Шта речи коју послуку порати.
Пелистер-Ѓорче меч со две навивачки екипи не е од висок ризик, Ѓорче-Вардар со една група е од висок ризик.
Значи секој наш меч е од висок ризик и ќе ни бараат лични?
Управата затворена за контакт со Комити.
Околу 200 души се упативме да навиваме од позади гол.
Мечотсо старт како од соништата.
Само што тргнавме од центарот, се направи брза акција по која Петров искочи пред гол и погоди за 0-1.
Набрзо дадовме уште еден гол.
Некоја акција имавме, некој шутна ако не се лажам, не видов баш најубаво ама топката скокна на 2 метра од голот на Ѓорче, а Асани ја заби со глава за 0-2.
И таман си викам, алелуја ќе тепаме, се посравме.
Овие Ѓорче тешка копаклана, како косеа чудо едно, мислам дека уште толку играчи ни повредија.
Сами го вративме противникот во игра, откако направивме некој екстра глуп пенал, од никаква ситуација, на раб на шеснаесетник.
Захов скоро да го фати пеналот, но сепак топката влезе во гол.
Неколку минути потоа по опасен фаул на средина на теренот, Ѓорчевци добија црвен картон.
Есдно 70 минути ни играа со играч помалку, имавме водство и на крај ги загубивме бодовите.
Кај им даде црвен судијава, кај си еба матер, уште толку ги разигра

Прво Ѓорче имаа шанса за израмнување, ама ептен ропачки шут над гол извадија.
После Бујчевски прими одлична топка во празно од Ловречич ако не се лажам, ама шутна како баба. Завршницата му е ужас, и тоа му беше првата утната сто процентна шанса во првиот дел.
Ѓорче притисна и заслужено израмни, со гол кој според мене осди на душа на Захов. Не натскокаа при нафрлена топка, али Захов беше очајно позициониран и си прими голче...
Какви несреќи имаме во тимот.
Овој Трниниќ КАЈ ГО НАШЛЕ ЧОВЕЧЕ???
Како заден играч беше сам на наша половина и ја нагазна топката и падна, па за малце ќе им подареше чиста акција на домаќините.
А за Рибарот не ми се трошат зборови.
Дефинитивно Цикарски е далеку посдобар избор.
Абе дрво бе, цреп црепосан, непосдвижен

Во прво полувреме требаше одново да поведеме, Вујчевски доби топка на тацна, но од 5 метра успеа нафрлената топка да ја шутне над гол
Второ полувреме МРТВИЛО...
Ѓорче ни ја остави топката, а ние не знаевме што да правиме.
Кружевме околу нивниот шеснаесетник, одлева па на десна страна и никаков ефект. Ќе нафрлат, нивнине повисоки одма ни добиваат дуели...
Реља му врати една топка ко баба на Захов,овој му ја додаде во паника на напаѓачот на Ѓорче, ама истиот се сплетка и се посра. После Ѓорче имаше пречка, одвај спасивме глава во таа акција, која искрено не ја видов.
Последната шанса ја имавме ние, но од некои 15-тина метри, иако (мислам) Деспотовски биеше силно, голманот на домаќините спаси со парада.
Ако ништо друго барем имаме 5 од 5, ама не победи туку бодови

И петто место секако
