П
Паспарту
Гостин
Паспарту последнава точка некако не ми се допаѓа, една карта за 10 луѓе, сигурно нема да ги бројат на влез
Се прават акции преку овие страниве за попусти, пример карта за 20 денари, и еден може да купи за повеќе. Али тоа треба да биде само за куп натпреварите и за најнеатрактивните противници(али овдека веќе спаѓаат 80% од тимовите).
Патем, кој сака да го гледа Вардар ќе даде и 100 денари, па ете и 50 да биде на некои натпревари е океј, но дефинитивно не на сите бидејќи сепак фудбалот се игра за пари. Со една утакмица против Работнички ќе можат да се платат подготовките за младинските категории кои мислам дека во последниве години недостасуваат и не знам колку во сите клубови се оддржуваат.
Ќе треба да ги бројат, мора попрофесионална организација
Да бидеме искрени, на стадион може и тенк без проблем да се внесе, затоа секој ќе треба да си ја врши работата. Не дека и сега не се влегува без карти или со 1 карта 20 луѓе, но ова се однесува пред се за повикување на стадион на што повеќе луѓе. Нормално на дерби натпреварите (Работнички, Пелистер) каде што ќе има голема заинтересираност можеби ова не треба да важи, но реално стадионов нема да се наполни со платени карти никогаш во македонско првенство.За децата си сосема во право, потребни се подготовки и за нив, исто така и сосема нормални услови за тренирање + добри тренери. Срамота е она што беше наш заштитен знак во минатото, денес да се меѓу последните на табела.


