Вардар не би бил Вардар ако во тимот нема 2-3 битолчани

Од секогаш значи ова било...
Не заебавајте Пачовски не ви чинел, Пачата моментално е најдобриот голман од Македонија , на колку меча за репрезентација само спасуваше чисти зицери, во Белгија е подолг период бранеше стандардно освен последната сезона кога во Мехелен највероватно му донесоја поквалитетен голман од него и го седна на клупа Пачата и мораше да бара нов клуб, пред се треба да држи форма за репрезентативните настапи. Први заинтересирани беа Пелистер за да го вратат Пачовски и Ѓоко посекоја цена го бараше назад, ама највероватно бараше многу повеќе од колку шо му понуди Пелистер и не дојде кај нас, се откажаа од него, во Вардар сигурно би земал околу 15 000 евра, а нашите прашање е дали му понудија 3 пати помалку од тие на Вардар. Сепак реално и тие пари се ПРЕМНОГУ за 33 годишен голман, за тие пари шо ги зема тој 3 години во Вардар не треба да прими гол.

Арно го зедовте Пачата, сега ние да ви со собериме Игор Павловиќ и ние и вие среќни задоволство од двете страни

Блажевски е струја играч, очекувам да распука пак во Вардар, тој во Турново сам играше и му носеше резултати овде со добра екипа би бил Меси во лигата, штета за овај играч оти можеше да игра во многу појаки клубови во Европа а замина во Азербеџан ни слушнат ни виден клуб...
Спировски


Не ми се верва дека овај манакенот го зедовте, лазарка на теренот ќе си имате, овај во Пелистер не би го зел никогаш, па сега за европски Вардар овај како засилување

Погрешен избор, вардар има подобри од него. Ќе покажи времето ќе се уверите

За Мирко Ивановски доколку успеј Вардар да го земи вистинска бомба би бил за во лигата, се истури од голој во Клуж, но не ми се верва така лесно Клуж да го напушти кој е редовен учесник во Европа, плус редовно Мирко си игра таму и нивната лига е светлосни години пред нашата, тешко дека во блиска иднина би се вратил Мирко кај нас, побрзо би потпишал повторно негде во Полска, Чешка отколку тука...