- Член од
- 24 декември 2008
- Мислења
- 1.375
- Поени од реакции
- 1.566
Таа утакмица како сега ја паметам. Тогаш, на мои 10 години татко ми ме однесе прв пат на Градски да го гледам Вардар и од тогаш почна приказната која трае и до ден денес! На Исток седевме и не сум сигурен, ама мислам дека трибината беше полна со војници од АРМ!Без пораз заврши и во сезоната 1994-95. Многу јак тим имаше Вардар тогаш. Најдобриот од осамoстојувањето на Македонија. Еве една слика од таа сезона:
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 18:12 ---
Емотивно сум приврзан за тој тим. Раснев со него, а и со голем дел од играчите лично се познавам. Единствено ми е криво, што овој тим поради сплет на околности, не остави белег во Европа. Не знам колку сте запознаени, ама првите две сезони од независноста, немавме претставници во натпреварувањата на УЕФА затоа што Македонија дури во 1994 стана нејзина членка. Единственото учество со Бекешчаба го упропасти Гого Јовчев поклонувајќи им гол на Маџарите (постарите дечки од форумов сигурно го паметат). Наредната година си заминаа некои од клучните играчи и тренерот Хаџиевски, и така тој екстра силен тим во полн состав само еднаш доби шанса да се испроба на европска сцена. После распродажбата на таа златна генерација, ни Вардар никогаш не беше така убедлив како прочуената казнена експедиција од почетокот на деведесетите!
Ехх, ми врати спомени сега, уште ко ќе ми текне колку бевме подобри, ама кретенскиот примен гол од 40 метри не упропасти!