Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не дал оставка камчето...Еве сеа на сител 3 кажуваат за тоа околу матните води за ВАРДАР има емисија...кажаа дека ситуацијата не е повторно решена:nerv::nerv::nerv::nerv:
Се спомиња некој Димитрија Ставиќ некој екс фудбалер воглавно вогат барал влез у вардар....
 
Дај бе веќе тој Камчев нека си иде !!!Не помага ништо во Вардар само сака пари да лапне ај нека се гони веќе
 
Дај бе веќе тој Камчев нека си иде !!!Не помага ништо во Вардар само сака пари да лапне ај нека се гони веќе
Па добро бе има ли уште пари у ВАРДАР?Се лапнаа сетинов и штипки и косилки се продаде?што крадат жити бога...Јасно ми е да сакаат да лапнат пари...Па нека бидат паметни со инвестиција од 500.000 евра квалификации ЛШ ке земеме 700.000 а ако идеме и 2-3 коло натака дупло па ако им се краде нека крадат али вака не знам стварно што крадат...
 
Па добро бе има ли уште пари у ВАРДАР?Се лапнаа сетинов и штипки и косилки се продаде?што крадат жити бога...Јасно ми е да сакаат да лапнат пари...Па нека бидат паметни со инвестиција од 500.000 евра квалификации ЛШ ке земеме 700.000 а ако идеме и 2-3 коло натака дупло па ако им се краде нека крадат али вака не знам стварно што крадат...

major-league-lou-brown.jpg

Сте го гледале филмов? Може е ваква работава... да видиме колку можеме да го понижиме Вардар. Страдале како деца, им набил некој комплекси дека Вардар цело време победува, па решиле да се одмаздат као стари дртала... :)
 
setinov sega glumi spasitel a pred toa sve prodade sto imase uste pomosniot teren da go prodade mu ostana
 
И официјално Орце Камчев си поднесе оставка од Вардар,конечно веќе да си отиде еден од лоповите кој ништо не инвестираа во Вардар!!Вчера во доцните часови ваљда и Благоја Николовски си поднел оставка со што сите делегати сека се префрлени кај Драги Сетинов и Ерол Демир:toe:!!Се очекува од утре да се донесе најпрвин тренер а потоа и неколку играчи,и да се почне со тренинзи!!
 
Сетинов го презема Вардар
* "Може да кажеме дека веќе ја комплетираме документацијата за преземање на Вардар. Орце Камчев го одржа својот збор и онака како што најави денеска ја депонираше својата оставка како колективен член. Се очекува уште потписот на Јовица Николовски, но и таа формалност ќе биде завршена", истакнаа вчера Сетинов и Ерол Демир по состанокот со Камчев
Поранешниот претседател на "црвено-црните", Драги Сетинов, повторно треба да се врати на старата функција во најтрофејниот македонски клуб откако вчера, по состанокот со Орце Камчев, ја доби довербата, но и оставката на петте делегати од првиот колективен член во клубот, "Мода и спорт", со што се дополнува документацијата неопходна за преземање на клубот.
Иако во текот на вчерашниот ден опстојуваше и варијантата клубот да биде предаден на групата околу уште една вардарова легенда, Кочо Димитровски, сепак, договорот на сега веќе поранешното раководство падна со Драги Сетинов и Ерол Демир, кој исто така треба повторно да се врати на функцијата - спортски директор. Меѓутоа, за и официјално да се реализира новата трансформација до вчера во вечерните часови се очекуваше уште потписот со оставката и на вториот колективен член, "ЈН Менаџмент спорт" на Јовица Николовски.
"Може да кажеме дека веќе ја комплетираме неопходната документацијата за наше преземање на Вардар. Се надминуваат сите проблеми, има договор за наше враќање во Вардар, па очекуваме деновиве клубот да стартува со своето комплетно функционирање", ни изјавија вчера Сетинов и Демир по состанокот со сега веќе поранешните раководители.
"Орце Камчев го одржа својот збор, во интерес на ФК Вардар, и онака како што најави денеска ја депонираше својата оставка како колективен член. По оставката на Ванчо Шехтански, кој уште претходно го даде својот потпис, сега се очекува уште потписот на Јовица Николовски, но веруваме дека и таа формалност ќе биде завршена до крајот на денот", дополнија Сетинов и Демир, кои, како што велат, очекуваат од денеска да го преземат комплетното раководство откако ќе следат оставките и на "ЈН Менаџмент спорт".
"ФК Вардар официјално ќе може да профункционира под новото раководство во моментот кога ќе се добијат оставките и од "ЈН Менаџмент спорт' со што ќе може да биде регистрирана промената во Централниот регистар на РМ. Во оној момент кога ќе се добие оставката на Јовица Николовски во истиот момент ќе стартуваат и подготовките на клубот со сите актуелни фудбалери", истакнува Ерол Демир.
Според најавите, стартот на подготовките за новата сезона, со оглед на веќе прекраткиот подготвителен период, можно е да биде веќе денеска или најдоцна утре. Како можни терени за тренинг се спомнуваат игралиштето на "Алумина" или Военото игралиште во Градски парк.
Како што нагласува Драги Сетинов, надминати се и сите проблеми околу исплатата на котизацијата и финансиските обврски на ФК Вардар кон ФФМ, кои се подмирени од страна на новите раководители.
В.Булатовиќ

Нов тренер - Тодоровски или Христов!?
Во очекување на комплетирањето на документацијата и од вториот колективен член "ЈН Менаџмент спорт" на Јовица Николовски, ново-стариот спортски директор на ФК Вардар, Ерол Демир вчера нагласи дека веќе во оптек се размислувањата и околу новиот шеф на стручниот штаб при што во игра се две имиња, поранешниот тренер Ѓорги Тодоровски - Џони, како и тренерот на младинскиот состав Борче Христов.
"Новиот тренер веднаш ќе биде назначаен откако официјално ќе го преземеме клубот. С$ дотогаш тоа е неможно. Имињата кои се во најтесен избор за нов тренер се добро познати. Во секој случај и Тодоровски и Христов ќе имаат свои значајни функции во спортскиот дел на клубот без разлика кој од нив ќе биде на тренерската позиција во сениорскиот тим. Очекуваме во од да се пополнува и играчкиот кадар, па токму поради тоа како начин за запазување на крајот на преодниот рок посакуваме веднаш да се добие оставката и од Јовица Николовски за да имаме мала можност деновиве и за регистрација на нови фудбалери", вели Демир.
 
Значи поубава вест амин....Нема веќе орце нема лоши денови од денеска ВАРДАР во ново светло со нови спонзори...па ајде сега малце околу групата да се фокусираме
По сагата која ја преживеавме со Фк Вардар, конечно дојдоа и малку добри вести за нас, денешната потврда дека Драги Сетинов е нов сопственик на клубот, со неколку цврсти спонзори зад него е дефинитивно нешто што ни дава надеж, па откако сите бевме фокусирани на тоа дали ќе играме во прва лига или не, време е да се фокусираме малку на групата.
Наредна сезона не чекаат доста гостовања, навивачки дуели повеќе од минатата година и секако силен Вардар.
Поради тоа очекуваме максимална посветеност кон клубот и присуство на секој натпревар. Стандардите од европските трибини се повеќе и повеќе ќе ги имплементираме на нашата трибина, како за почеток ве известуваме дека за секој домашен натпрвар ќе се плаќа карта од 50 денари, а за секое гостовање ќе се плаќа 100 денари. Средстват ќе одат во групата и ќе се трошат транспарентно. Секој Комита треба да придонесе својата група е оди напред, а ова е еден начин. Често се случува да има приговори од членовите кога нема кореографија, пиротехника и реквизити поради недостаток на финансии, па еве вака ќе нема оправдување и вашиот придонес за карта ќе биде дел од шоуто што ќе се случува секој натпревар. Со ова применуваме 2 современи методи од навивачкиот свет, од една страна сами плаќаме карта, од друга страна самостојно ги финансираме своите дејствија. Колку пари толку музика !!

Веќе во план е изработка на нови маици, втор број од гласникот Трибина Запад, и многу други новитети кои ќе ги видите на трибина следната сезона.
Веќе овој викенд имаме шанса да бидеме со новиот Вардар, на тренингот кој ќе се одржи, а за поточно време ќе бидете подоцна известени.
Тешкотиите кои ги поминавме нека ни помогнат да станеме посилни, и да покажеме наредна сезона која е БРОЈ 1 !!
 
Конечно!!!
Ајде честито!
Сега повторно да се вратите во елитата очекувам и ... секако... нови светли мигови ! Па следна година овој период да се борите во интернационалните натпреварувања!
 
:cuc:
Фала курцу веќе !!!
Се надевам дека конечно се ослободивме од пијавиците крлежите и другите штетници што ги имаше во ВАРДАР ! :)

п.с Тек сега нема да можам да заспијам :pos:
 
Не знам што сте толку расположени кога уште немам слушнато некои сериозни спонзори кои сакаат да вложат во Вардар...
 
Последните тројца кои се израдуваа на оваа вест (на темава) имаат просечно 15 години. Све ти е јасно колку е ова добра вест. Агонијата продолжува. Поглавје n, Драги Сетинов in charge. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom