Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Од сето ова најдраго ми е што Јове останува во Вардар :)
Се надевам дека следната вест ќе биде дека Влатче потпишува за Вардар, и одиме на двојна титула!
 
Сега веќе поранешниот тренер на Вардар, Боби Милевски кој само пет месеци беше на клупата на „црвено-црните“ притоа доведувајќи го тимот до есенската шампионска круна, вели дека во секој случај задоволен од постигнатите резултати заминува од најтрофејниот наш клуб почитувајќи ја одлуката на раководството на кое му се заблагодари за укажаната досегашна доверба.

„Сакам да искажам благодарност до фудбалерите за досегашната соработка, до раководството за укажаната шанса да бидам на клупата на Вардар. Мислам дека ја оправдав довербата откако го презедов кормилото од Илчо Ѓорѓиоски успевајќи да ги реализираме амбициите за освојување на есенската титула и пласман во полуфиналето на Купот“ – вели за ЕКИПА, Боби Милевски дополнувајќи дека е горд на постигнатите резултати.

„Горд сум што имавме најдобар напад и најдобра одбрана во лигата, а како педагог и што според показателите имавме најкоректна екипа во првенството. Навистина ми беше мило што изминатава година и пол бев дел од Вардар, а сакам да искажам и благодарност до ’Комитите’ кои постојано беа со нас носејќи голем удел во успесите“.

Боби Милевски, притоа, не крие дека и самиот вчера бил изненаден од одлуката на раководството.

„Да, изненаден сум и јас, како и поголемиот дел од фудбалската јавност. Ми беше вчера по малку неочекувано соопштено, се случи за само еден ден, но таков е фудбалот. Може само да му посакам успеси на Вардар во иднина и секако да ја одбрани титулата“ – вели Милевски кој денеска од 12 часот, сепак, како што нагласува ќе биде присутен во клубот како би им се заблагодарил на фудбалерите за досегашната заедничка работа.

Досега без понуда за останување во клубот
И покрај одредени најави од ФК Вардар дека Милевски и натаму ќе остане во клубот, тој истакнува дека досега немал такви разговори.

„Официјална понуда од клубот за останување немам па затоа не можам да кажам ништо во овој момент. Откако би добил таква понуда, тогаш би ја разгледал во зависност и од тоа што се нуди, па ќе може да одлучам дали би продолжил со работата во Вардар“ – вели Милевски.

Одложена и подготовката и пресконференцијата:
Почетокот на подготовките в понеделник, на 14. јануари
Според последните информации, подготовките на Вардар за пролетниот дел од првенството ќе стартуваат на 14. јануари, в понеделник.
За тогаш во просториите на клубот планирано е одржувањето и на прес-конференцијата на која официјално ќе биде промовиран поранешниот македонски селектор, Никола Илиевски - Џиџи како нов тренер на „црвено-црните“.
 
Гарантирано е син му. Муто стариот е веќе добри 7-8 години во пензија.
П.С. Костовски не договорил ангажман во Полска. Останува во Вардар!
Штета за стариот,такви легенди ни требаат у клубот.А се надевам дека син му не е земен само ради презимето.
 
Штета за стариот,такви легенди ни требаат у клубот.А се надевам дека син му не е земен само ради презимето.
Син му беше исто така голман, дел од прочуената шампионска генерација на Вардар во бивша Југославија. И тој има работено во младинските категории како тренер на голманите.
 
Тушка ви беше тренер кога испаднавте од лига на Жути помошник му беше. Постарите во Ѓорче викаат дека бил многу добар играч ја го имам гледано мал фудбал како игра човекот е мајстор. Браво за Џиџи што го одбрал. Како човек и како тренер е ѕвер.:)
 
Не ми се свиѓа тоа што го избркаа Боби и неговите пошошници како џуќели.Мислам дека нема основа на која можеа да го избркаат,ваков,таков,есенски шампион,полуфинале во Купот,ама тоа е,против наредбата од горе не се може...

Џиџи ваљда повеќе гласови може да собере за престојните избори...
 
Од сето ова најдраго ми е што Јове останува во Вардар :)
Се надевам дека следната вест ќе биде дека Влатче потпишува за Вардар, и одиме на двојна титула!
Влатче нема сеуште добиено никаков повик од Вардар. Смешно е што момакот не поставува некои посебни услови да се врати, а од Вардар засега не му се јавуваат.
Најново е дека Баже Илијоски постигнал договор со Вардар, нормално во случај да не најде клуб на страна :D Дали полека му се насмевнува излезната врата за Ѓешоски :D
 
Ако отиде Гешо ова ќе го квалификувам ко катастрофален преден рок :icon_lol:
Исто како оној на РК Вардар.
И РК остана без маскотата, и ФК ќе остане без својата :(

П.с. само не Баже Илијоски се надевам ќе најде ангажман во странство :icon_mrgr:
 
Не ми се свиѓа тоа што го избркаа Боби и неговите пошошници како џуќели.Мислам дека нема основа на која можеа да го избркаат,ваков,таков,есенски шампион,полуфинале во Купот,ама тоа е,против наредбата од горе не се може...

Џиџи ваљда повеќе гласови може да собере за престојните избори...
Во Вардар стално постојат различни струи, кои си задаваат ниски удари меѓу себе. За смена на тренер се планирало уште пред крајот на година, а се врши на еден ден пред старт на подготовки. Крајно непримерено. А можда не е случајно одбран таков тајминг?!
 
Мислам дека со Влатче за 5 мин ќе се договорат. Полека почнува да се помрднуваат работите од место.
 
Во Вардар стално постојат различни струи, кои си задаваат ниски удари меѓу себе. За смена на тренер се планирало уште пред крајот на година, а се врши на еден ден пред старт на подготовки. Крајно непримерено. А можда не е случајно одбран таков тајминг?!
Највеќе што мрзам е лицемерство.Савич директорот цела полусезона збореше,Боби има договор со нас и тоа ќе го испочитуваме до крај,ќе имаме трпение,ајде бе?Знам дека и на Савич тоа му е наредено,ама прв е он тапет со неговото лицемерство...

Позади ова стои некоја позадина,а што е тоа,знаат само тие од горе...

Боби е избркан без никакво образложение,човекот може немаше стил за тренер,ама ко што се збори бил душа човек,преголем респект имаше од сите наши играчи,дури може и повеќе од потребната слободаа ја имаа со него.
А тоа дека ќе му биде понудена некоја функција за останување во клубот,мислам дека е само мачкање очи,обична фарса...
 
Со тимот што го имаме треба да сме на 10 бода од сите а не да се тресеме секогаш кога ќе играме во гости. Ова е чистење терен и спремање за наредната евро сезона. Ако се има асален тим и титула полесно е да се најдат спонзори и газда. Со тоа ќе дојде и до смена на лугето во управата. Време е да почне чистката.
 
Не зборам за резултатите сега,зборам за начинот на кој е тргнат од клупата.;)
 
Ако отиде Гешо ова ќе го квалификувам ко катастрофален преден рок :icon_lol:
Исто како оној на РК Вардар.
И РК остана без маскотата, и ФК ќе остане без својата :(

П.с. само не Баже Илијоски се надевам ќе најде ангажман во странство :icon_mrgr:
Дома да си ја земеш ти маскотата :D
Највеќе што мрзам е лицемерство.Савич директорот цела полусезона збореше,Боби има договор со нас и тоа ќе го испочитуваме до крај,ќе имаме трпение,ајде бе?Знам дека и на Савич тоа му е наредено,ама прв е он тапет со неговото лицемерство...

Позади ова стои некоја позадина,а што е тоа,знаат само тие од горе...

Боби е избркан без никакво образложение,човекот може немаше стил за тренер,ама ко што се збори бил душа човек,преголем респект имаше од сите наши играчи,дури може и повеќе од потребната слободаа ја имаа со него.
А тоа дека ќе му биде понудена некоја функција за останување во клубот,мислам дека е само мачкање очи,обична фарса...
Друже, кој фактор е тој Савиќ во Вардар. Неговиот збор нема никакво значење во Вардар. Мислиш знаел тој за планот да се тргне Милевски. Сигурен сум дека воопшто не бил ни информиран. Ништо чудно и тој да лета, и целосно да биде разбиено се што остана во наследство од Илчо во Вардар.
 
http://sportarena.mk/italijantsite-kako-magnet-site-vo-vardar-pa-i-filip-madhovski/
Информацијата дека Никола Илиевски -Џиџи го презема кормилото на Вардар, како да им ги поремети плановите на сите фудбалери кои се рашетуваа по Европа и светот, па сега сите навалија во Вардар.
Голманот Филип Маџовски беше речиси готова опција за Работнички, но случувањата во Вардар и најавите дека ќе влезе силен спонзор, како што најави Спорт Арена за италијанската компанија што ја купува и Дрисла, како магнет го сврте голманот кон Вардар.
Намирисаа нашиве од странство дека ќе има можност за солидни договори со Вардар, па сите сакаат за приближни пари како по светските „орман“ места, на место надвор, да играат за „црвено-црните“.
Експресно се предомисли и Јован Костовски кој зачекори за на кај Полска во Киелце, ама веднаш „цурик“ во Вардар, сега ете не му се оди никаде. Од истите причини лесно ќе се вратат и Гроздановски, а како стојат нештата, можеби и Ивановски, ете остана и Костовски, Баже Илијоски потпишал со Пандуриј или не, тој си знае, ама ете сега Вардар му е главна љубов, па сега Џиџи може и да го боли глава од напаѓачи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom