СРАМОТИЛАЦИ во Тетово.
Апла наместен меч, само може еден паметњакович да излезе од двете екипи и да каже кој ќари од ова нерешено?
Што корист имаат Тетекс од бодот, што корист имаме ние од бодот?
И за ова дадов 150 денари, ми иде во Вардар да се фрлам.
За што штедам пари цела недела...
Доста беа гостувања за полусезонава.
Околу стотина Комити, и околу 200 фанови на Тетекс (повеќето Војводи ама не навиваа) бевме сведоци на еден од најлошите мечеви годинава.
Абе бар да се договореа да изиграат едно 70-тина минут поасално па после нека местеа. Вака ко пријателски меч...
Стартувавме стандардно. Мислам дека е време да се менува нашата формација. Многу поубаво би било ако Оса игра малку позади, а Стјепановиќ и Ранѓеловиќ одат малку понапред. Пошто креативноста ни е отидена во минус.
Центаршутевите...

Мичка човече... Резил, неможе да нафрли една топка. Му се отвори простор за центаршут, он ја нафрли на раб на шеснаесетник

Први полушанса имаа Тетекс, иако ударот не изгледаше опасно сепак Захов спаси сопарада, мада мислам дека секако ќе ја одбранеше немораше такви еегзибиции да прави.
Следна полушанса Маневски оди во контра имаме ситуација 3 на 2, овој шутна од 20-тина метри високо над гол.
Од прво полувреме не памтам нешто друго да имаше.
Тетекс имаше неколку контри, а имаше и еден спорен момент, прво Маневски беше соборен во шеснаесетникот на Тетекс, но успеа да продолжи додаде до Костовски и овој падна на 5 метри но пенал немаше.
До крај судијата скоро сите сомнителни ситуации за нас ги сдосуди иако ниедно од нив не беше некоја опасна ситуација.
Второ полувреме со по една-две шанси на двете страни.
Најголемата шанса ја промаши Георгиев.
Брза контра, топка во празно за Хименез, топката скокаше па овој со глава само ја продолжи сдо осамениот Георгиев.
Топката отскокнуваше на 15-тинаа метри од гол, можеше да го праша Јорде кај да шутира, но ја мавна волејче за малку над пречката...
Тетекс имаа шанса по еден корнер ама не сум сигурен што се случи, не видов баш но по реакцијатана публиката изгледа беше чиста шанса.
Имаа и по некој удар од далеку.
Голема шанса и за Костовски, топка во празно, го следеа неколку играчи но пак беше сам пред Јорде, но Јорде успеа да го одбрани ударот...
До крај пимплање...
Навивањето просечно, сите беа утепани од вчерашното ракометно дерби. Имаше луѓе од Комити Гостивар, имаше и некои од Тетово што беа за нас. Имаше пароли против ФФМ, скандирање ФФМ Мафија (заедно со Војводи се скандираше) и беа запалени неколку бакљи и димни.
Последните 10 минути од револт се пееше НЕ Е МЕСТЕНАААА, НЕ Е МЕСТЕНААА, се придружија и Војводи и се скандираше ИКС У ИКС.
Фудбалерите не го добија аплаузот по мечот, а од кај нас се слушаа незадоволни скандирања, Како не ви е срам и слично, по што Мичка вербално се закачи со неколку наши членови.
--- надополнето: 11 ноември 2012 во 17:01 ---

--- надополнето: 11 ноември 2012 во 17:43 ---
На наша трибина денес се појави и Осама Бин Ладен.
Кој ви рече дека го убиле?