Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Го потценувате учинокот на Костовски, може не давал голови на дерби мечеви ама некогаш треба да се има човек што ќе ги решава и послабите противници кои играат бункер. Голем борец е, играше со срце за тимот, така да со постоечкиве опции (Македонски играчи) за замена во случај да си отиде, можам да кажам дека ќе изгубиме многу.

Како што кажав Кировски денес потпишал за Ираклис, а Баже како да читав дека некаде потпишал (баш ако убаво памтам и на форумов ставив линк од веста) ама ете изгледа му пропаднал трансферот.
Мада од овие двајца ниту едниот ниту другиот не би ги зел. Да сум јас тренер, ќе опнам некој младинец за стартер :icon_mrgr: Може ќе го фати еуфорија и ќе се истакне :icon_lol:
Шала на страна, гледам на страната на Корона нема ништо за Костовски, а редовно ја ажурираат, последната вест е од пред саат време. Се надевам дека ќе испадне дека е шпекулација.
Ако излезе како што тврсди ЦЦС, ондак пак се играат некои игри во тимот. Нели тврдеа дека Костовски е под договор, дека само ако платат ќе си оди? Од кај испадна сега дека и он ја имал селската клаузула "си одам без пари кога ќе добијам понуда од странство"? Чудно...
 
Реков јас и претходно, и Меси ако сака да дојде во Вардар, нема клаузула „си одам кога ќе ми текне“.

Може некое бразилче ќе долета ;)
 
Боби Милевски повеќе не е тренер на шампионот Вардар

Ексклузивна вест доаѓа од македонскиот фудбалски шампион Вардар. Боби Милевски е разрешен од функцијата тренер.
getImageThumbnail.axd
Ексклузивна вест доаѓа од македонскиот фудбалски шампион Вардар. Боби Милевски е разрешен од функцијата тренер.

Иако црвено- црните првиот дел од сезоната го завршија на првото место на табелата во нашето најквалитетно фудбалско друштво со три бода пред Турново и обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија, управата на клубот вечерва му соопштила на Милевски дека е разрешен.

Боби Милевски ова го соопшти во директна комуникација со канал 5. За причините за ваквата одлука на Вардар, Милевски ќе соопшти повеќе детали на утрешната прес-конференција закажана за 12 часот./З.Ц


Да видиме што ќе кажат утре.
 
Случајно слушнав ексклузивно на канал 5 кажаа,а за замени не спомнаа ништо.
Сеа ја читав веста на Канал 5, ќе видиме утре има прес најавено па ќе дознаеме што како се плановите.
 
Миленко Неделковски
Боби Милевски е разрешен од тренер на Вардар!!!!
А, Вардар лидер?!?!?!?!
А, нели ви реков дека сега Сандро Мацоле ќе влече потези???
Италијанци, ѓубреџии, спонзори...
 
Миленко Неделковски
Боби Милевски е разрешен од тренер на Вардар!!!!
А, Вардар лидер?!?!?!?!
А, нели ви реков дека сега Сандро Мацоле ќе влече потези???
Италијанци, ѓубреџии, спонзори...

abe kakov macola ovoj milenko ne e normalen mu se nafrlil na covekot deka ne e od vladeackata partija pa ajde sea treskaj gluposti
 
Утре во 12 имаат закажано прес конефернција отворена за новинарите. Ќе кажат за Милевски, за подготовките, за играчите итн...
--- надополнето: 10 јануари 2013 во 19:13 ---
Екипа излегува со ексклузивна информација/шпекулација, дека Никола Илиевски Џиџи ќе биде тренер на Вардар :facepalm:
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=14051
Милевски разрешен, Никола Илиевски – Џиџи нов тренер на Вардар!
Екипа
10.01.2013 18:44
Како што ексклузивно дознава ЕКИПА, Никола Илиевски – Џиџи од утре и официјално ќе биде назначен за нов шеф на стручниот штаб на Вардар!

Поранешниот македонски селектор на клупата на „црвено-црните“ ќе го наследи досегашниот предводник Боби Милевски на кого денеска му е соопштена одлуката на раководството за негова прераспределба во стручните структури на клубот. Се очекува Милевски и натаму да остане во Вардар, но низ заеднички договор на друга функција.

58-годишниот Никола Илиевски, кој претходно се врзуваше и со клупата на Пелистер, сепак на ден пред стартот на подготовките на „вардарци“ официјално се договори за преземање на нашиот најтрофеен клуб. Илиевски утре од 12 часот на прес-конференција ќе биде промовиран на тренерското место, по што веднаш ги стартува и подготовките со новиот тим.

Популарниот Џиџи претходно во својата богата тренерска кариера беше предводник, покрај на нашата селекција, и на репрезентацијата на Бангладеш, како и на тимовите Беласица, Победа, Работнички, но и словенечки Публикум Цеље.

Според најавите, со него клубот посакува сигурно освојување на шампионската титула и оваа сезона, но и далеку посериозен настап со повисоки амбиции на европската сцена следното лето.
 
Е ај да видиме што ќе донесе ова преструктуирање... Сепак паметна е замената на Боби бидејќи имавме само една игра со која не читаа како селски буквар.
 
Како може да се надеваат на сериозен настап во ЛШ ако отиде Костовски и не земат некоја добра замена за него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom