Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кошаркарите за пример!

Влатко Грозданоски

Email: vlatcegrozdanoski7@yahoo.com
VlatkoGrozdanoski.jpg

Поздрав од мене спортска Македонијо... И веднаш, да Ви го честитам големиот празник, 20 години осамостојување, државата да ни биде вечна и да даде Господ што почесто да се радуваме на успеси, какви што изминативе денови ни приредуваат кошаркарите.

Мора искрено да им се честита, играат храбро, со големо македонско срце, а сето тоа го надополнува и извонредниот Бо Мекејлеб. Можам да кажам едно големо „Браво“ за сите Вас таму во Литванија, а јас одовде, заедно со цела МАКЕДОНИЈА, ќе навивам и ќе ве бодрам до крајот.

Еве ме со колумна во новиот спортски е-весник ЕКИПА, благодарност до редакцијата за поканата што ми ја упати, и се надевам дека ќе се дружиме верно во периодот што следи.

Фудбалот ми е во крвта, ама ова се денови на кошарката и навистина сум импресиониран од досегашниот настап на македонската кошаркарска репрезентација. Немаат комплекс, уверени се во своите квалитети и токму затоа успесите се редат. Треба да ни служат како пример и на нас, фудбалерите. Навистина е така...

Посакувам еден ден Македонија да биде дел од Европско првенство и во мојот спорт. Отидоа шансите за ЕП 2012 во Украина и Полска, ама кошаркарите покажаа дека „Македонија може“...

Можеби ќе биде подобро со новиот селектор Џон Тошак. Да веруваме во тоа, затоа што се работи за искусен стратег, име и презиме и во светски рамки. Ако бил тренер на Реал Мадрид, тогаш дефинитивно треба да ни биде чест да ја води и Македонија. Но, потребна ни е и многу повеќе работа за да успееме во нашата намера.

Мене ми е драго што повторно се вратив во националниот тим. Не заиграв против Русија и Андора, но бев тука, во националниот тим. Го очекувам својот јубилеј, 50-ти настап во дресот со државниот грб. Да се носи дресот на Македонија, тоа е посебно чувство. Ако сите вака размислуваат, можеме да направиме многу повеќе...Треба само да го следиме патот на кошаркарите...

Не можам во првата моја колумна да не го споменам и Вардар. Едвај чекам повторно да заиграм за мојот омилен клуб. Многумина ме прашуваа, посебно новинарите, како одеднаш се решив да се вратам во Вардар, кога неполн месец претходно потпишав за Работнички. Не знам за другите, ама за мене Вардар е посебен, единствен...едноставно не можев да одбијам...

Едвај чекам да заиграм...Тешко беше во изминатиов период, паузирав, тренирав и ги броев деновите...Остана уште малку, до 18 септември. Тогаш добивам право на настап. Подготвен сум да бидам дел од новиот Вардар, да дадам свој максимален придонес во неговата регенерација, воздигнување, враќање на шампионските патеки...Ќе биде Вардар повторно голем, верувајте!

Толку од мене, како за прват. Ќе се дружиме често, а во меѓувреме, навивајте за Македонија, бодрете ги кошаркарите и следете го македонскиот фудбал. Само така можеме да одиме напред!

http://www.ekipa.mk/Article.aspx?articleId=11
--- надополнето: Sep 11, 2011 9:03 PM ---
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=515

Кој е типов ? Прв пат слушам за него искрено....

Само ова успеав да најдам :)

http://www.soccerway.com/players/igor-trajkov/155378/
 
Значи според ова, Влатче ќе го пропушти уште натпреварот со Брегалница на 17ми.
П.С. Едно прашање до сите: Што се случи со Тунески?! Дечкото откако дојде од Работнички ниту еднаш не заигра во официјален меч? Да не има некаков проблем?
 
Не знам за него, последно што прочитав е дека Работнички барале пари... Знам само дека Остоја и Мите Цикарски сеуште немаат добиено сертификат.
 
Куп на Македонија, ВАРДАР-Тиквеш !!

Среда, 14 Септември · 15:30

Дојде време за одмазда, по бедната елиминација минатата година во многу сомнителен натпревар оваа година Тиквеш доаѓа на Градски да биде понижен.
Одиме на победа и секако двојна круна.
Собирање во 14.30 на Фонтана.
Карта 100 денари за сите кои немаат членска.
Членски ќе може да се вадат пред утакмица.
 
Игор Трајков е дете кое повеќе време живее во Холандија и настапува во тамошните лиги како што знам. Секое лето е во Струмица каде што има роднини. Има поголем брат од него исто така фудбалер.
Иначе некој прашуваше за Туневски.:

http://sportefe.com/makfudbal/tunevski-na-operacija
 
Значи според ова, Влатче ќе го пропушти уште натпреварот со Брегалница на 17ми.
П.С. Едно прашање до сите: Што се случи со Тунески?! Дечкото откако дојде од Работнички ниту еднаш не заигра во официјален меч? Да не има некаков проблем?
Заработил тешка повреда, за него сезоната или полусезоната е веќе завршена. Имаше операција пред некој ден...
Иначе Влатче се враќа на мечот со Тетекс:)
 
Да ве прашам сигурно играте од 15:30 во среда?
Затоа што гледам и за Работнички пишува во 15:30,па затоа прашувам
 
Нема уште инфо...
Некој од нас ќе игра вечерен термин. Вашиот меч е многу поатрактивен, ама мислам дека сепак ние ќе играме вечерна или па ден порано/покасно...
--- надополнето: Sep 12, 2011 3:36 PM ---
Потврдено Вардар-Тиквеш ќе се игра во четврток во 18 и 30 часот!

Мислам дека ова е тактички потег на нашата управа. На овој начин нема шанси да играме со Брегалница во сабота, па ќе мора во недела, а тоа е 18 ептември, па право за настап би имал и Влатче:D
 
Ако играат и Работнички и Вардар на домашен т.е. Градски, според правилата не е дозволено на ист стадион да се одиграат два натпревари во еден ден, барем така е насекаде во Европа. Така да, мораше еден тим да игра следниот ден.
 
И Гроздановски ми потврди дека ако се игра во недела ке може да игра,во спротивно ке мораше да чека следна со Тетекс,добар потег е ова на управата на Вардар браво за нив:)
 
Ако играат и Работнички и Вардар на домашен т.е. Градски, според правилата не е дозволено на ист стадион да се одиграат два натпревари во еден ден, барем така е насекаде во Европа. Така да, мораше еден тим да игра следниот ден.

Ова не е Европа... :pos:

И порано се играле по 2 натпревари на Градски, една екипа од 13/14ч, друга од 16/17ч...
 
Форумот е повторно активен
За некој месец ќе има и потполно нов форум,каде што ке се знае кој што може да пишува и секако целата дискусија од овој форум ке биде префрлена таму

Овој викенд исто така во чест на прерано починатиот Томо Комита ќе се одржи 4тиот меморијален турнир во фудбал. Како и минатите години турнирот ќе се игра на игралиштето во Маџир маало, а секако загарантирана е добра забава и фудбал.

Турнирот ќе започне на 16ти во 19,30 а ќе трае во текот на целиот викенд..
Пријавување ќе биде 1000 денари, а секоја екипа може да се пријави кај надлежните во групата или на натпреварот помеѓу Вардар- Тиквеш.
Доколку нешто не е јасно контактирајте не на komitizapad@komiti.org

.
Исто така од денес www.komiti.org може да го отварате и преку www.skopjeobedinetozavardar.com/

П.С Во Штип најверојатно ке се оди со воз
 
Таман да се испуцаме пред факс :D
За оваа недела планирам да проследам едно 5-6 утакмици во живо, што од прва лига, што трета што пионерскиве, што ракомет :D
Редно време беше да се среди и форумот :D
 
Денеска се одлучува судбината на Васоски. Доколку негативно биде одговорено на барањето на Кавала, Тетовка се враќа дома!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom