За промена малце денеска бев во улога на семкар и не зажалив за таа одлука.Закаснив 15-20 минути,па не го видов голот на Силекс,ама одма само што дојдов Вардар ги стисна.Имавме шанси и се гледаше дека ќе го примат сељаците и конечно некаде 30 и некоја минута израмнивме.После тоа еден нивен играч излезе 1 на 1 со Маџаровски,ама за среќа промаши.Во второ полувреме тргнавме добро,Настевски ги уби по страна.Имаше 100% шанса на почеток на второ кога шутна покрај гол од 7 метри,а после голот и можеше и убаво да го лобува голманот на Силекс.Типот не ни реагираше многу малце фалеше таа топка да влезе во гол.После тоа требаше и да се досуди пенал за Силекс,но судијата му даде жолт на тој од Силекс за симулирање.Не знам како изгледало тоа на ТВ,ако може некој да каже,но според мене изгледаше тоа како пенал.На крај Трипуновски имаше добар шут од 17-18 метри(дечкото супер изигра денес) и Силекс имаа еден одличен шут од слободен удар.Мислам дека ми застана срцето кога видов како иде топката,но голманот кој ни беше одличен ја одби во корнер таа топка.Заборавив и дека имаа и еден добар волеј овие од Силекс кога одлично интервенираше нашиот голман.Ретко добра утакмица на нашите терени,кој ја гледаше не верувам дека зажалил што ја изгледал.Иначе кои се тие дупките број 11 и 18?Ај тој 18 и нешто направи малку од малку,али се гледа од километар дека е само вол без ич талент,а тој 11 мислам дека не одзема ниту една топка.
Комити денес околу 200,200 и нешто.Навивањето на ниво 90 минути,се на се солидна партија и од нив.