Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Првиот натпревар го играме дома? И кој датум ќе се игра, се знае?
 
Првиот натпревар го играме дома? И кој датум ќе се игра, се знае?
Се игра првиот натпревар на 17/18 јули ,а дали првиот дома или у гости ќе го играме не се знае мисалм дека преку ждрепка се одредува тоа
 
Изгледа малку се преценивме есеноска со најавите на Црвено-црно семејство за буџет од 4 мил. евра, па сонувавме за играчи за кои реално се нема пари да се донесат. Мене искрено ме изненадија скопскиве фирми пред се Алкалоид и Пивара кои беа големи подржувачи на Вардар во минатото, мислев дека уште првиот ден кога Вардар ќе се трансформира во АД ќе пуштат едно милионче, ама како тргнала работава тешко дека ќе го гледаме тој филм. Не им замерувам многу на управата, верувам дека направиле голем напор за да привлечат акционери ама очигледно се уште се нема доверба од големите фирми дека вложените пари ќе им одат на вистинско место. Така да и годинава изгледа ќе крпиме тим од играчи на кои им истекол договорот со моменталниот клуб, затоа што да излеземе со понуда за трансфер на квалитетен играч за нас во моментов е научна фантастика. Знае некој што се дешава со Горан Мазнов? Знам дека потпиша за тим од Грција лани ама незнам ни како ја изиграл сезоната, ни на колку време го потпишал договорот и дали е сега слободен играч, затоа што реално не гледам друга квалитетна замена за Ивановски во напад, со оглед на тоа што Кировски изгледа ќе потпишува за Металург.
П.С Графитот во Карпош 4 нема да ви издржи ни месец дена, има многу жени и деца :) што оперираат таму, така да мислам дека баш на тој ѕид претходно имаше неколку обични натписи Комити кои беа одма пречкртувани, а не па ваква прилика да пропуштат за да уништат.
 
со оглед на тоа што Кировски изгледа ќе потпишува за Металург.
Не потпиша за Металург, во последен момент потпиша за некој Израелски тим.
Нашиве мислам дека Маневски го планираат за замена на Ивановски, плус некој Нигер во нападот.
 
Изгледа малку се преценивме есеноска со најавите на Црвено-црно семејство за буџет од 4 мил. евра, па сонувавме за играчи за кои реално се нема пари да се донесат. Мене искрено ме изненадија скопскиве фирми пред се Алкалоид и Пивара кои беа големи подржувачи на Вардар во минатото, мислев дека уште првиот ден кога Вардар ќе се трансформира во АД ќе пуштат едно милионче, ама како тргнала работава тешко дека ќе го гледаме тој филм.
Алкалоид прави годишна добивка од околу 500.000 евра, така да, некако си имал преголеми очекувања.
 
Алкалоид прави годишна добивка од околу 500.000 евра, така да, некако си имал преголеми очекувања.
Газдата на Алкалоид е втор најбогат човек во државава после Минчо, а далеку пред газдата на Ренова која имаше буџет од приближно 500.000 евра во шампионската сезона, така да пола милион евра од него неверувам дека се преголемо очекување.
 
Нашиве мислам дека Маневски го планираат за замена на Ивановски, плус некој Нигер во нападот.
Само не овој...
babypraying.jpg
 
Газдата на Алкалоид е втор најбогат човек во државава после Минчо, а далеку пред газдата на Ренова која имаше буџет од приближно 500.000 евра во шампионската сезона, така да пола милион евра од него неверувам дека се преголемо очекување.
Колкаво е богатството на газдата на Алкалоид?
 
Алкалоид прави годишна добивка од околу 500.000 евра, така да, некако си имал преголеми очекувања.

Добивката на Алкалоид е изразена во милиони а не во илјади евра.Си ги помешал цифриве ти нешто.И не гледам некој проблем Алкалоид да издвои 200/300.000 евра годишно за буџетот на Вардар..
 
Добивката на Алкалоид е изразена во милиони а не во илјади евра.Си ги помешал цифриве ти нешто.И не гледам некој проблем Алкалоид да издвои 200/300.000 евра годишно за буџетот на Вардар..
500.000 милиони евра? Немој да ме јебеш...
Сепак моја грешка, 10.000.000 евра била добивката лани.
Ама пак се многу за да одвојуваш 1.000.000 за Вардар...
Плус дел од тоа, т.е. околу 50% го поделиле како дивиденда.
 
Не реков 500 мил евра.Туку реков дека е изразена во мил евра и да толку е околу 10 мил. евра.Не зезај 200/300.000 евра се мачкина кашлица за Алкалоид тоа се се 2-3 % од добивката нивна..
 
Не реков 500 мил евра.Туку реков дека е изразена во мил евра и да толку е околу 10 мил. евра.Не зезај 200/300.000 евра се мачкина кашлица за Алкалоид тоа се се 2-3 % од добивката нивна..
Па кога ќе избациш дивиденди,даноци,разни давачки 500 000 чист профит е далеку од нереална цифра за Алкалоид.
 
Алкалоид прави годишна добивка од околу 500.000 евра, така да, некако си имал преголеми очекувања.

(y)
Консолидираната нето добивка на најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалиод“ порасна за 7 отсто во 2011 година до сумата од 616,2 милиони денари (10 милиони евра) во однос на 2010 година кога таа изнесуваше 574 милиони денари.
http://www.plusinfo.mk/vest/34958/Alkaloid-prikazha-rast-na-neto-dobivkata-od-7-otsto-vo-2011-godina
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom