Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
I jas sakam da znam:smir:


Според староста, традицијата и нивото на кое што била Победа од нејзиното формирање па се до ден денес.Станува збор за факти а не за инает а Вардар е безконкуренција на прво место.
 
Заврши голготата на Костовски во Вардар
Главниот спонзор на „црвено-црните“ крена раце од клубот кој одново е грогиран


Трифун Костовски крена раце од ФК Вардар и најпопуларниот македонски клуб одново преживува тешки моменти. Главниот спонзор на „црвено-црните“ во последната година, Костовски, завчера како што вели донел конечна одлука повеќе да не го финансира клубот.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4289D49B4330524B806C8FB14EFBBCD9


Готово е спортот полека згаснува во мкд. И сега ко је крив за оваа ситуација?
 
abe trifun mozebi ke bide sponzor na K.K. RABOTNICKI taka se sunja neso ne me fakajte za zbor a za vardar ke cekame da vidime sto kako ke bide mora da se najde neso nemoze vaka da se produzi ZALNO E!!! :(
 
Ако го остави Вардар за да влезе во работнички нека му служи на чест.
 
Ако го остави Вардар за да влезе во работнички нека му служи на чест.

А мислиш него многу го боли за фудбалот и општо за спортот во мкд ? Кај можи да испери пари таму оди. Беше во Кометал , Пелистер во ракомет. Работнички , Вардар фудбал. Еве слушам сеа во некој кошаркарски клуб ќе влегва... Го зема клубот , инвестира колку толку .. пери пари .. заминва .. го уништува.
 
Е јебига,сеа најголемите спортски брендови во кошарката и фудбалот се без спонзори. Почна да се уништува спортот во Македонија
 
За жал знаев дека ова ќе се случи...од кога го зема секој ден се туфкаше кога ќе си оди,па се врати па :tapp: пишав и предтходно...дали има маж што може да го земе нашиот фудбалски бисер?
 
ЈБГ додека државата не направи услови за да има спорт нема ни да има добри финансиери овој уште од почеток предвидував дека е тешко педерче и нејќев да влезе во вардар ама влезе и не дозаеба ! Мора државата да превземе некој чекор за да предизвика вложување во спортот во Македонија на пример инвеститорите во спортот да ги ослободи од плаќање на данок и на други давачки штознам мислам дека еден таков чекор би бил добар потег и за некој спонзор со големи давачки повеќе би му се испаќало да профитира и ос спорт а да нема давачки. многу ми станува тапа кога ќе слушнам лоши вести за Вардар од кога дојде костовски се кладев со еден другар дека нема да отидам на утакмица и неотидов педер е тој цццц се по список.....
 
Не ми е јасно зошто сите клубови (Србија, Хрватска, Бугарија ...) да работат со ќар, а само нашиве да немаат спонзори, а и тие што имаат спонзор да викаат дека спонзорирале од љубов, демек ич пари не им се враќале?? :toe:
Тоа е затоа што сите сакаат за година или две да си ги вратат парите. Е нема така. Ќе инвестираш, ќе создаваш фудбалери, па после ќе собираш пари.
Раководството на Вардар треба да најде начин како да го приватизира клубот. Да се знае кој дава пари и кој ќе зема пари.
Пред некој ден Трифун кажа неколку паметни работа за Вардар, една од нив е дека Вардар најтрофејниот клуб, нема свое игралиште. Тоа што е позади Исток, ќе го снема кога ќе се шири стадионот. До пред некоја година немаа ни службени прстории. Под кирија беа, и стално се селеа. Личи ли тоа на најтрофеен клуб?
Вардар како бренд уште вреди нешто на овие простори, ама како стопански субјект (актива, недвижнини ...) е рамен на нула. Жално.
 
Се чини дека и ова лето ќе биде за нигде за Вардар.
 
Викендов во Скопје, Кичево и Дојран се одиграа полуфиналните плеј-оф дуели во пионерска, кадетска и младинска конкуренција

Во кадетското финале ќе играат Македонија ЃП и Тиквеш Национал. Ѓорчепетровци беа подобри од Силекс и го совладаа со убедливи 5:1, додека Тиквеш Национал во завршницата се најде по пенал рулетот со Шкендија. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а екипата на Тиквеш Национал по изведувањето на ударите од белата точка беше подобар за еден гол и славеше со 5:4.

Во младинска конкуренција за шампионскиот пехар ќе се борат екипите на Македонија ЃП и Вардар. Во Кичево младата екипа на Ѓорчепетровци им одржаа лекција по фудбал на младиот погон на Работнички. Во текот на целиот меч Македонија ЃП беше подобар противник и оствари убедлив триум од 5:0. Во второто полуфинале што се одигра во Дојран, Вардар со минимални 3:2 ја совлада Ренова.


ФИНАЛНИТЕ СРЕДБИ ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА

КАДЕТИ

Македонија ЃП - Тиквеш Национал
Скопје ( утре) 16. 06. 2009 во 15h 30 min (Арена Филип II)


МЛАДИНЦИ

Македонија ЃП - Вардар
Скопје ( утре) 16.06.2009 во 17h 30 min (Арена Филип II)
 
site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=468x60&PagePos=1

ДЕНЕСКА КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ СО КОЛЕКТИВНИТЕ ЧЛЕНОВИ ОКОЛУ НОВИОТ СПОНЗОР НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ
Вардар добива нов финансиер
* "Имавме неколкукратни разговори со членовите на Собранието, при што јасно и конкретно ги изложивме нашите планови и визии за Вардар", вели претставникот на новонајавениот финансиер, Драги Сетинов
Колективните членови од Собранието на ФК Вардар, "Мода&Спорт" и Иницијативниот одбор за спас на клубот, денеска треба да го дадат одговорот околу влезот на новонајавениот финансиер на најтрофејниот македонски клуб по заминувањето на досегашниот, Трифун Костовски.
Домашна компанија чиј ударен преговарач за влез меѓу "црвено-црните" е поранешниот вардаров ас, Драги Сетинов треба да го преземе финансирањето на клубот доколку денеска успешно се финишира со преговорите. Веќе неколку денови во тек се интензивните разговори меѓу претставниците на финансиерот во најава со претставниците на собраниските колективни членови.
DA3062E6F82CE84697C19534760907C6.jpg
"Се работи за компанија од Скопје, чија желба е да го преземе носечкиот финансиски збор според досегашниот принцип на функционирање и на претходниот спонзор. Имавме неколкукратни разговори со членовите на Собранието, при што јасно и конкретно ги изложивме нашите планови и визии за Вардар. Останува уште еден состанок по што го очекуваме одговорот околу влезот во ФК Вардар", вели Сетинов кој со новиот финансиер би бил на една од раководните функции во клубот задолжен за спортскиот дел.
"Сметам дека доста веќе многуминаа добиваа, земаа од Вардар. Време е да видиме сите ние што можеме да му дадеме на Вардар. Во таа насока е намерата конечно клубот да застане на здрави нозе", дополнува Сетинов.
Претседателот на "вардарци", Бојан Захариев потврдува дека засега домашниот инвеститор со кој се водат преговорите во моментов е единствениот конкретен со желба за реално здраво преземање на клубот.
"Значајно е најпрво утре успешно да се заокружат преговорите со новиот финансиер. Важно е да се затвори основната финансиска конструкција па веднаш потоа ќе продолжиме со докомплетирање на маркетинг тимот и кроење на буџетот и тимот за престојната сезона", ни изјави вчера Захариев.
Претходниот финансиер на "црвено-црните" Трифун Костовски изминатата недела и официјално по само една година на "Градски" поради финансиски причини замина од Вардар. Стартот на подготовките на тимот е закажан за 22 јуни, меѓутоа до тогаш треба да биде конструиран новиот финансиски и организациски изглед како би се стартувало со 'акцијата' за задржување и дополнување на постоечкиот играчки кадар.

Преговори околу распределбата на делегатските места
И изминатиов викенд беа реализирани преговори со колективните членови на Собранието на Клубот. Последните разговори со претставниците на Иницијативниот одбор за спас на Вардар и со навивачите, по кој треба да следи дефинитивниот одговор, се околу распределбата на делегатските места во Собранието.
Новиот финансиер како и претходниот спонзор сосема очекувано бара 15 делегатски места од вкупно 29-те во Собранието, додека и натаму во Вардар како колективни членови би останале "Мода&Спорт" на Орце Камчев и Иницијативниот одбор за спас со по седум делегати.

Не смее веќе да се одолговлекува
Судбината на "вардарци" за сезоната 2009/2010 неизбежно мора што поитно да биде решена. Не смее да се дозволи повторување на случувањата во јануари и февруари оваа година, што е потенцирано и од страна на претставниците на евентуалните нови финансиери.
"Токму во таа насока се и нашите интенции. Затоа инсистиравме на договор или одговор во текот на денешниот ден како клубот подготвен би ги стартувал активностите во спортскиот дел пред престојната сезона", вели Сетинов.

СЕЌАВАЊЕ НА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР ОД 1987 ГОДИНА
Далечни се титулите...
На 14 јуни 1987 година Вардар по натпреварот со Динамо Загреб во Загреб се закити со единствената своја шампионска титула во рамките на натпреварувањето во поранешна СФРЈ.
По 22 години, пратејќи ги ситуациите во кои е западнат најтрофејниот македонски клуб последниве години, а ако се знае дека и последната од петте титули во независна Македонија е освоена во 2003 година, останува само сеќавањето на пехарите во "црвено-црните" витрини.
Единствениот ех-ју трофеј генерацијата на Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Најдоски, Станојковиќ, Петров, Џипунов, Рингов, Бабунски, Грошев, Симоновски, Лазаров, Аврамовски, го освои во сезоната 1986/87 по административен пат откако поради нерегуларно местење на натпревари им беа одземени бодови на Партизан, Црвена Звезда, Вележ, Риека и на уште пет клуба од Првата лига. Па, на 15 јуни 1987 година ФК Вардар официјално ја прослави шампионската титула.
 
Кој е тој нов инвеститор? Има некој нешто наслушнато? Ајде форумџии, малку информации од терен дајте. Не само copy-paste на статија од некој весник. :smir:
 
Бојан Захариев го одбил Драги Сетинов за нов спонзор бидејќи нудел само 150.000 евра за влез во Вардар.Сега пак од почеток ниеден кандидат за спонзор нема:toe:
 
Бојан Захариев го одбил Драги Сетинов за нов спонзор бидејќи нудел само 150.000 евра за влез во Вардар.Сега пак од почеток ниеден кандидат за спонзор нема:toe:

Во истата статија пишува дека на Вардар му требале „најмалку 600.000 евра со што стабилно низ престојната сезона би се атакувало на македонскиот врв“

Кај нас има бизнисменчиња што во секој момент од џеб може да извадат по 50-60.000 евра. Особено кога е Вардар во прашање? Нема да одбијат. Не знам зошто упорно се бара еден финансиер, кој секогаш ќе се плаши сам да влезе во толкава зделка.
А кој е Бојан Захариев? Знам што е во Вардар, ама не знам што работел порано. Од неговата способност да најде спонзор зависи Вардар???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom