Фан Клуб: Вардар

П

Паспарту

Гостин
Паспарту последнава точка некако не ми се допаѓа, една карта за 10 луѓе, сигурно нема да ги бројат на влез :)
Се прават акции преку овие страниве за попусти, пример карта за 20 денари, и еден може да купи за повеќе. Али тоа треба да биде само за куп натпреварите и за најнеатрактивните противници(али овдека веќе спаѓаат 80% од тимовите).
Патем, кој сака да го гледа Вардар ќе даде и 100 денари, па ете и 50 да биде на некои натпревари е океј, но дефинитивно не на сите бидејќи сепак фудбалот се игра за пари. Со една утакмица против Работнички ќе можат да се платат подготовките за младинските категории кои мислам дека во последниве години недостасуваат и не знам колку во сите клубови се оддржуваат.
Ќе треба да ги бројат, мора попрофесионална организација :) Да бидеме искрени, на стадион може и тенк без проблем да се внесе, затоа секој ќе треба да си ја врши работата. Не дека и сега не се влегува без карти или со 1 карта 20 луѓе, но ова се однесува пред се за повикување на стадион на што повеќе луѓе. Нормално на дерби натпреварите (Работнички, Пелистер) каде што ќе има голема заинтересираност можеби ова не треба да важи, но реално стадионов нема да се наполни со платени карти никогаш во македонско првенство.

За децата си сосема во право, потребни се подготовки и за нив, исто така и сосема нормални услови за тренирање + добри тренери. Срамота е она што беше наш заштитен знак во минатото, денес да се меѓу последните на табела.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
За децата си сосема во право, потребни се подготовки и за нив, исто така и сосема нормални услови за тренирање + добри тренери. Срамота е она што беше наш заштитен знак во минатото, денес да се меѓу последните на табела.
Верувај дека местото на табелата нема врска.
Александар Трајковски со Цементара беше меѓу последните во младинска лига, па еве го кај направи трансфер, а оние Гостивар, Скопје, итн... не извадија ни еден играч асален.
Сепак тоа не значи дека не треба да бидат први ;)
 
Сепак мора да бидат во врв на табела/шампиони, па истиот победнички дух да се пренесе и со нивното приклучување во сениорскиот тим :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Абе имам еден предлог за со Ренова кога ќе се игра место Ренова на телевизија нека се врти реклама дека играме со Челзи да видите како ќе се напуни стадионот :D
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
2.595
Може ќе ви изгледа смешно, но ајде и јас да го кажам мојот предлог.

Картата според мене не е скапа, проблемот е пред се во квалитетот (името) на противниците во нашава лига и изгубените неколку генерации поради мизеријата која владееше со и околу клубот. Тешко е да се вратат тие генерации на стадион, а уште потешко е да се убедат оние кои не пропуштаа натпревар некаде до крајот на 90тите да дојдат повторно на стадион. Затоа, потребно е едно масовно организирање од страна на управата, барем за ова не може да има оправдувања. Така, моите предлози се следните:

  • Делење на карти во секое од основните и средните училишта во Скопје, а за дерби-натпреварите истото може да се направи и со училиштата од другите градови.
  • За да се зголеми интересот за сезонските карти, најубаво е да се дава и некој сувенир со нив. Дали тоа ќе биде дрес, шал, капа или топка не е премногу битно.
  • Она најглавното според мене се поединечните карти, односно оние кои важат само за еден натпревар. Најдобро е да се направи акција со една карта да може да влезат 10 или 20 луѓе. Да бидеме реални, профит нема во двете ситуации, но затоа пак ќе има поголема посета на стадион со ваквиот начин. Секој би собрал поголема група да гледа фудбал, а картата би го чинела 5-10 денари. Со тек на време и со уште подобар Вардар работите ќе си дојдат на свое место, но мора во лигава да има јаки Пелистер, Победа, Беласица и други клубови за да се крене фудбалот на едно повисоко ниво, во спротивно ќе биде многу тешко. Колку и да бидат квалитетни, Турново никогаш нема да привлече повеќе гледачи од Беласица, Шкендија од Слога, Металург од Победа или Пелистер итн. Затоа и годинава само со Работнички беше +10 000 посетата, едноставно нема клуб кој ќе го привлече вниманието на сите оние стари навивачи на Вардар, младите знаеме дека го начекаа Вардар во најслабо издание во историјата.

Апсолутно се согласувам, во целост. Браво !
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Баш прееска во автобус кога си идев од работа ми текнаа овие работи што ги наброја Паспарту и сакав да ги напишам, кога гледам он веќе набројал нешто. Браво!
Ништо нема да изгуби управата ако подели некоја бесплатна карта. Мора да почнеме да ги навикнуваме најмалите на стадион. Да се направи акција по основниве школи, на пример не знам колку најдобри ученици да добијат една сезонска карта (плус тоа ќе повлече една купена карта бидејќи тоа дете ќе треба да оди со таткото).
Од идната сезона доколку профункционира фан шопот, да има асални пластифицирани сезонски карти што би носеле одредени бенефиции, како попусти во тој фан шоп и сл, потоа да може да се вадат членски карти како во секој клуб, со име, презиме, број итн., првите неколку такви членски би се дале на почесни наши бивши играчи, на пример со бр. 1 нека му се даде на Кирил Дојчиновски, потоа Андон Дончевски и др.
За тие што мрчите дека требало гага или не знам што, сто пати е вртен тој муабет, ај кажете колку пари ебавате дневно на кладење на шеста чешка хокеарска лига, трета турска лига, безбол и останато, а скапо ви е 100 денари за Вардар на секои две недели да давате! Ебате навивачите! Јас од Лисиче се тегнам до Ѓорче, не сум во Комити и бидејќи ме фати еуфорија пред почеток на сезона, ми беше мерак и се качивме 4-ца во кола отидовме до Прилеп против 11-ти за 300-400 денари од човек.
100 денари утакмица + 50 денари автобус, не може никој да ме убеди дека тоа се пари не знам какви, така да тој муабет не ви држи вода!
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Верувам дека на никој од нас не му е проблем да даде 100 за Вардар.
Ама не сме ние во прашање,туку останатите Скопјани кои не би платиле ни 100 денари за да гледат утакмица од нашево првенство.
Мора да се направи нешто во врска со посетеноста на стадион,сите ќе имаме полза од тоа.Тоа би значело дека Вардар се вратил на старите патеки,и дека нашево првенство почнало да наликува на нешто.
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.723
Поени од реакции
3.095
Se e toa ubavo no nemoj da dojde profesorka i pak da se pocne so pesnite :D se salam ova e stadion i po drugo e i sepak igra FK Vardar kade so ima konstanto navivanje.Dobar predlog so decava e sekoja nedela da se nosat na stadion a z derbi i decava od strana da dojdat da pogledaat
 
Ф

Флеш

Гостин
Баш прееска во автобус кога си идев од работа ми текнаа овие работи што ги наброја Паспарту и сакав да ги напишам, кога гледам он веќе набројал нешто. Браво!
Ништо нема да изгуби управата ако подели некоја бесплатна карта. Мора да почнеме да ги навикнуваме најмалите на стадион. Да се направи акција по основниве школи, на пример не знам колку најдобри ученици да добијат една сезонска карта (плус тоа ќе повлече една купена карта бидејќи тоа дете ќе треба да оди со таткото).
Од идната сезона доколку профункционира фан шопот, да има асални пластифицирани сезонски карти што би носеле одредени бенефиции, како попусти во тој фан шоп и сл, потоа да може да се вадат членски карти како во секој клуб, со име, презиме, број итн., првите неколку такви членски би се дале на почесни наши бивши играчи, на пример со бр. 1 нека му се даде на Кирил Дојчиновски, потоа Андон Дончевски и др.
За тие што мрчите дека требало гага или не знам што, сто пати е вртен тој муабет, ај кажете колку пари ебавате дневно на кладење на шеста чешка хокеарска лига, трета турска лига, безбол и останато, а скапо ви е 100 денари за Вардар на секои две недели да давате! Ебате навивачите! Јас од Лисиче се тегнам до Ѓорче, не сум во Комити и бидејќи ме фати еуфорија пред почеток на сезона, ми беше мерак и се качивме 4-ца во кола отидовме до Прилеп против 11-ти за 300-400 денари од човек.
100 денари утакмица + 50 денари автобус, не може никој да ме убеди дека тоа се пари не знам какви, така да тој муабет не ви држи вода!
Totalno se soglasuvam,moze da se odvoi 50 ,100 denari za kladilnica,za eden tost za eden burek,za edno kafe a koga e vo prasanje za svojot omilen klub ne mozat,abe more kolku glupo razmisluvate i kolku zrelo sfakate kako pet godisnici se ponasate,Mamo ne mozam da so go namackam lebot hehehee ,pa zarem vikate deka vardar vi e omilen odite na stadion da navivate za nego,pa od druga strana licemerno vikate ne ne mozam da dadam pari,ma toa e glupo covek da be slusa,ma toa e dokaz kolku zrelo razmisluvate,navistina sramota dlaboko mi e koga vaka vi e odnesuvanjeto navistina me razovaravte,pa duri koga ke sfatam podobro,pa ne mi e ni cudno koga grcive vaka kurtasak si igraat so nas,ZOSTO SME NAVISTINA GLUPI,A NEKEME DA PRIZNAEME !!!
 
P

PewDiePie

Гостин
Абе не е проблем цената на картата,туку квалитетот на првенството и квалитетот на Вардар.

Вардар сега е на прав пат да(иако може и мора мн повеќе)ама додека не направи некој посериозен успех ќе чекаме Лето да дојде па зависно од тоа како ќе се одвиваат квалификациите таква ќе биде и посетеноста.

Кај нас уште не е сменета менталната слика дека фудбалот на чело со репрезентацијата ни е срање,што е и вистина,не дека ќе ни смени нешто 50,100,150 ден.....

Добар начин да се собере публика е да се доведе некоја ѕвезда во залезот на кариерата,само што уште не се спремни нашиве тимови да плаќаат таква ѕвезда.

Кажувам,се ќе зависи како ќе се покаже Вардар на Лето,ако стигне 3-то коло и е на праг за пласнам во Л.Ш. сигурно ќе крца Филип 2.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Верувам дека на никој од нас не му е проблем да даде 100 за Вардар.
Ама не сме ние во прашање,туку останатите Скопјани кои не би платиле ни 100 денари за да гледат утакмица од нашево првенство.
Мора да се направи нешто во врска со посетеноста на стадион,сите ќе имаме полза од тоа.Тоа би значело дека Вардар се вратил на старите патеки,и дека нашево првенство почнало да наликува на нешто.
Па ете ти пиша Паспарту. Со делење на карти на децата од основните и средните школа. Љубовта кон клубот се раѓа од мали нозе. Со една таква акција, ќе се створи симпатија кај најмладите за Вардар, а и воедно ќе им се зададе удар на искомплексираните личности од одредени населби во градот што покушаваат да створат некакво Анти-Вардар расположение, токму кај тие помлади генерации! Вардар реално си го изгуби угледот што го имаше и створи плодна почва за оперирање на ретки исклучоци.
Абе не е проблем цената на картата,туку квалитетот на првенството и квалитетот на Вардар.

Вардар сега е на прав пат да(иако може и мора мн повеќе)ама додека не направи некој посериозен успех ќе чекаме Лето да дојде па зависно од тоа како ќе се одвиваат квалификациите таква ќе биде и посетеноста.

Кај нас уште не е сменета менталната слика дека фудбалот на чело со репрезентацијата ни е срање,што е и вистина,не дека ќе ни смени нешто 50,100,150 ден.....

Добар начин да се собере публика е да се доведе некоја ѕвезда во залезот на кариерата,само што уште не се спремни нашиве тимови да плаќаат таква ѕвезда.

Кажувам,се ќе зависи како ќе се покаже Вардар на Лето,ако стигне 3-то коло и е на праг за пласнам во Л.Ш. сигурно ќе крца Филип 2.
На Вардар не му треба публика што ќе се појави само на почетокот на летото и ќе ја снема на крајот од истото. Тоа им успева и на банана клубовите што настапуваа последните години во европските купови. На Вардар му треба константна публика што постојано ќе дише во ист ритам со него! Истата ја имаше некогаш, ама загуби голем дел од неа поради мал милион причини.
П.С. Секоја чест на Паспарту! Не ни сумњам во човекот. Човекот е долги години по стадионите и знае како стојат работите. Мене единствено ме загрижува дали имаме човек со такви идеи и во раководните структури на клубот зашто залудно е се, ако нема кој да реализира...
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 09:24 ---
Интервју на Илчо Ѓорѓиоски за МКД.мк

http://www.mkd.mk/14165/sport/gjorgjioski-vardar-e-posiguren-i-postabilen-od-esenoska/

Ѓорѓиоски: Вардар е посигурен и постабилен од есеноска
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Само што го прочитав вицот на годината :pos::pos::pos:
Христов:Достижни се петте бода на Вардар.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Само што го прочитав вицот на годината :pos::pos::pos:
Христов:Достижни се петте бода на Вардар.
Да достижни се,но само ако Вардар дозволи.
Ако ја играат втората полусезона како првата,може само да сања тој.
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Да достижни се,но само ако Вардар дозволи.
Ако ја играат втората полусезона како првата,може само да сања тој.
Секако дека се достижни,но како што ти кажа.
Доколку и само ДОКОЛУ Вардар дозволи такво нешто.
Мислам дека вторава полусезона ќе се игра на усте повисоко ниво затоа Христов се бламира со ваквите изјави :)
 
П

Паспарту

Гостин
Дечки, гледам повторно се напнаа премногу луѓе по интернетов за оваа изјава на Христов, па така според вас што треба он да каже, дека Вардар без проблем ќе биде шампион!? Во право е човекот, 5 бода не се премногу, а во овој случај од нас зависи дали Металург ќе не стигне или не. Ние треба уште на почеток од пролетниот дел да ја зголемиме предноста за да немаме проблеми со оние помали екипи каде што Металург без проблем победува, а против нас истите играат со 200% од силите. Се надевам само дека управата нема и сега да се излета со аматерски писма и изјави како што направија после изјавата на Ѓоре...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom