Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Во Сабота во 2 се игра Вардар-Милано, сите навивачи во 12 на Фонтана.
Па дојдете да го видиме Вардар во прилично ново издание се надеваме
 
Во Сабота во 2 се игра Вардар-Милано, сите навивачи во 12 на Фонтана.
Па дојдете да го видиме Вардар во прилично ново издание се надеваме
Точно така треба што повеќе да се собереме и да му помогнеме на Вардар коа му е најтешко,иначе глеам сме добиле добри засилувања од М.Ѓ.П тоа е добро значи имаме шанси со овие фудбалери да не играме ни бараж:toe:
 
Дај боже :)
Али не ми се верува. Мислам дека од идна година ќе има допста фузии на тимови, по што би требало Ѓорче да бидат и во втора лига. Имаше најва дека ние ќе се откажеме и ќе се фузираме со една друга еипа, али нема да откривам пошто како и се друго изгледа беше само шпекулација :)
Овде мислиш на Славија, дека имало најава да се фузионира? Не ми се верува да се фузионира со МЃП, по логично би било таа варијанта да е со Локомотива.
 
Илчо и "половина" Македонија ЃП во Вардар

vardar.jpg
Најтрофејниот македонски клуб, сепак, во последен момент сериозно подновен на сите играчки позиции меѓутоа и во стручниот штаб ќе ја бие "битката" за опстанок во прволигашкото друштво.

Актуелниот наш шампион, Македонија ЃП, клубот кој по бојкотот на првенството поради нерегуларното Изборно собрание на ФФМ дефинитивно ќе остане надвор од прволигашката сцена, се одлучи во интерес и на своите фудбалери да им помогне на "црвено-црните". Како што дознавме, покрај претходната најава за трансфер на серија фудбалери од своите редови, во стручниот штаб на Вардар се очекува приклучување и на тренерот на "лавовите", Илчо Ѓоргиоски, а Македонија ЃП е подготвена комплетно и од организациски аспект да му помогне на ФК Вардар.

А, како што најавивме и претходно, од вчера официјално нови фудбалери на Вардар кои ќе бидат на отстапница до јуни се 19-годишните играчи од средниот ред, Иван Настовски и Фахрудин Ѓурѓевиќ, а наредниве денови се очекува докомплетирањето на документацијата за преселба и на уште три големи надежи на "лавовите" и македонскиот фудбал воопшто, 19-годишниот левокрилен дефанзивец Горан Силјановски, 21-годишниот фудбалер од средниот ред Душан Симовски и 20-годишниот напаѓач Никола Јакимовски.

"Не може да зборувам од име на клубот со оглед на тоа што Македонија ЃП си има свое раководство и клупска политика, но може да кажам дека во заеднички договор, во име и на моите клиенти-фудбалери се договоривме Настовски и Ѓурѓевиќ да минат во редовите на Вардар", ни изјави вчера ФИФА менаџерот Јовица Николовски, чии клиенти се фудбалерите кои ќе минат во вардаровиот табор.

"Покрај тие двајца, најверојатно до крајот на неделава ќе има договор и за Силјановски, Симовски и Јакимовски", дополни Николовски.

Според нашите информации, токму поради тоа што поголемиот дел фудбалери ќе минат од Македонија ЃП во Вардар, се најавува во договор меѓу раководствата на двата клуба и Илчо Ѓоргиоски да биде вклучен во активностите на стручниот штаб.


извор македонски спорт
 
Тие од кај нас доагаат само до пролет,ке играат колку да останат у форма,после се вракаат назад кај нас.
Блашко мало морген да стане финансиер на Вардар,нема теоретски шанси да се оствари тоа и нема да се фузираме со ниедна екипа,барем не ми се верува.
Како што кажав и јас, доаѓаат на отстапница а не засекогаш, мада ме интересира дали би играле во општински лиги кај што треба да попљукаат мајчино млеко за да победат:helou:

slavija se zborese za so cementara.

Овде мислиш на Славија, дека имало најава да се фузионира? Не ми се верува да се фузионира со МЃП, по логично би било таа варијанта да е со Локомотива.
Не мислев за фузија на Ѓорче со некој тим туку зборев за Вардар, ако не видовте. Имаше најава дека Вардар ќе се откаже од лигата, со што од идна година ќе почнеме како тим со сосема нови сметки и се остало ((значи од се на чисто), а ќе се фузираме со екипата на ФК Скопје која би влегла во прва лига ако ние се откажеме:wink:
Искрено ми е гајле за Ѓорче, мада вењрувам дека ќе се снајдат и нема да почнат од четврта лига.
И не тресете глупости за Славија. Ќе си остане така :tv:
 
најдобро е да има реконструкција на тревата кога ќе заврши сезоната
горан симов потпиша договор на една година за вардар
доколку васко митрев не успее да потпише за бохемијанс ќе дојде во вардар
 
Ejjjj конечно добри вести, само дај Боже со Пелистер да се игра на Градски.
 
Колку кошта играње на Градски ако некој знае да ми каже?
Зарем во ваква ситуација не би било поислплатливо да играме на некој помал и поевтин стадион?
 
Ке играат на градски , Ајде сите заедно да го поддржиме најтрофејниот клуб во Македонија !!!
Fk_vardar.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom