Едно е јасно работите во клубот не функциноират како што треба.. Управата може многу повеќе, но очигледно луѓето кој се во неа не знаат да го искористат тоа, требаше многу работи да се средат уште на почеток, а управата покажа слабости, и на натпреварот против Бате Борисов и претходно во преодниот рок и исто така и сега... Според мене ни требат луѓе кој со срце ќе работат за Вардар а не да работат за својата партија без желба за успех! Треба да имаат желба за повеќе и тоа да го покажата на дело, сеуште немаме Фан Шоп, немаме помошни терени, немаме младинска академија.. Според мене што се однесува до академијата треба да се работи на принципот на Работнички да се соберат млади дечиња кој имат потенцијал, и полека да се развиват во супер играчи, на нив Вардар може многу да добие и да заработи! А што се тиче за првиот тим ич не сум задоволен.. Играчите како да имат стаклени нозе секогаш се повредени, што не се повредуват други играчи од други клубови, или овие нашите имаат статус на Ѕвезди, тренерот нема авторитет во екипата и нема врска од тренер! Ако имаат желба сигурен сум дека за мала сума на пари можат да се доведат добри играчи, само нема кој да ги најде.. Нашите од управата изгледа чекат некој сам да ни се понуди.. Во клубот треба да дојде човек легенда кој знае што е фудбал и кој пред се ќе работи со срце! Толку од мене поздрав до вас момци