Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Опасна шанса на крај, ама после у следната акција и они можеа гол да дадат
 
Добро,бод за бод.Да не ни одземеа 3 бода,сега ќе имавме 10.Секаде каде што може да се земе некој бод или 3 е огромен успех.............Во каква ситуација е Вардар дојде на домашен терен со бод од екипа од село под 1000 жители да бидеме задоволно......
Следното коло со кого играме?
 
Искрено и реално денеска можеме да бидеме задоволни со овој бод.
Уште од стартот кога видов со каква екипа истрчавме на теренот знаев дека одново нема да ги намирисаме трите бода. Полоша одбрана ако имал некој досега во прва Македонска лига јас си ја сечам главава. Централните дефанзивци ни се трагедија, спорти, не успеваат да маркираат, Ристов класика. Значи незнам што слепец ќе беше овој Џони. Гледа дека секој меч истото се случува. Погодете кој не затвори на време за првиот гол???
Повторно кога Ристов оди напред остава голема дупка позади и не е способен да стигне и да затвори. И нормално ни рецнаа гол од 30 метра а голема вина и голманот. Да бев јас тренер, подобро ќе му дадев шанса на Ристов во средината како крило, а за лев бек ќе стаев барем некое побрзо и попошртвувано момче, како што на пример беше Ристовски кој одлично изигра на позицијата десен бек. Досега најсолидниот Бојан Георгиевски денес направи неколку кикса кои можеа скапо да не чинат. Но и рано се повреди а неговата замена Ристовски беше сосема добар и заслужи добра оценка. За средниот ред што да кажам???
Силјановски е еден од играчите на кои треба да сметаме и во иднината. Може нема да добие место во прв состав ама сигурно не треба да го даваме некаде. Главен двигател одново Трипуновски. Игра во рамките на своите можности, и неможам да поверувам дека навистина ја местел утакмицата со Тиквеш. Сите акции идеа преку него но се беше во ракмите на неговите можности. Нападот скоро невидлив. Настевски и Ѓуршевиќ се губеа покрај поснажните и повисоки противниќки дефанзивци. Скоро ниеден пробив не им успеа пошто постојано ги удвојуваа и утројуваа. Тоа е тоа што не убива. Немаме снажен напаѓач кој може да се избутка и да дојде до шанса. Во една екипа со многу посилна средина Настевски и Ѓурѓевиќ би биле одлични и дефинитивно мора да се смета на нив во иднина, али во овој момент кога средината постојано се прескокнува, нивните квалитети се скоро невидливи. Голманот е многу несигурен. Дефинитвно одлично би ни дошол Мартин Богатинов на голот иако никогаш сум немал добро мислење за него.
Да бидеме реални денес освен пеналот и шансата на крајот, ништо друго не прикажавме, така да бодот беше најголемото нешто кое го заслуживме. Големо освежување внесе Василевски и незнам зошто не е стартер овој фудбалер. Се гледа дека игра од срце за Вардар и дека секогаш го остава максимумот, а особено ми се допаѓа што секогаш си носи маица Комити под дресот и е првиот кој доаѓа да отпоздрави на секој меч :icon_cool
Во поглед на засилувањата. Се споменуваат многу имиња но ниту еден од нив не е одбранбен. Реално треба да се задржи Георгиевски како десен бек, другото одма да се менува. Да може сега да изникне некој старец како Зоран Јовановски па никој да не може да не помине :pos:
За следниот меч тешко нас...
И во овој момент Пелистер е за нијанса појак тим, и јас би бил и со бод презадоволен од дербито на Македонија...
 
Најдобро ќе ни биде да се "излуфтираме" во втора, трета или четврта лига, очигледно е дека вака повеќе не оди... Ќе видите на крај од сезона колку ќе бидат значајни оние 3 бода кои дегенот Сетинов ни ги одзема од претходниот натпревар со Турново, само касно ќе биде тогаш. Кога чичо Долрокс викаше дека Сетинов не е способен ни курот да си го држи, а не пак да го води Вардар, многумина ми се смееа и го бранеа "правилниот" потег да не се патува во Турново. Сетинов бил дете на Вардар, го сакал премногу...:lazgo:
 
ЦЦЦЦ, не можам да ја разберам и јас таа одлука да не се патува во Турново. Што ли се се случи ви Вардар последниве години, колку глупости се направија и какви луге продефилираа, просто да се чудиш.
 
Само видете ја лигава, никогаш не била поизедначена, и тоа не поради фактот дека сите екипи се добри, туку дека сите екипи се мизерни, а ние и Пелистер сме најмизерни... Па со 200 000 евра титула се освојува во ваква лига.

Од овој моменталниов состав на Вардар единствено вредат Пандовски, Василевски, Сиљановски, Настевски и Ѓурѓевик и плус можеби уште еден или двајца играчи, сето друго не е ни за во отпад.
 
Само видете ја лигава, никогаш не била поизедначена, и тоа не поради фактот дека сите екипи се добри, туку дека сите екипи се мизерни, а ние и Пелистер сме најмизерни... Па со 200 000 евра титула се освојува во ваква лига.

Од овој моменталниов состав на Вардар единствено вредат Пандовски, Василевски, Сиљановски, Настевски и Ѓурѓевик и плус можеби уште еден или двајца играчи, сето друго не е ни за во отпад.
:aplauz:
А не знам зашто никој не го спомнува и Никанчевски остава добар впечаток не е толку мизерен вреди да остане уште некоја година...
 
:aplauz:
А не знам зашто никој не го спомнува и Никанчевски остава добар впечаток не е толку мизерен вреди да остане уште некоја година...

Тој е во тие +1 или 2 според мене... :) Само видете какви играчи чмаеле на клупaта на Вардар, играчи кои доколку би играле во оваа лига сигурно би биле помеѓу најдобрите...
 
@ Долрокс
Василевски баш и не е некој добар играч. Мислам се бори,дава се од себе ( увек носи и маичка од Комити кога игра ) али не е тоа тоа...
Многу натпревари уназад има промашувано чисти шанси,грешки многу праи ( освен денеска ) дефинитивно не спаѓа у групата на играчи што ја спомна.... :)
 
@ Долрокс
Василевски баш и не е некој добар играч. Мислам се бори,дава се од себе ( увек носи и маичка од Комити кога игра ) али не е тоа тоа...
Многу натпревари уназад има промашувано чисти шанси,грешки многу праи ( освен денеска ) дефинитивно не спаѓа у групата на играчи што ја спомна.... :)

Ако одиме според промашените шанси, тогаш ние не треба воопшто ни да играме фудбал... :) Ние не можеме да НАПРАВИМЕ шанса, а не пак да реализираме... :)
 
do kaj e rabotata so braco za prevzemanje na klubot,ima li nekoj nekoe info?
inace denes ne se decata voopsto krivi,na ovie treba da im se podigne spomenik za blagodarnost...
 
Така, и јас сакав тоа да го кажам, битно ми е да видам дека гинат на терен, дека даваат 110% од себе, резултатот не е толку битен на крај, толку им е силата, Ристовски изигра солидно, позитивно изненаден, Настевски и Ѓурчиновски исто, Ристов не е лош само ќе се сложам со Сајбер дека останува дупка позади, у принцип цела одбрана ни е тапа, а нивниот гол, мислам дека го даде тој обоениот Шулев, беше повеќе среќа него некој голем кикс на нашата одбрана, Настевски имаше два добри удари од слободен, само и тој премногу оптерети со директно шутирање у гол, на крај одлична можност за гол, не се сеќавам кој играч беше само можеше многу погобро да реагиара, предолг фор си даде, јас сум до некаде задоволен од утакмицава, ќе се сложам дека може требаше да земеме 3 бода, ама у иднина ако задржат форма мислам дека може нешто да се смени, уште една утакмица има и после на чика Брацо останува све
 
Само видете ја лигава, никогаш не била поизедначена, и тоа не поради фактот дека сите екипи се добри, туку дека сите екипи се мизерни, а ние и Пелистер сме најмизерни... Па со 200 000 евра титула се освојува во ваква лига.

Од овој моменталниов состав на Вардар единствено вредат Пандовски, Василевски, Сиљановски, Настевски и Ѓурѓевик и плус можеби уште еден или двајца играчи, сето друго не е ни за во отпад.
Цело време излагаат млади деца (на пример вчера детето со исто име и презиме како она што ни отиде во Парма), ама тие не се доволно зрели да го носат тимот без помош на неколку поискусни соиграчи. За искусни не ги рачунам „капитенот“ Чаки, Трипуновски, голманот и слични затоа што тие се со послаб ефект во екипата и од младите. Штета што не останаа Симов, Милевски и Арбен Нухиу. Тие ќе беа од голема помош за клинците во оваа борба за преживување. Да видиме колку ќе се остварат најавите дека екипата до крајот на есенскиот дел ќе се појача со неколку искусни играчи (Мегленски, Стјепановиќ, Илијоски, Савиќ). Да имаме бар каква-таква конкурентна екипа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom