Ступиќ цел на турски клубови
Најдобриот вардаров стрелец во есенскиот дел од шампионатот, Бошко Ступиќ, е цел на два турски прволигаши. Огромна е веројатноста, согласно и актуелната неизвесна ситуација во "црвено-црните" редови, Ступиќ во јануарскиот преоден рок да замине од Вардар и покрај тоа што постои можност доколку во меѓувреме се најде решение за финансиската состојба на нашиот најтрофеен клуб офанзивецот да остане на "Филип Втори".
Според нашите информации, прволигашите Генчлербирлиги и Газиантеп се клубовите кои изминатиов период го следеа настапот на Ступиќ во македонскиот шампионат најавувајќи можност и за договор со интернационалецот од БиХ. Ступиќ со трансфер во Турција се поврзуваше и во изминатиот летен преоден рок. За услугите на 25-годишниот Ступиќ, кој претходно има настапувано и за босанскиот Леотар, српскиот ОФК Младеновац, како и за кратовски Силекс, отворено заинтересиран е и Работнички.
Уште неколку вардарови фудбалери ја најавуваат можноста за заминување од Македонија. Интерес за Музафер Ејупи постои од германски и швајцарски клубови, нешто слично како и за Оливер Пеев, додека Никола Карчев, најверојатно, се враќа во рускиот Терек Грозни по завршувањето на позајмицата во Вардар. Филип Маџовски е пред трансфер во Виетнам, додека младиот Стефан Ристовски е веќе под силна "опсада" на неколку познати европски клубови. Ангажман на Филип Петров, Марко Костенцовски, Александар Крстески, Марјан Белчев, Менсу Идризи посакуваат неколку домашни прволигаши меѓу кои Металург, Ренова и Хоризонт Турново. Поголемиот дел од "црвено-црните" фудбалер деновиве ја очекуваат разврската околу сопствените барања за добивање раскин на договорите на штета на клуб.
ко хиени чекаат сите од страна да купат некој играч
а од парите од трансферите,Вардар нема ни денар да види
а може и како слободни играчи да си заминат
