Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Од некој менаџер на Аква Парк кој фигурирал чисто колку да зима некоја плата до директор на најголемиот македонски клуб. Би рекол капацитет на плуќа.
 
Од некој менаџер на Аква Парк кој фигурирал чисто колку да зима некоја плата до директор на најголемиот македонски клуб. Би рекол капацитет на плуќа.


Баш ме интересира кој спортски работник или еве менаџер ти би го ставил за да раководи со Вардар. Значи сериозно прашање е, јас немам никакво мислење за дечково, сите викаат не чинел се дигал што знам јас ама еве да не е он, кој би задоволил? Јас не знам за еден асален македонски спортски работник/ менаџер. Тие што се колку толку асални и инволвирани во фудбалот најверојатно не би дошле зашто или ни згрешиле или сме им згрешиле во минатото.
 
Баш ме интересира кој спортски работник или еве менаџер ти би го ставил за да раководи со Вардар. Значи сериозно прашање е, јас немам никакво мислење за дечково, сите викаат не чинел се дигал што знам јас ама еве да не е он, кој би задоволил? Јас не знам за еден асален македонски спортски работник/ менаџер. Тие што се колку толку асални и инволвирани во фудбалот најверојатно не би дошле зашто или ни згрешиле или сме им згрешиле во минатото.
Било каков да е, скаран не скаран, само да не е партиски поставен.
 
Било каков да е, скаран не скаран, само да не е партиски поставен.

Па еве имаше предходно такви. Панчев, Сетинов, Шехтански (овој додуше индирекно беше) и што фајде видовме од нив?

Со овој вака така собравме и репрезентативци и сме на добар пат да изградиме спортски центар. Ако ништо друго еве игралиште се направи со овие погоре што бидна?

Преку кур веќе од тоа дали некој бил или не бил партиски, што е тоа толку битно? На крај крајева и тие што не се одма се етикираат после дека подржуваат некоја страна, таква е државата, се направивте да е партиски. Дајте да видиме дали Вардар иде напред или не. Што прави он у слободно време ич не ми е гајле, слободно нека лепи плакати, иде на демонстрации, дреме у дискотека, тоа си е негова работа. Дај ми реална причина каде еве Вардар не се движи како треба а е у негова надлежност па да речеме не чини.

Андреев, стручниот штаб и играчите го изгубија купот таму треба нешто да се смени и еве се менува, се носат играчи ама на административно ниво мислам дека глупаво е да се жалиме.
 
Доста тогаш критики без причина. Све нешто не ти чини а во последните 10 години у ствари никад не било подобро бар на организациско ниво. Да се вратиме у ерата еве на Сетинов кога немаа за прашок за перење или струја да платат....На терен сме биле резултатски подобри кога не водел едино градот ама и тогаш ако добро се сеќавам сереше дека не чинело, пак било партиски, првиот човек бил партиски поставен, бил кошаркар и што ти не... Убаво те прашав кажи кој конкретно треба да дојде за да бидеш среќен. Секој бизнисмен во македонија ви е на еден или друг начин партиски ако не дирекно тогаш е етикиран, странциве дури и тие што имаат направено пари пред да дојдат во МКД ви се партиски потрчковци, дијаспората исто абе утре марсовци да дојдат прво што ќе прашате за која партија се а ако не одговорат гарант ќе најдете начин како да заклучите која страна ја подржувате и ќе ги обоите некако. Македонија неможе да крене глава не од партиите него таквите ко тебе што само тоа им е у главата и се критикуваат наместо да видат дали има напредок.

Смешно е да кажеш дека како клуб не идеме напред ама ајде ти си знаеш, најлесно е да си хејтер само пази тоа не ти стане навика за се во животот зашто така далеку нема да стигнеш.
 
Дај ми реална причина каде еве Вардар не се движи како треба а е у негова надлежност па да речеме не чини.
Маркетинг на клубот = нула.
Пресконференции после срамни порази = нула.
Ажурирање на веб страната = како ќе им прдне.
Организација на продажба на билетите = хаварија иако на север има едвај 300 души.
 
Маркетинг на клубот = нула.
Пресконференции после срамни порази = нула.
Ажурирање на веб страната = како ќе им прдне.
Организација на продажба на билетите = хаварија иако на север има едвај 300 души.

Маркетинг - ВАРДАР ТВ, краткорочно, долгорочно се работи на ВАРДАР ТВ 24 часовна локална ТВ станица. Моментално се бркаат работи окулу лиценца. Далеку сме од ова ама за 3-4 години ова ќе го имаме што ќе не напарави еден од ретките клубови на балканот и пошироко да имаме ваков медиум под нас. Направен е и фан шоп кој ко за почеток не е лошо.

Пресконференции - се сложувам треба да ги имаме после секоја утакмица меѓутоа чија одговорност е тоа? На ТВ од појаките лиги редовно ги гледаме АМА тоа е организирано од медиумската куќа која го покрива натпреварот и е дел од договорот за телевизиски права. Значи премиер лигата добива милјарди евра од тв правата а под тоа спаѓаат и пресконференции пред и после натпреварот како и снимки промо материјали итн... Кај нас нема таква професионалност се е оставено до клубовите. Ако нема некој да побара интервју после натпреварот не се обидуваат нашите да се наметнуваат. Нашите порази беа во Тетово, така да и немало некоја поголема покриеност. Се сеќавам во еден од порталите после купот прочитав изјава од Васовски и од Влатче. На ова пред се мислам треба да поработи и да се лутиме на ФФМ која ги дава/продава правата од лигата без притоа да диктира услови окулу форматот на тој пренос. За МТВ за жал нашата лига е заморче си имаат они стандардна шема од која неќат да отстапат така да често се случуваше оваа година на прва да се даваат некој емисии за агрибизнис, на МКТВСАТ да ни вртат снимки од Валадново 84та а да го тупнат преносот на собраниски. Ги заболе нив, си вршат пренос со една камера колку ради реда. Прес конференции од нив тешко.

Веб стана се слагам потполно. Срамота е што бар тоа не го одржуваат како треба.

Продажба на карти - Дали мислиш дека вреди за 300 продадени карти нешто да се менува? Тест ќе бидат утакмиците во европа ама за 300 карти една билетара и продажба пред утакмица е адекватно. Толку и има и функционира. Да на одредени утакмици заебаваа со картите и вратите затварање ама ако тргнеме на страна навивачки чуства и гледаме чист од страна на профит (тоа пред се е неговата работа) кажи ми ти мене дали не би постапил така кога за цела полусезона си продал карти во вредност од 3-4000е а само од ФФМ имаш казни од 13500е плус барем уште толку од МВР. Згора на тоа одвојуваш средства за навијачи, и за казни на навијачи/помош на повреден навијач. Да не се разбереме грешно, се сложувам дека ова треба да се подобри ама е далеку од приоритет моментално.



Ај сега да ги разгледаме позитивните работи -

Есенски прваци сме (се сложувам можеше повеќе ама цела полусезона ја изигравме без класичен напаѓач за на крај да играме 5-6 кола и без цела лева страна), играчки осетно се засиливме и допрва ќе се засилуваме.

Игралиштето во Аеродром е пуштено, а на добар пат сме да почнеме да градиме и тренинг комлекс. Со оглед на димензиите (земјиштето обезбедено) ова е солиден старт. Во склоп на хотел Русија имаме наша теретана и медицниски центар каков што може да сонуваат повеќе клубови на балканот. Во план е и изградба на наш стадион.

Вардар ТВ - го искоменирав погоре, мислам дека ова е ГОЛЕМА работа.

Се донесоа неколку интернационалци што ќе го сочинуваат костурот на тимот. Јасно ми е дека на секого посебно на тебе ова и не ти баш по воља и дека имаш некоја друга визија за тоа како ти би го извел ова ама сепак концептот кој го најавија и во кој веруваат еве го спроведуваат.

Имавме феноменални подготовки летово а на добар пат сме да го имаме истото и замава. Вардар ќе биде единствен тим од македонија што ќе биде цел месец во турција.

Се на се не е лошо... Ако нешто треба да се критикува мислам дека се пред се играчите (посебно голманот кој прими доста пацерски голови со ренова и затоа ќе си иде), назначувањето на Седло место Бајо и може до некаде Андреев/Васовски мада имавме и ствано доста малери со играчите па мораше да се импровизира до некаде. На пролет со нови сили и оздравени играчи пак се ќе биде ко на стартот од првенството кога мелевме се пред нас.
 
Последно уредено:
Со овој вака така собравме и репрезентативци и сме на добар пат да изградиме спортски центар. Ако ништо друго еве игралиште се направи со овие погоре што бидна?
А демек негова заслуга е што ги собравме репрезентативците?! Играчите доаѓаат по сугестија на Седло и Васоски... ја гарантирам дека тој нема ни појма кои се играчите. Неговите фудбалски познавања се покажаа кога истресе една изјава за Андреев дека водел многу поголеми екипи и од ФК Вардар?! И стварно многу тешка работа е да ги убедиш играчи со преку 30 години да дојдат кога ќе им извадиш на маса сума од 150-200 илјади евра на годишно ниво... тоа ти е исто како ќе ти падне секирата во медот!
Неговите обврски се други, репрезентативци и спортски центар ќе бидат и без негово присуство!
 
Моменталната организациска поставеност во клубот покажува (барем на мене) дека сме многу далеку од европски Вардар. Никаков маркетинг нема, нема карти нема гледачи а да не зборам дека не можеш дрес да си купиш или некој друг рекламен материјал... абе ако треба сите деца од младински и кадетски школи со автобус ќе ги собирам да ги донесам на стадион само да не се игра пред 100 гледачи
 
А демек негова заслуга е што ги собравме репрезентативците?! Играчите доаѓаат по сугестија на Седло и Васоски... ја гарантирам дека тој нема ни појма кои се играчите. Неговите фудбалски познавања се покажаа кога истресе една изјава за Андреев дека водел многу поголеми екипи и од ФК Вардар?! И стварно многу тешка работа е да ги убедиш играчи со преку 30 години да дојдат кога ќе им извадиш на маса сума од 150-200 илјади евра на годишно ниво... тоа ти е исто како ќе ти падне секирата во медот!
Неговите обврски се други, репрезентативци и спортски центар ќе бидат и без негово присуство!

Па он е извршен директор негова работа меѓудругото е и тоа. Седло и Васовски уствари работат за него, он им е претпоставен.

А кога ПРЕДХОДНО ние или некој друг од МКД убедил такви играчи да си дојдат дома? Со предходните раководства губевме деца и играчи од клубови ко работнички, игравме сезона со младинци и доживеавме катастрофа од кумановски милано во поблиското минато. Зошто Васовски или Христов на пример не ги завршија кариерите во Македонија? Ако е така едноставно зошто никој друг не привлекол до сега интернационалци од овој калибар? Не си во право за сумите ама и да си што има тоа врска?

Кој се НЕГОВИТЕ обврски?[DOUBLEPOST=1419849020][/DOUBLEPOST]
Моменталната организациска поставеност во клубот покажува (барем на мене) дека сме многу далеку од европски Вардар. Никаков маркетинг нема, нема карти нема гледачи а да не зборам дека не можеш дрес да си купиш или некој друг рекламен материјал... абе ако треба сите деца од младински и кадетски школи со автобус ќе ги собирам да ги донесам на стадион само да не се игра пред 100 гледачи

И што е поентата ако се игра пред екстра 300 деца? Демек стадионот нема да зјае празен? За маркетинг треба да заработува клубот, реклама на тв ти е 2-5 евра од СЕКУНДА. Цел приход од влезници би купил помалку од 10 реклами и тоа ако не не кошта ништо за продукција.

Дрес ќе си купиш во фан шопот, порано ни тоа го немавме, сега кога имаме место каде можеме да купиме производи од Вардар пак не ни чини... Истите вие тука кукавте за цените кога излегоа дресовите на ракометарите.
 
Последно уредено:
Дали некој знае како ФФМ го има направено календарот за 3тиот круг?

Од она што е на нивната веб страна ние играме 4 дома 5 во гости освен ако не е грешка па Работнички - Вардар да треба да е обратно напишано мада и тоа не ми се верува зашто Работнички исто треба да има 5 домашни според стариот систем.

тој календар уште не е направен. откако ќе заврши третиот круг, тек тогаш ќе се знае календарот за плеј-офот затоа што зависи која екипа на кое место ќе заврши.
 
Васовски се врати во Вардар. Хроничната повреда на коленото го пензионираше иако потпиша за Вардар.

Фаранг ставањето на Симев на местото главен и одговорен за се што се дешава во Вардар ти е исто како да земеш рандом дете што завршило некој факултет за менаџмент и го ставиш на нешто што има традиција. Бараш некој подобар а не кажуваш во што е добар Симев. Апла е фејл.

Прва работа го отпушти Боби на полусезона лани го донесе овој неукиов. Ги изгоре сите играчи и од прво на крај на сезона завршивме 5ти. Тука му прогледаа низ прсти остана тренер имаше какви сака припреми и најдобар состав за наши услови, или ајде посликовито ако сакаш имаш услови во кои се освен двојна титула е еднакво на неуспех. Пак се потфрла во остварувањето на зацртаните цели итоа во осмина финале. Пак никој не сноси одговорност.

Втора работа ти е комплетниот менаџмент. Добивам впечаток дека управите на Вардар не сакаат публика на стадионите. Озбилно имаме најголем потенцијал за полнење на стадион: традиција, услови, голем град а тоа останува неискористено. Го доведоа тимот во ситуација да им зависи (минимален) маркетинг од ракометниот клуб. Да, привлекоа спонзор во ФК Вардар преку РК Вардар. Ова ако е добро работење тогаш имаме различни гледишта на целата работа.

Трета работа немој сега да ни кажуваш за трпение тука кога земјата каде што живееш и вкупното окружување и менталитет бараат резултати исто како што бараат тука, само таму нема штитење грб и одговорност си сноси секој. Е тука сега не правиш како ние слепи да сме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom