Ја има цела утакмица од денес, неам сега многу време за цела да ја гледам, од тоа што видов набрзинка, пред се во второ(тоа повеќе ме интересираше), овој Ќеран добар впечаток ми остави, добро игра со топка добро се движи, играше нешто по повлечено, овој Нимани беше најистурен. Доста поактивен беше Ќеран, учествуваше во акциите, а и добро ја спука за голот. Нимани одлична реализација при голот, вака друго и не ми остави којзнае каков впечаток, мада и немавме некоја игра, средината беше слаба, Стојков и Шиле како крила па само Глигоров држеше, Денковски не ми е за 4-4-2 формација, некако изгубено ми делуваше, понапред веројатно подобро ќе функционира, едино со Фелипе заедно во 4-3-3 формација.. Ќе видиме и на наредниве мечеви како ќе функционирамем рано е после едно полувреме да се збори. Не ми текна само дека Којашевиќ во прво играше, забораив и него да го ѕирнам

Головите се 33, 68 и 70 минута