Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира што бидна со филип ивановски,дали уште игра у вардар или замина негде?
 
Значи во градот беше хаос по улици, од в крај в крај прошетав дента, од сегде идеа за Вардар. Тргнав од 6 и пол, коли брзаат со знамиња, поминаа Тетовчаните. Премногу имаше од другите градови дојдени(y), какви гужви се створија пред влезови на фонтана. Старо и младо беше собрано, само разгалени скопски дечишта во автобусите,ми го расипаа комплетниот впечаток, никаква култура немаат.:cautious: Стадионот изгледаше фантастично со тартанот и теренот, крцаше до последно место.
За играта нема што многу да се збори, знаев дека тие гола ќе не коштаат пролаз, ама и со победа немаше да бидеме сигурни, туку ќе гледавме поотворен фудбал. Сите се изнервиравме во 89 прави замена и трга во напад последните 5 мин. Многу порано требаше да се оди на се или ништо. И кога напаѓаа 5-мина во одбрана. Маневски требаше многу побрзо да влезе...
Комити скоро одлично издание, бројка во можностите до 2000 отприлика. Кореографија не баш нешто посебна, пиротехника слабо, ама цело време имаше навивање што е најбитно. Оценка 7/10. И да кога требаше да се дигне атмосферата не знаевте да погодите песна, мртво многу делувате со тоа ,, излези надвор..,,
Тоа е во глобала...више срече други пут.:D
 
Сајбер во голема заблуда си во врска со Цикарски,за мене он и Таневски во нашата екипа беа најдобри поединци...сите изигра со максимална пожуртвуваност,сите имаа преголема желба за пласман понатаму,но толку ни се можностите.
Според мене вчера највеќе потфрли Остоја,многу беше статичен,исто така и Мичка,еден асален напад во прво полувреме не направија со Хорхе.
Нашите напади а и нивните одеа цело време по лева страна односно нивна десна страна.

За Ѓеорѓив,има ненормална брзина,физички е доста јак,стабилен,ама техниката му е катастрофа,во нашево првенство за нас би бил доста солидно засилување,ама за во Европа НЕ !

Како и да е не чека сега брзо почеток на сезона,а верувам дека со овој состав ќе ја одбраниме титулата,па здравје наредна година ќе со малце повеќе среќа да дојдеме до поголем успех.
 
Сега кога сум скроз отрезнет ај да искоментирам :D

Ништо тоа е тоа,сите бевме разочарани што не поминавме понатаму,али ајде повеке среќа другата година.Задоволен сум од играчите,срцето го оставија на терен изиграа храбро али немаа среќа.За навивањето и бројката до сеа нешто најдобро според мене,во мој 7 години идење ова е најголемта бројка до сеа... :)
 
Фала за пречекот браќа Комити :) Се гледаме во некоја наредна прилика на Тетекс - шкендија или обратно :D Идеологијата продолжува Братсвото останува !!! Иначе баш штета што Вардар не помина имаше по една добра шанса во првото и една во второто полувреме но тоа е тоа... За навивањето без коментар феноменално на Запад имаше екстра бројка сигурно 3000+ Комити читам некој погоре пишал 2000:tapp: Исто така имаше добра кореографија и навивање без престан низ сите 90 минути
 
Така е кога имаш тренер на кој мислите му се на друго место...
Масар Омерагиќ се повлекол од трката за нов претседател на ФФМ, со среќа нека му е на Илчо... се надевам Васоски наследник.
 
Испаднавме ама не е крај на светот идеме на 7ма титула со оовој состав што го имаме во моментов и кога ќе видам другите екипи убеден сум дека ќе бидеме повтроно шампиони .
Вчера не изигравме на нивото на кое игравме во Белросуија од 60та минута па до 90та минута кога и го направивме пресвртот , ова беше едно олемо искуство за Захов, Ѓоргиев, Цикарски, Ранѓеловиќ тие треба годинава да бидат носители на играта на Вардар и да ја донесат 7та титула.
За навивањето не знам што проубавте да им докажувате на некои кои за инат зборат едноставно кој беше ќе ја прераскажуваа оваа атмосвера.
И се гледа кој поставува стандарди во Македонија: Вардар едноставно си го подобри рекордот по број на гледачи на еден натпревар во Македонија ,а Комити по бројката на копот на една навивачка група во Македонија.
Сега малце одмор и продолжуваме на 5 август :)
--- надополнето: 26 јули 2012 во 16:46 ---
Така е кога имаш тренер на кој мислите му се на друго место...
Масар Омерагиќ се повлекол од трката за нов претседател на ФФМ, со среќа нека му е на Илчо... се надевам Васоски наследник.
Нема шанси ова да се деси најверојатно е резервирано местотот за Милевски помошникот на Илчо
 
Мите Цикарски...

Георгиев е левото крило (бр 11).
Цикарски во прво пред очи ми играше, одбрана не знаеше како се покира човек, во второ како друг играч, доста пробиви направи и простор отвараше...
 
Цикарски во прво пред очи ми играше, одбрана не знаеше како се покира човек, во второ како друг играч, доста пробиви направи и простор отвараше...
Тоа е тоа што го зборам, трагедија е за во одбрана :tapp:
Си го шупчеа како сакаат...
Ама природна позиција му е лево крило... За таму сигурнов ќе одигра повеќе, само проблем е што нема шанси дса стартува пред Георгиев на таа позиција :)
 
Според мене: Да почнам од почеток
Захов: Одличен одбрани неколку чисти голови
Вајс: Слабо, високи топки катастрофа
Цикарски: Солиден, прво полувреме играше слабо второ се подобри.
Илиевски: Солиден, имаше неколку пробиви се трудеше.
Ранѓеловиќ: Слабо, тој требаше да креира игра со Темелков но тоа го праве много слабо.
Темелков: Слабо
Георгиев:Слабо, брз ама глуп, мисли ова се деца па шутни и претрчај ги, но тоа не му одеше од рака.
Хименез: Катастрофа, надвор од форма, не знам дали вопшто успеа еднаш да пројде поркај левиот бек на Бате, а истиот да не го исфрлеше надвор од терен.
Стојакович: Слабо, изгледаше не заинтересиран.
Остоја: Катастрофа, го немаше нигде не видов ни еден добар потег, а очекував многу повеќе.
Костовски: Добар, се трудеше но немаше доволно топки кон него се гледа уме да загради топка да шутне со нога/глава.
Маневски: Добар, влезе мотивиран имаше шанса, трчаше.

Илчо: Погрешна тактика, мислам играше со 4-5-1, ненавремени измени и сл. Мислам дека требаше со Бојовиќ да почне и второ да играше со 4-4-2 или 3-5-2.
Но колку пари толку музика.
Атмосфера лудница нешто што никој од Македонија освен Вардар не може да го повтори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom