Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Неможе да се очекува некоја невидена форма сега од срана на Вардар , но честито за победата и се надевам дека барам по 1 поен ќе се вади од следните мечеви , а од кои може и по 3
Мора Фудбалскиот Симбол на Македонија да скокне од тоа пеколно дно на табелата мизерна!
 
Abe dresovite drugi bea sea ne se onie od maksport

Абе ти очигледно ни самиот незнаеш што си,па си фураш некој опасен филм ?!

Иначе честито победа,се надевам брзо ќе излезете од тоа калта,па да се крене и нивото во фудбал мислам дека редно време е.Иначе за комити стандард,немам коментар.Честитки уште еднаш.
 
Li Ning, како што носеа пред да носат од MakSport.
Кој знае што е пак работава. :toe:
Камчев си склучил договор со клубот да го снабдува со опрема „Li Ning“ до 2012 година, ама досега немаше никаква опрема од него (поточно си ја собрал откако се повлече летото) и затоа досега мораше да се настапува со дресови од maksport.
 
Абе ти очигледно ни самиот незнаеш што си,па си фураш некој опасен филм ?!

Иначе честито победа,се надевам брзо ќе излезете од тоа калта,па да се крене и нивото во фудбал мислам дека редно време е.Иначе за комити стандард,немам коментар.Честитки уште еднаш.

Ne jadi mn gomna razbra!!! Ic kur da ne te boli tebe jas sto kako
 
Настевски ѕвер невиден.Дефинитивно наш најдобар играч.Иначе овој Ѓурѓевиќ доста голови дава,да не знае некој колку ги има дадено до сега во првенството?
Има 3-4 гола дадено во првенството и уште негде два во Купот мислам. Голем потенцијал се и двајцата, само се плашам да не биде загушен нивниот развој од бразилските „ѕвезди“ на Брацо од Работнички...
 
Има 3-4 гола дадено во првенството и уште негде два во Купот мислам. Голем потенцијал се и двајцата, само се плашам да не биде загушен нивниот развој од бразилските „ѕвезди“ на Брацо од Работнички...

Детево е суво злато, само и јас се плашам да не биде загушен од тапанарине на бркото! Ако се работи правилно со детево и ако има асален договор, за година-две можеме да се опариме од него, само штета што ние нема да ги видиме парите од него. Да беше во Динамо, Мамиќ за некое милионче ќе го шитнеше.
 
Ма во никој случај,пишав и погоре Настевски е еден од играчите што сакам да остане првотимец коа ке дојде бркоњата,не сакам играч како него така лесно да се запостави,јас би се кладел дека за неколку год ке биде еден од подобрите фудбалери во Македонија,иначе што е со Вашингтон со шпекулираше нешто за негово доваѓање колку е сигурно незнам,али ако дојде и он е тек тогаш би имале убиствен напад :vozbud:
 
Вујчиќ плати за брза, а Вардар чека од него итна помош
D83769B6AAC71E4F93DC515D069D5563.jpg

Вардар доби итна прва помош од Слободан Вујчиќ, старо-новиот спонзор на клубот, но не во засилувања на играчкиот кадар, што моментно му е најпотребно на младиот и неискусен тим. Вујчиќ кој се' уште ја чека писмената пресуда од Управниот суд со што и официјално би се вратил во Вардар по пауза од 2,5 години ги намири трошоците од околу 50-ина евра за возилото за брза помош на завчерашниот меч меѓу Вардар и Силекс. Тоа е добар гест, но очекувањата се многу поголеми, а талентираните и млади фудбалери што моментно настапуваат за Вардар апсолутно заслужуваат многу повеќе. Со борбена игра и максимална желба за успех тие го победија Силекс со 2-1, иако тонат во беспарица и тренираат и настапуваат во тешки услови.

- Децата се најзаслужни што Вардар не згасна. Сите треба да добијат награда за максималниот труд и волја со која настапуваат во црвено-црниот дрес - ни рече неодамна Атанас Костовски. Тој со Вујчиќ треба да се врати во Вардар, на местото претседател, според одлуката на Управниот суд во Скопје од 8 октомври. И тоа се одолжи, се' уште нема писмена пресуда, а веќе помина еден месец. За двојно помалку време требаше да се официјализира работата, откако Вардар како клуб не се жалеше на одлуката за враќање на Вујчиќ. Навивачите се нестрпливи да го видат својот миленик на патеките на успехот што полека стануваат далечно минато.

- Вардар има талентирани момчиња, што играат од срце за клубот и е вистински мерак да се гледаат - вели еден постар навивач. Чудно ако се знае дека Вардар има само 6 бода и е претпоследен на табелата, но вистинито ако ги следите натпреварите на „црвено-црните“. Се игра до последен здив, без многу калкулации, а тимот е меѓу најмладите во лигата предводен од извонредните таленти Иван Настевски - Меси, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Горан Силјановски и уште неколку голобради момчиња.

- Подобро е да гледате младинци како играат без калкулации, за гол повеќе, отколку ислужени ѕвезди што не се заинтересирани за фудбал. Треба веднаш да се реагира и да не се дозволи талентите да ни заминат. Итно да им понудат договори на Настевски, Ѓурѓевиќ и останатите за да се задржат во клубот - коментираа навивачите на Вардар.

Вујчиќ беше на натпреварот против извонредната екипа на Силекс, но што виде и дали ќе реагира со вистински потези е енигма. Вардар очекува финансиска стабилизација, атрактивни и полезни засилувања, но и нови методи на работа од спонзорот. Место за алиби веќе нема, а транспарентноста во работата е без алтернатива. Калкулациите од типот „се' уште не е пристигната писмената потврда од судот“ не држат вода, бидејќи Вардар е во опасност од испаѓање и е потребна итна реакција. „Црвено-црните“ никогаш од постоењето на независна Македонија не играле во понизок ранг на натпревари, и се единствени во тој поглед токму со екипата на Силекс кои редовно играат во елитното натпреварување од осамостојувањето. (З.П.)
 
ajde vardareeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee


sea se vidov so golmanot magarovski u moe malo zivee.. za utre so tikves mu vikam zadrzavaj vreme i rogaj celo vreme.. hahahaha
 
Магаровски ! :pos:

Иначе
Сите заинтересирани за одење на утрешниот реванш натпревар од купот на Македонија,помеѓу Ф.К. Тиквеш - Ф.К. ВАРДАР да бидат на стандардното собирно место (железничка станица) во 10:00 ч.Поаѓање во 11:00 ч.

НАПОМЕНА : Поради поприоритетни проекти што следуваат во следниот период,утрешното гостување ќе се реализира со самофинсирање.Цена на превоз (комбиња) 250,00 денари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom