи против Шкендија пролетва е во тоа што нормално си се враќаше да покрива позади и не си дозволи некој поголем кикс како што ги имаше неколку есеноска кои не чинеа бодови, и толку. Офанзивно не направил ништо, една шанса не памтам да креирал по негова страна на сите дуели против Шкендија сезонава. И не само против Шкендија, воопшто не ми текнува дали човекот има асистенција за гол макар и против мртваци како Царев Двор или Металург откако е дојден кај нас, не па да имал феноменални настапи.
 
Mater mu ebem da imavme nekoe tipche ko Toni Silva, i nekoj salam spic ko Anete od Levski od kaj bese.. Dinamo ke padneshe na kolena vo Filip 2, mater mu ebam.:mad::mad::mad::mad::mad::mad:
 
Уште ми е криво и не можам да се помирам дека изгубивме, ама верувам во чудо :icon_mrgr: дај бе еднаш и нас да ни се насмевне среќата, ние како што сме и во фудбал и во ракомет ништо чудно на 1:0 за нас во 90-та минута статива да погодиме или пенал да промашиме :D
Ах бее..како не испазареа подобро, па макар и тие неколку што се спомнуваа дека ќе потпишат, да беа во тимот, без некои екстра ѕвезди, пак ќе беше друго...

Не сум сигурен колку може Динамо да одигра повторно на истото ниво од Скопје, очекував многу повеќе да доминираат, ако ја имаат истата игра, а ние влеземе машки, без респект и отворено имаме шанси, покажавме и во Скопје дека можеме да ги победиме.
 
Помини го Динамо Загреб, и во групи Лига Европа имаш загарантирано место... Ах, како ја утнаа работата лани со Апоел со Андреев, плачеа за елиминација Апоел лани, а богами и Динамо со играта во Скопје (n)
 
Во Загреб очекувам во најмала рака неизвесен дуел... нема да биде како во Скопје, ќе трепери Динамо до крај за пласман во 3-то коло. Ќе треба Вардар да оди на се или ништо па што сака нека биде, нема што да се изгуби при ваква ситуација и резултат. Нека почне на голот со Пача, во одбраната Попов-Брда-Грне-Новак, во средина Спировски, Влатче, Хоф, Фелипе и во напад со Балотели и Јаско.
Да се надеваме на најдоброто... Со Господ напред и верба во себе да го освоиме Загреб!
 
И јас мислам дека може да му се даде на Влатче шанса сега на реваншот, па и стартер да биде. Како што слушнав Грозданоски солиден бил на подготовките, нема веќе маки со старата повреда, кондициски спремен и желен за игра и победи како и секогаш. Ги има годините ама неговото присуство у тим на вакви утакмици многу ќе значи, он има играно со Цска пред многу години, многу ќе значи на младите да им каже ајде дечки можеме. Се надевам дека Седло ќе размисли добро околу ова.
Иначе Комити официјално ќе организираат гостување, како што се збори 4 буса веќе обезбедени започнато е пријавувањето за гостување во Загреб.
 
Odenje samo so clenska + 300 denari.Clenski koj nema izvadeno moze da izvadi do vtornik od 19:00-21:00 na Fontana!
 
Секако мора да се дадат 2 гола таму, значи мора да бидеме ултра офанзивни...

Асани - Фелипе - Спировски - Којашевиќ
Петар - Балотели​
 
Искрено не знам кај баш Влатко го барате, точно дека има искуство ама за мене тој е завршена прикаска, уствари уште пред да се повреди лани на дуелот со АПОЕЛ беше очаен, сеа и да е вратен во форма пак не гледам по која логика да стартува, мислам дека Којашевиќ, Асани, Балотели, Петковски и Хоф (како крило) се сите подобри опции отколку он.
 
Каков Петковски, кога ќе добие на цврстина и градба тогаш ставајте го у прв тим, автоматски со играч помалце на терен со него. Балотели треба да стартува, такви се опциите у напад мизерни. Штета што е Шиле повреден кога веќе не донесоа засилување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom