Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се верува да тепаме, ќе биде добро ако не загубиме денес :D

Човече на хартија каков среден ред имаме треба да газат во лигава. Ама за жал изгледа им поминало времето. Порано да имавме средина Стојков, Деспотовски и Гроздановски сигурно немаше да имаме суша од 10 години. Па и во дефазива Таневски треба да гази, а тој дојде до дереџе да е резерва на Бојовиќ и Димитровски :tapp:
Голот со Металург не сакам ни да го коментирам. Резил жив, и Цикарски и Дади.
Реално немаме толку лош тим, само што немаме напаѓач со оглед на тоа што Бујчевски изгледа ќе го нема два месеци...

Им фали поддршка и самите кажуваат. Викаат не ни се игра кога немаме за кој да играме.. То је то...

Ајде пак ти со твоите песимистички прогнози:P Не ја малеришај уште непочната:icon_mrgr:
 
Стартен состав за Вардар:
Захов, Рељиќ, Таневски, Димитровски, Петровиќ, Јовановски, Деспотовски, Грозданоски, Хименез, Адемовиќ и Стојков.
Резерви:
Павловиќ, Бојовиќ, Симјановски, Блажевски, Темелков и Петров.

Немаме лев бек? Петровиќ ќе ги биде лев бек? Што се случува со Рибарот, некоја повреда има што го нема ни на клупа последниве мечеви??? И Цикарски не е ни во составот?
--- надополнето: 22 септември 2013 во 15:39 ---
Уште непочната веќе губиме...
1-0 со гол на Селмани
ГООЛ - 1-0 - 5’ - Вистинска бомба од 25 метри испрати Неџипи, ја погоди гредата од голот на Захов, но на одбиената топка натрча Селмани и од неколку метри лесно ја смести топката во мрежата покрај немоќниот вардаров голман
 
ГОЛ - 2-0 - 10’ - Мустафи нафрли од слободен удар, а Неџипи непречен од никого во шеснаесетникот на Вардар со глава го совладува Захов
--- надополнето: 22 септември 2013 во 15:48 ---
Хименез го минал голманот нивни и пак промашил :pos:
Тоа е кога играш без одбрана, нафрлил од слободен а Неџипи бил НЕПРЕЧЕН ОД НИКОГО...
 
3-0 Нухиу...

Ќе излезе ли нешто добро од мечов? Пример смена на тренерското место? :)
 
На крајот 4 сто процентни шанси сме имале дури и за да ја свртиме утаккмицата :D
Еднаш Јовановски на одбиена топка го погодил голманот на Шкендија, па Петров погодил статива, па Адемовиќ стрелаше за 3-1 и на крајот ударот на Стојков во последен момент беше блокиран, а топката мина до стативата.

Сепак последните 10-тина минути не можат да го исперат лошото издание...

Одбраната е најлоша линија во моментов, Јас стварно не сфаќам што се случува со Таневски :confused: Златен Вајс :confused:
 
Доста му е на Боби, :) немаме добар напаѓач моментално, ама примивме пак 3 гола, а Боби нели е и "експерт за одбрана" го ценам Боби и како тренер и како човек, но мислам дека ова веќе воопшто не е сериозно, ова не личи ни малку на она што треба да биде Вардар, немаме амбиции за во Европа, ама за нашава лига имаме добар тим..И да, нека се најде асален тренер, ако планираат некое гомно од типот на Џиџи подобро да го остават Боби.. :)
 
НЕ знам што кур им е на игрчаиве, што сакат повеќе, плати редовни и прилично високи за наши услови, подогтовки имаа, а они играат како дедовци, да не се борат да немаат никаква желба.
 
На Боби јажето му е околу врат, фали уште столчето да му го бутнат.

Влатко Костов е слободен, нека запнат, нека направат нешто добро, мајката у пичка да им ja ебам.
Само на памет да не им дојде Ане да го постават, само тоа НЕ! Обична марионетка на Савиќ.
 
Пак ли се прават заговори со Милевски бе ала "случај Џиџи".До кога играчиве ќе бидат само марионети на нашава управа и да пуштаат утакмици за смена на некој тренер.Абе све најмило да ви умре.
УПРАВА ОДИ СИ :mad::mad:
 
Па и не ми се верува дека намерно потфрлаат за да си оди Милевски. Толку им е силата, а и реално немаат мотивација за играње. Мртви се на психички план, во моментов тимот е на рамниште на куртонски клуб а единствени криви се управата, но не фациве што се како марионети туку тие кои командаат од горе.
Да се вратиме ние на трибини, сосема подруго ќе играат, вака за кого да играат, за празните столчиња?
 
Какво пуштање за управа бе не се правете будали... си должиме ние бодови за лани на Шкендија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom