Jovo Sk-Mk
Е брзо е,брзо е
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 310
- Поени од реакции
- 40
Си отиде Брацо, дојде Трифун. Да те потсетам на хронологијата ако си заборавил. Кажи ми кој вардаров навивач или симпатизер не беше уверен дека тоа е чекор за подобрување на состојбите. Е, сега јебига не искочи како што сите посакувавме, ама тоа веќе не беше во наш домен.
Добро ми е позната хронологијата на настаните, меѓутоа на претходните страници пишав дека свесно нема да ја "елаборирам" во детали.
Што се однесува до Трифун се разбира дека сите очекувавме трофеи на лагер и успеси во Европа, меѓутоа ако се навратиш едно бајаги страници наназад ќе видиш дека во моите очекувања сепак постоеше доза на резервираност. Неколку пати имам пишано дека со такви претумбации во играчкиот какви што се случија во Вардар изминативе 2,5 години едноставно неможе да се очекуваат успеси преку ноќ (па макар и ако сме ги трампале нашите "штрајкувачи" за "најдобриот" состав во лигата).
Е сега начинот на којшто си замина Трифун е уште по шпекулативен. Инцидентот на стража беше по се изгледа однапред изрежирано сценарио од кое што некој си ги реализираше личните замисли, што покажува дека работата уште од почеток не била договорена како што треба!